Е вака се прави тоа. Немам доволно комплименти и позитивни критики за да можам да ви опишам какви чувства предизвика кај мене кампањава. Едноставна идеја, направена на вистинскиот начин. Кога ќе налетам на вакви кампањи повторно си се вљубувам во професијата :). Пред да ве оставам сами да уживате во оваа студија на случај, да наведам неколку причини зошто толку ме воодушеви кампањава:
- Не измислиле топла вода; земале веќе видена идеја и ја реализирале на правиот начин;
- Мислеле само на корисниците, т.е. направиле корисниците да чувствуваат дека овој проект е нивни, а не на брендот;
- Успеале да си ја монетизираат идејата (во пари, не во број на фанови);
- Се што имам понатаму да кажам, си кажале сами во видото.