WEBLOG is DEAD

Jorn Barger авторот на терминот WEBLOG, сака да го повлече од употреба овој термин. Оваа негова реакција доаѓа по објавувањето на сторијата на TheBlogHerald со наслов Starting a Blog.

Jorn, автор на легендарниот Robot Wisdom, во блогот наречен Robot Wisdom auxiliary на кој ги појаснува своите логови кои се објавени на Robot Wisdom објаснува зошто е револтиран од објавите на BlogHerald.

Таму се нудат две опции како причина за креирање блог
a personal-diary-style blog
or a topical-niche blog
повеќе

Понатаму во својот пост, тој ги анализира овие две дефиниции и ја презентира својата идеја кога го создал терминот и типот на веб страница под тоа име.

Jorn своја рекација (коментар) има оставено и на Starting a Blog Part 1: What to Blog about. Оваа реакција воедно претставуа и една, ако не и прва дефиниција за блог. Коментарот во целост оди вака:

Another possibility is the original one: log all the interesting articles/pages/sites you find in the course of your surfing, with your personal reaction.
This becomes a personal archive to augment your bookmarks file, and a multidimensional reflection of your individuality.

Навистина е интересно да се набљудува менувањето на дефинициите и сфаќањата за блоговите. Претпоставувам дека Јорн е изнервиран бидејќи неговото дело и визија ја оцрнуваат некои niche блогери кои пишуваат за блогови, а во најголема мера во главите се водени од бизнис логиката.

ДОКОЛКУ СТИГНЕТЕ СО ЧИТАЊЕ ДО ТУКА А НЕ СТЕ ГО ПРОЧИТАЛЕ ПОСТОТ НА ЈОРН – СТОРЕТЕ ГО ТОА СЕГА

1 Comment WEBLOG is DEAD

  1. melbourne airport tr 21/11/2012 at 05:25

    Trees are the earth's endless effort to speak to the listening heaven. -Rabindranath Tagore

Comments are closed.