Возбудлив ден, мислам за вчерашниов. Јас со пола сили се обидував да ги следам вчерашните емисиите на МТВ и Светла точка на Сител. И после нив се мислев дали денес да пишам нешто во врска со нив или не. Ама кога разгледав низ блогосферава дека се рчнале еден куп теми директно или индиректно сврзани и со темите во овие емисии, одлучив дека пост МОРА да има.
Физичарите би го нарекле ефектот на пеперутката, не знам колку може да биде тоа оправдание за овие ситуации ама вчера во Светла точка (се надевам дека во следниве неколку денови на Секој Ден, ќе го ставан транскриптот) една кратка и директна изјава на премиерот беше лоцирана како директен фактор на актуелизирањево на овие теми, темите околу новинарите, медиумите, корупција, слобода на говор и сл.
Немам намера да ги анализирам емисиите, туку само сакам да истакнам дека емисијата на МТВ мене ми се допадна 100 повеќе од Светла точка. Една од причините зошто е тоа така беше кажано токму од еден од гостите на МТВ. Не се сеќавам точно кој беше но констатација одеше вака: Сефте некој да направи емисија за новинари во која не се само новинари гости. Во спротивно се се сведува на тоа дека новинарите можат да ругаат кого сакаат (доктори, професори, политичари итн) а кога некој од овие ќе ги руга нив тоагаш веднаш станува збор за нарушување на слободата на говорот, притисоци, корупции и останати слични работи.
Мене ми е нејасен еден феномен. Медиумите, де факто ја поставуваат агендата на целокупната јавност во државава. Се разбира помоќните им ја поставуваат агендата на помалку моќните. Како тогаш може тие толку моќни медиуми да дозволат една реченица кажана од страна на премиерот (политичка минлива функција) да ги стави нвната професионалност, компетентност и аналитичност (доколку ја има) во ситуација каде тие меѓу себе си вадат очи.
Едноставно мислам дека покрај корумпирани треба да воведеме и уште една категорија на новинари. Новинари војници. Не е ништо ново, многупати сме биле сведоци како новинари меѓусебе си вадат очи во име на нечии други (туѓи) (политички) интереси.
За да не ги спојувам низ постов, еве ги дискусиите низ блогосферава кои се одвиваат деновиве: (мојот став го има на некој од нив 🙂
.аНТИ – Нешто против корупцијата кај новинарите
.аНТИ – .аНТИ Vs ТВ
Јован – Кривична со кривична се избива
Мијалче – Ставив банер, дали сум корумпиран