Темата е добра, дискутирана е на многу места, од многумина. Но никој не седна здраво да упати темелна критика или да напрви некој вид на издржана анлиза. Во очајничкиот јубилеен период Сеад беше (изгледа) едниствениот кој реализираше нешто на оваа тема. И толку.
Момче што станува туристички водич благодарение на тоа што знае англиски јазик е само еден од рекламните спотови на владината кампања чија цел е да ги мотивира младите луѓе да учат. Ваквиот тип на промоција за вклучување во сите нивоа на образованието е позитивен чекор, но само доколку кампањата е пропратен елемент од стратегијата за развој во одредена област, велат упатените. …Радио Слободна Европа
Се друго се сведува на „велат упатените” „велат младите” „велат експертите” „велат познавачите…”
Да цитирам еден фокусиран Млад Борец, за жал уште сме во голема мера епско општество, и би додал „рекол овој-рекол оној“ ги доживуваме како аргументи од свршен вид.