Замислете насловите и најавите на нашите медиуми биле манипулативни.
Медиумите ги користат насловите и најавите во функција на „оптички магнети“, за привлекување и задржување на вниманието на публиката, но и за сугерирање мислење или заклучок за личности, политики состојби, процеси или институции. повеќе
Ова е еден од новите заклучоци до кои стигнале истражувачите на Македонските медиуми. Секако во извештајот се повторуваат и наодите од претходните два извештаи, што може да наведе на два (неосновани) заклучока
1. Промените на медиумите се одвива толку споро што одавај се забележува на месечно ниво, или пак воопшто не се случуваат промени.
2. Кредибилитетот и упорноста на истражувачите никој не ја смета за релевантна и веродостојна па затоа и медиумите МУВА не ги лази што некој вели дека не работат како што треба.
Во секој случај оваа новава констатација со насловите верувам дека не настанала овој месец туку дека е подолга пракса. Рака на срце па и улогата на насловните целини е да привлечат читатели. (претходна објава) Замислете колку би биле досадни рекламите за кредити и останати производи доколку немаат атрактивни слогани.
Оттука може да претпоставиме кои други работи не ги бива уште веднаш кај нашите медиуми па да чекаме некое од следниве медиумски огледала низ емпирија да ни ги прикаже. Но мислам дека така нема да се постигне ништо. Едноставно некој ќе има на што (на кое истражување) да се повика и толку.
И волкот сит и овците на број, а МЕДИУМИТЕ исти кави што биле и пред тоа.
Извор:НВО Инфоцентар, Медиумско oгледало (извештај за октомври PDF 457KB)