Прилог кон актуелната тема

Најверојатно и блогерчињата на гранка знаат дека и Неделно Време ќе почне да објавува текстови од блогови. (претходен пост) Една многу квалитетна дискусија на оваа тема отвори Аниа
Започнав да пишувам таму коментар, но излезе малку подолго одошто очекував па еве ќе го продолжам муабетот тука.

Ќе почнам онаму каде што заврши Јован. (Печатот помага …)
Блогот е она што ќе го направиш.

Објавите во весник се само тренд, кој блогерите го поставуваат.
Кој прв почна да објавува текстови за блогови во МК? Блогер.
Кој прв почна да прави ревизија на неделните муабети? Блогер
Кој прв го направи академскиот текст за блогови? Блогер

Овие објави на хартија може да бидат регуларен дел од блоговите исто како што се коментарите, линковите, блогролот и триста други работи.
Само за да биде тоа така треба свесно да знаеме што сакаме да се постигнеме со објавите во весник.

А за некое време и тоа ќе помине, весниците ќе си најдат друга тема, и ќе ги баталат блоговите и фасцинацијата кон нив. До тогаш МБЗ ќе ја промени својата форма, структура и многу други работи. Но дали ќе промени на ист начин доколку го нема и овој дел со објавите на хартија останува мистерија.

Сепак мислам дека сите ние сме плод на традиционалните медиуми, никој не може да им одолее на нив. Сетете се на рекламата на Мастер кард. Задоволството на лицето на баба кога ќе ме прочита во весник БЕСЦЕНЕТО. За жал баба ми не знае да ме прочита на блог. И онака нема да ме разбере ни таму ни ваму ама за неа весник си е весник.

А богами и за мене весник си е весник
Некои работи едноставно не се споредуваат :))

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Прилог кон актуелната тема

  1. Shepard 06/12/2005 at 12:34

    Сеа и со тебе треба да се согласам.

    Дадаизам.

Comments are closed.