Стигна декември, месецот на празнични кампањи. Во овој #ПрегледВоПеток се посветивме малку повеќе на маркетингот — огласување, митови и предвидувања — што се надевам ќе ти се допадне. Дополнително ќе следи и посебен блог пост (или серија постови) на тема маркетинг во 2020, без грижи. 😉
Дигиталното огласување во 2020
Врз база на глобално истражување направено со 900 лидери за огласување од светот, salesforce направија извештај кој вклучува нови приоритети, стратегии и тактики како предвесници на една нова ера во огласувањето. (PDF)
Бројот на пораки и на канали преку кои потрошувачите добиваат пораки е најголем до сега. За да се издвојат од толпата, огласувачите треба да креираат хиперперсонализирани пораки што ќе допрат до потрошувачот.
Огласувањето е во фаза на трансформација — најголемата еволуција откако дигиталните реклами беа лансирани во 1990-тите — предводена од податоци. За ефективно да допрат до публиката, огласувачите треба да поврзат голем број извори на податоци и притоа да извлечат некаква информација која ќе биде од корист.
И доминантните канали и буџетите се менуваат. Бројот на огласувачи што се потпираат на платформите под сопственост на Google и Facebook за пренесување на нивните реклами е сè поголем. Но успешноста не се мери само преку кликови и импресии. Се мери и преку вредноста на потрошувачот.
3 маркетингшки митови што Google Marketing ги разби годинава
Некои индустриски митови се толку многу познати што сите ние колективно мислиме дека се вистина. Тоа отсекогаш било така и ќе остане така. Но Google реши да ги тестира овие маркетингшки митови. Дел од нив се вистина, а останатиот дел навистина се митови што откако ќе се разбијат ни овозможуваат да го дигнеме маркетингот на повисоко ниво.
- Маркетингшки мит бр. 1 — За да се произведе видео содржина потребни се многу време и многу пари
- Маркетингшки мит бр. 2 — Колку повеќе податоци имаш, толку подобро
- Маркетингшки мит бр. 3 — Машините ќе ги заменат луѓето
12 предвидувања за 2020 од експертите за дигитален маркетинг
Дали твојата маркетинг стратегија е подготвена за промените што следат? Social Media Examiner објавија одличен блог пост во кој 12 маркетинг експерти ги споделуваат своите предвидувања за 2020. Од предвидувањата може да видиме дека маркетерите ќе се фокусираат повеќе на креирање видео содржина, дека Stories се клучни за постигнување досег и дека LinkedIn и Pinterest ќе продолжат да растат.
Нова дефиниција за односи со јавноста
“Која сум јас?” се запраша индустријата за односи со јавноста и за да не потоне подлабоко во кризата на идентитет, International Public Relations Association (IRPA) објави нова дефиниција за тоа што се односи со јавноста.
Lider media направија супер статија-интервју со неколку вработени во ПР агенции од Балканот кои го дадоа своите коментари во однос на новата дефиниција и како таа ќе влијае врз работата.
“Односи со јавноста е практика за донесување на менаџерски одлуки која има за задача да гради врски и интереси помеѓу организации и нивните публики, врз база на информации пренесени преку веродостојни и етички методи на комуникација.” — новата дефиниција според IRPA
Избрани најдобрите македонски инфлуенсери
Од линковите за неделава, не смееме да испуштиме и една локална вест. После месеци спремања, избор и најави, во понеделникот се одржаа првите “UiZ Influencer Awards 2019”. Наградите беа доделени во повеќе категории, а најдобрите од најдобрите ги избра жири комсија составена од веќе истакнати домашни инфлуенсери и претставници од маркетинг агенции. Коментари не пишуваме. 🙂
Бонус линкови
- 2020 Twitter Marketing Calendar
- Classic Blue Is Pantone’s 2020 Color of the Year
- Inside VSCO, a Gen Z-approved photo-sharing app, with CEO Joel Flory
- Microsoft wants everyone to follow its lead with its new mobile design
Тука е крајот на денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.
До следниот преглед во петок. 😉