Завршува ноември, доаѓа веројатно најхаотичниот декември. Соберете сила, читајте кликајте и спремете се за кафани, слави, прослави и сл. Време е за нов #ПрегледВоПеток. 🙂
COPPA законот vs. YouTube креаторите
Во минатиот преглед во петок спомнавме за новите промени во содржината за деца на YouTube и за тоа дека сите креатори ќе мора да обележат дали нивната содржина е соодветна за деца или не. Зошто е ова битно? Ако не го направат тоа, алгоритмот на YouTube ќе го направи наместо нив и големи се шансите алгоритмот да направи грешка.
Сите сме свесни дека децата гледаат YouTube видеа преку дозвола од родителите (parental controls), но Google нема начин како да контролира кој е пред екранот – родител или дете. Затоа FTC бараше од YouTube целата содржина за деца да биде или остранета од платформата или соодветно обележана. Многу нормално YouTube го избра второто и сега бара од сите креатори да ја обележат својата содржина со made for kids или not made for kids.
Во секој случај, предложеното решение е страшно лошо. Пред се, COPPA законот е наменет да ја заштити приватноста на децата на интернет и не ми е јасно како креаторите кои прават содржина за деца го прекршуваат овој закон. Уште еднаш се покажа дека креаторите за YouTube се само потрошна роба, дека им е многу побитно да си ја заштитат компанијата отколку да најдат соодветно решение за ситуацијата.
Снема Facebook и Instagram ама има апликација за креирање мемиња
Се извинуваме за привремениот прекин
Сигурно примети вчера дека некаде од пладне па до вечерта Facebook и Instagram се мачеа со вчитување и објавување на содржина. Дали американците ги преплавија мрежите со објави за Thanksgiving или што, во централна Европа беше најлошо. Хаштагот #InstagramDown беше најпопуларен во Велика Британија.
Whale, апликацијата на Facebook за креирање мемиња
NPE тимот на Facebook направи уште една апликација, Whale – за креирање мемиња. Whale им овозможува на корисниците да “декорираат” слики со текст и стикери со цел да креираат мемиња што потоа можат да ги споделат или да им ги испратат на пријателите. Апликацијата е бесплатна и моментално достапна само за корисниците во Канада.
Сè што треба да знаеш за Keyword Research
Истражувањето на клучни зборови е критичен дел од секоја SEO стратегија. Клучните зборови се врската помеѓу веб страната и пребарувачот. Тие се тие што му помагаат на пребарувачот да идентификува какви информации има на твојата веб страна и колку е релеватна кога еден корисник пребарува одреден збор или фраза.
Шансите да се појавиш на SERP се поголеми ако ја оптимизираш веб страната за правите клучни зборови. Но има стотици опции кога станува збор за кои клучни зборови да ги земеш во предвид. И како да знаеш за кои да оптимизираш? Keyword research.
Webdesigner Depot направија супер статија во која објаснуваат што се клучни зборови и зошто е потребно да ги истражиш. Топло ти препорачувам да го ѕирнеш линкот. 🙂
Комплексните резултати од пребарувањето прават Pinball Pattern
Деновите кога Google прикажуваше едноставна листа од 10 сини линкови запакувани со URL и текст, се далеку зад нас. Денес резултатите од пребарувањето (SERP) се многу покомплексни.
Изгледот на SERP постојано се менува, а тоа влијае врз начинот на кој луѓето пребаруваат на интернет. Денес вниманието на луѓето е дистрибуирано на самата страна и резултатите ги процесираат понелиенарно од порано. Имаме толку многу отскокнувања од еден елемент до друг на една страна што може да се постави нов шаблон за процесирање на SERP – the pinball patern.
Кај овој шаблон корисникот ги скенира резултатите од пребарувањето на нелинеарен начин и отскокнува од еден до друг резултат. Тоа е така затоа што денес резултатите не вклучуваат само линкови, туку и слики, видеа, па дури и интерактивни функции. Затоа, ако има смисла за твојата содржина, размисли за вметнување на некој од нетрадиционалните SERP функции.
Што е податочна писменост и зошто организациите инвестираат во неа
Податочна писменост е способност за читање, пишување и комуницирање податоци во даден контекст, вклучувајќи и разбирање на податочни извори, аналитички методи и користени техники – и способноста да се опише нивната примена и вредност.
Дефиниција според Гартнер
И покрај тоа што голем дел организации го признаваат значењето на податочната писменост, се уште постојат бариери за отклучување на оваа способност – вештините (или немањето вештини) како една од најголемите. Според извештајот Skills of the Modern Marketer на Econsultancy, 13% или помалку од испитаниците се гледаат себе си како експерти за стратегија, податоци и мерење резултати.
The Data Literacy Index исто така покажува дека предизвиците со управувањето на податоци постојат поради начинот на кој организациите ја перцепираат важноста на податочната писменост и нејзината примена.
Econsultancy напишаа одличен пост во кои зборуваат за што е податочна писменост, колку е важна во работата и кој сè инвестира во неа.
Во потрага по едноставноста
Секој ја перцепира едноставноста различно и ја гледа од различна перспектива. Ако комплексноста бара ред преку додавање работи, едноставноста бара ред преку одземање работи.
За некои луѓе комплексноста е едноставност, а за други е обратно. За да направиш добар дизајн треба да знаеш која е твојата таргет публика за да направиш баланс. Дизајнот треба да биде доволно едноставен за корисниците да можат да извршат акција и брзо да добијат информација за возврат.
OK boomer
Сигурно си го видел мемето “OK boomer”, а ако не, тогаш мора да си бумер. Станува збор за меме кое е приказ на разговорот помеѓу младите и старите. Нешто од типот “во мое време” само што сега тоа време е 50 години во минатото и многу работи се сменети. Помладите се осудувани од постарите за нивните постапки, но немаат енергија за расправање и разговорот завршува со OK boomer.
Мемето доби на популарност изминативе недели благодарение на TikTok, но фразата “OK boomer” може да се види уште во 2015 на 4chan каде анонимни корисници ја користеле кон други кои се однесувале како да се “out of touch”. Многу бумери мислат дека мемето е за остарување и дека на младите им се дозволува премногу. Но всушност е за падот на економијата, еколошките катастрофи и општо, дека луѓето не сакаат промени.
На крајот, дебатата за “OK boomer” е само уште една бесконечна парада од идеологични дебати на интернетот во кои двете страни не се ни слушаат.
Бонус линкови
- 30+ SEO Stats from 2019 to Guide Your Strategy in 2020
- Global Design Survey 2019
- Norwegian banknotes: Original design and main concept
- Warner Bros. brand identity
- Snickers goes viral with #SnickersGate prank
Толку за денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.
Се читаме во следниот преглед во петок. 😉