112 #ПрегледВоПеток

Добро утро,

Петок, кафе, #ПрегледВоПеток …you know the drill!

Го пишувам овој прв преглед во декември и сфаќам дека до крајот на годината преостанува уште неполн месец. Па почнуваат да ми недостасуваат оние Best Top 10 на радио од најдобрите хитови во изминатата година што се вртат на секој час од 1ви до 31ви. (сигурно ги има и сега ама не слушам радио). Затоа ја кревам еуфоријата за одбројување на најдобрите реклами од годинава, новогодишните маркетинг планови на компаниите и предвидување на трендовите за следната година.

Buckle up 🙂

Најдоброто за крај на најлошата 2020

Веќе ти е украсена елката признај 🙂 И можеби стави и празничен венец на врата и го преплави домот со мали декорации и секако направи место за божиќното цвеќе….Не си единствен/а верувај!

Годинава повеќе од кога било е потребна празнична магија. Целиот свет се соочи со година која како да беше режирана од некој второкласен режисер во кој се случија мал милион кризи за да те убедат дека ептен ама ептен е крај на човештвото какво што го знаеме. Ова е моментот кога брендовите настапуваат на сцена со своите емотивни и срцепарателни реклами што веднаш те претвораат во добро, љубезно, среќно и спокојно човечко суштество…Ummm ok…

Она што ги прави различни овогодишните празнични кампањи од останатите години е фактот дека сите се фокусираат на лошите искуства во годината, на сите промени што нѐ снајдоа и на сите компромиси што требаше да се направат. За на крај да се појави баш она чоколадо, пијалок или модел на Playstation и светот да се спаси. Сега всушност и ми е малку криво за fail-от на Кајли Џенер и Пепси.

Се чини дека крајот го краси делото а за ова зборуваат и бројките:

  • Twitter бележи 59% повеќе импресии за твитови поврзани со празниците отколку во 2019
  • Се предвидува дека онлајн корисниците во САД ќе потрошат повеќе од $190B на празничен шопинг што е за 35.8% повеќе отколку во 2019
  • Годинешните Black Friday и Cyber Monday бележат 39.6% поголем шопинг на празнични подароци отколку минатата година

Останува прашањето “Од каде ви пари бе?„

А сега дозволете ми да престанам со хејтот и да ве почастам со убава среќна празнична реклама за 2020.

25 social media трендови што се предвидуваат за 2020

Крајот на годината значи и ревидирање на сопствените постапки. Што си направил добро а што погрешно и што е она што треба да го поправиш. Но една лекција што мислам дека нѐ научи сите вклучувајќи ги и брендовите е: АДАПТИРАЈ СЕ!

Некои од социјалните платформи го увидоа ова на време и пробаа да ги сретнат потребите на своите корисници со промени и развој на нови идеи што ќе ги држи вклучени и интерактивни. Ова беше особено важно за нив затоа што социјалните канали станаа единствен допир со остатокот од светот.

Затоа, поучувајќи од оваа 2020, еве дел од предвидувањата за тоа што ќе се случува во најголемите компании во светот на социјалните мрежи:

Facebook – Најголемиот дел од времето, Facebook ќе го посвети на развивање на делот со е-трговијата. Новиот начин на шопинг е мноогу полесен како за корисниците така и за брендовите. Па ова е нивен фокус во 2020. Покрај ова, ги спомнуваме и спојувањата на месенџер каналите со Instagram, промената на алгоритамот и лансирањето на AR наочарите.

Twitter – Ништо посебно не се случува кај стариот шмеќер Twitter но, ајде да му дадеме шанса. За следната година се предвидуваат неколку минимални промени и ништо екстравагантно. Од доцно лансирање на Fleets и специјални ефекти во овој формат, до нови “правила“ за ботовите. Една од промените што може да се очекува овде се и новите категории на верификација.

Instagram – Шопинг инскуството некако како да почнува да ја засенува првичната идеја позади Instagram – фотографијата. Facebook вложува многу во развивање на алатки што ќе го подобрат овој дел, ставајќи го во фокус за следниот период. Варијаблилниот feed е она што се очекува како голема промена во 2020. Она што ќе се случува е дека корисниците ќе се поделат во групи според нивните преференци (шопинг, feed, story, Reels). Првичниот интерфејс ќе биде во фокус на она што најмногу го интересира корисникот со можна опција за враќање на првичниот изглед. Предвидувањата за Reels баш и не се сјајни ама нека го има…само без надежи дека ќе го собори TikTok.

Snapchat И овде e-commerce плановите не изоставуваат. Но да не се повторуваме со нив, она што ќе го издвоиме се новините за AR каде е вклучен скенер на баркодови на производи со супер можности. Исто и не треба да го изоставиме делот за можно партнерство со Apple кое вклучува AR очила.

TikTok Она што можеме да го очекуваме од TikTok следната година е поголемо и подобро развивање на можностите околу е-трговијата и поврзаноста на оваа платформа со музичката индустрија.

Snapchat ќе подели 1M на корисниците со најдобра содржина

Додека Facebook се мисли како да го стигне TikTok со Reels на Instagram, Snapchat ја носи играта на сосема друго ниво. Имено, Snapchat со новата Spotlight опција, ги бодри и поддржува сите креатори на оригинална содржина да ги споделуваат своите видеа. Најдобрите од нив што во Spotlight ќе добијат околу 100,000 прегледи на ден, ќе го добијат својот дел од 1милион долари што компанијата ги одвојува за најдобрите секој ден.

Со ваквиот пристап Snapchat им дава шанса на сите а не само на познатите да бидат дел од милионското семејство. Содржината мора да биде оригинална, во согласност со прописите на компанијата а профилот на корисниците мора да биде отворен (ахаммм…).

Цареви се нема што…

Salesforce го купи Slack за $27.7B

Како стартап компанија основана во 2009 година и почнувајќи како алтернатива за e-mail што беше добредојдена во новите компании, Slack се “омажи“ богато. Денес брои повеќе од 12 милиони активни корисници дневно а пазарната вредност се пресметува на повеќе од $25B.

Salesfront со сигурност знае кога да купи и што да купи. Slack се предвидува да стане најразвиена платформа за remote working, нешто што дефинитивно ќе стане дел од нормалното деловно функционирање во светот. За ова шопинг задоволство тие издвоија вкупна сума од $27.7B што ја прави нивна најголема инвестиција до сега.

100 најдобри TikTok видеа за 2020

За крај ги прелистуваме 100-те најдобри видеа споделени на TikTok за изминатата година, најдобрите креатори на содржина, песни и хаштази. Изминатата година дефинитивно беше подобра поради сета оригинална содржина споделена овде од повеќе од 100 милиони дневни активни корисници.

А за оние што се верни пак на тимот Youtube, нивната листа на најдобри беше објавена изминатата недела.

Marketoonist on Instagram

Бонус линкови

Убав викенд друштво, се читаме во следниот преглед во петок.

Баи 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.