Каролина се врати дома набилдана а на Хималаи 35 степени!

Па каде го има ова? Не, не е во жолтиот печат, туку во неколку скорешни реклами циркулирани низ домашните медиуми. За да во приказната за недоволната медиумска писменост со право ги вклучиме и локалните PR-субјекти ќе мора отпрвин да им преречеме по некој збор за пропустите кои ги прават. Рекламните агенти денескa како аксиом го земаат тоа дека разголените женски тела најдобро продаваат се (од шампони до коли), што и кај нас е најчест случај, но тоа и не е најголемиот проблем…
а) Каролина се врати на своите локални корени и рекламира домашни сокови (супер), но овој пат со својот откачен евровизиски „фустан“. Естетски, исцртаните мускули делуваат прилично гротексно, етички, целата разголеност на печатената реклама е прилично невкусна кога производот им се препорачува на деца. Еуфемистички кажано, лошо и несоодветно за публиката кон која се цели.

1

б). Вториот пример во рекламата за минерална вода е дури и прилично „пост-модернистички“ во својата „откачена“ комбинаторика на тела и сцени, но ако девојката морала да биде разголена, зарем мораше во позадина да бидат Хималаи-чни прикази? Очигледно глобалното затоплување е потценет феномен како и интелигентноста на публиката .

2

Ако односот спонзор рекламен субјект не ни е за коментирање, останува само да се каже дека малку повеќе внимание за вкусот и почит кон публиката, веројатно би била добродојдена.

1 Comment Каролина се врати дома набилдана а на Хималаи 35 степени!

Comments are closed.