159 #ПрегледВоПеток – #комкаст, Adidas metaverse, Spotify Wrapped, Meta crypto ads

Уште една нова епизода на #комкаст и тука може слободно да го завршиме прегледот, ама не, ќе споделам уште неколку интересни работи…

#комкаст со Борче Ѓорѓиевски – раководител на контакт центарот на А1 Македонија

Излезе и втората епизода од новата сезона на #комкаст, во партнерство со А1 Македонија и прв гостин како што е редот ни е Борче, инаку наш долгогодишен соработник и пријател! Борче е еден од ликовите кои ги имаат искусено сите фази и промени на комуникацијата со корисници, преку телефон, мејл, социјални мдиуми, па во последно време и вештачка интелигенција преку роботи, и има неверојатно искуство во овој сектор. Долго ќе го паметам како одличен професионалец и човек со кого ти е мерак да работиш. Во новата епизода на #комкаст на долго и широко со Дарко зборуваат за искуствата со новите начини и технологии за грижа на корисници. Уживајте!

Првиот влез на Adidas во метаверзумот најверојатно ќе вклучува NFT

Зошто да следиш еден тренд, кога ти се може да следиш и два? Adidas во соработка со Bored Ape Yacht Club, збирка на Bored Ape NFT на блокчејнот Ethereum, влегува во метаверзумот со „бунтовниот оптимист“ мајмун Индиго Херц (прикажан на насловната форографија).

Adidas не ни открива многу за претстојните активности, но велат дека ова е „хинт за она што следува“, истакнувајќи дека NFT ќе им даде шанса на корисниците на метаверс да поседуваат дел од она што го направиле. Компанијата ги охрабрува корисниците да ја користат нејзината апликација за да откријат повеќе за она што следува. Во апликацијата исто така доделуваат токени на долгогодишните и лојални корисници кои ги охрабруваат да ги чуваат, повторно за она што следува.

Многу мистерија на едно место, но ваквиот потег на Adidas секако не е изненадувачки. Ќе си искористат два технолошки трендови одеднаш и, се разбира, ќе си уживаат во сиот публицитетот што следи. Сепак, значајно за брендот е што ќе ги прошири своите модни и уметнички амбиции и во дигиталната област. Ако метаверзумот на Adidas и Nike се покаже успешен, сигурна сум дека сите светски брендови нема да изостанат да го следат примерот, a веќе почна Balenciaga.

Spotify Wrapped 2021 доминира на социјалните медиуми

Ако не сте забележале ниедна споделена плејлиста, тогаш живеете во пештера. Сите, буквално сите корисници ги споделија своите најслушани песни и албуми насекаде. За Spotify, Warpped секоја година им е еден вид прослава цел месец затоа што буквално доминираат на социјалните медиуми.

Оваа година, Spotify посвети малку повеќе внимание на дизајнот на Wrapped и корисниците може да си изберат однапред како ќе ги споделат своите листи, и плус, за прв пат, овозможи директно сподлеување на TikTok. Се чини дека годинава конкурентите Apple и YouTube ја губат битката со year in review, па дури и самите корисници на Apple Music овој период од годината посакуваат да бидат Spotify корисници.

SEDC стипендии за девојки и жени од ранливи категории за подобрување на дигиталните вештини

Доколку имате до 29 години и не сте вработени, Сеавус Едукативниот и развоен центар Ви нуди можност да ги унапредите своите дигитални вештини и да ги подобрите вашите квалификации за вработување преку субвенционирана академија за дигитален маркетинг.

Сите девојки и жени кои спаѓаат во оваа категорија, а предност ќе имаат тие што живеат надвор од Скопје, ќе можат да аплицираат за четиримесечната онлајн академија. Сеавус Едукативен и Развоен Центар заедно со RECONOМY покриваат 80% од вкупната школарина. Остатокот од школарината во износ од 270 евра (во денарска противредност) учесничките ќе имаат можност да го исплатат на рати најдоцна до 1 декември 2022 година. Апликацијата за академијата е на следниот линк.

Meta со нова политика за реклами со криптовалути

На 1 декември, Meta (уште ми е чудно да не го викам Facebook) објави нова политика за рекламите со криптовалути, што на големо ја отвора вратата за повеќе крипто огласувачи на нејзините платформи.

We’re updating our eligibility criteria for running ads about cryptocurrency on our platform by expanding the number of regulatory licenses we accept from three to 27. We are also making the list of eligible licenses publicly available on our policy page.”

Meta

Со овој потег сега повеќе крипто компании можат да објавуваат реклами на нејзината платформа, што ќе обезбеди проширена можност за признати крипто провајдери да ги промовираат своите производи, а истовремено ќе ѝ овозможи на Мета да заработи повеќе пари од крипто рекламите. Дали е ова добар потег, останува да видиме. Крипто-пазарот созрева и сега има многу пошироко признавање на криптовалутите како легитимен начин на плаќање. Но, тие исто така не се поддржани од повеќето финансиски регулатори, што исто така носи ниво на ризик во таквиот процес.

Бонус линкови

Се читаме следен петок…

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.