Одамна немав гледано видео вести на локалниве онлајн сајтови. Ама изгледа време ми било 🙂
Се стаписав кога видов дека имаме нова телевизија „у град”. Уште една. Се вика НетпресТВ. Е сега, малку официјален продуцент им е YouTube, ама ај, изглeда штедат.
Да се има видео на сајт со вести, денес значи многу. За разлика од состојбата oд пред некој месец локалната практика малку се подобрува, но пред да се направи таков исчекор треба да се имаат на ум неколку работи:
Прво YouTube не е најпрофесионалниот интерфејс и сервис кој се практикува од страна на сериозни креатори на содржина, за ич или мали пари има сервиси кои нудат и брендиран плеер со одлични опции.
Второ онлајн видео вести не се исто што и тв вести.
Трето потребна е адаптација на останатите елементи од сторијата. Несоодветниот дел е што новинарите воопшто не го преработуваат/адаптираат својот текстот за да го инкорпорират видеото во целата вест, пример е веста за акциите на МВР. Потоа ставаат видео клипови кои се во сопственост на други медиуми без дозвола и без никаков превод и адаптација. Пример е веста за немирите во Мумбаи каде има 10 минути прилог од BBC.
Јас секогаш фаворизирам бавен, но сигурен развој на нештата, сакам тие да бидат поставени на цврста основа и да не бидат резултат на инцидентна креативна идеја која на долг рок ќе покаже дека била „лабаво“ поставена. Видео вестите на интернет според многу различни истражувања покажуваат се поголем раст. Но не треба по секоја цена да се рипне на првиот вагон. Барем ја така мислам. Не знам за Нетпрес. Тие имаат ексклузивни снимки, јас немам 🙁