НВО активности

Што значи лоша навика. Се навикнав сите дневни информации да ги добивам преку мојот rss feed и сега секој сајт што нема feed едноставно заборавам редовно да го посетувам.

НВО Инфоцентарот (т.е. нивниот сајт) е еден од нив. Затоа за да надокнадам еве две вести од пред една недела кои се поврзани со медиумите.

Е – ЈАВНА ДЕБАТА
Во организација на Младински oбразовен форум утре (петок, 24 ноември), во Вавилон центарот во општина Карпош, со почеток во 16.30 часот, ќе се одржи јавна дебата за средношколци на тема ’’Големите американски компании треба добијат бенифицирани услови при инвестирањето во Македонија (за/против/визии)”.
Овој настан претставува само дел од серијата проекти кои се организираат во раките на светската иницијатива “The People Speak’’ поддржана од „Обединетите Нации“, во чија реализација освен Македонија се вклучуваат уште 40тина земји ширум светот.

Настанот е поддржан од Интернационалната дебатна едукативна асоцијација [IDEA], а неговата реализација не би била возможна без помошта од партнерите на МОФ: интернет провајдерот Он.нет, MkConnects и Дигитал Медиа, кои работат на промовирање на серијалот од четири јавни дебати преку интернет. …НВО Инфоцентар

Студентите учат за етичките стандарди и говорот на омразата во медиумите
НВО Инфоцентарот, секоја среда и петок, организира работилници за етичките стандарди и говорот на омразата во медиумите, за студентите од втора година, на Студиите по новинарство, на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Работилниците се одвиваат во рамките на наставниот предмет „ Комуникациски теории“ и студентите за своето активно учество добиваат соодветен број кредити. …НВО Инфоцентар

Навистина интересни, и се надевам корисни проекти. Само мислам дека нивната презентација не е доволно јака, би требало за вакви работи да се фалиме повеќе 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment НВО активности

  1. Perlengkapan bayi 21/11/2012 at 08:52

    Wow, wonderful blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your website is excellent, let alone the content!. Thanks For Your article about НВО активности | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.