“You Witness” vs “I-Reports”

11„Yahoo Inc.“ во соработка со „Reuters“ започнува со нов проект во кој ги покануваат своите читатели активно да се приклучат во оформувањето на нивните вести со испраќање на свои слики и видео записи. Што се однесува до Yahoo ова ќе се одвива преку сервисот отворен за читателите наречен „you-witness“, додека Reuters ќе го прави преку истиот сервис на својот сајт.

The Internet media company (Yahoo) said it has created a news contribution system called “You Witness” and is working with news and information company Reuters Group Plc, which will edit and distribute selected photos to other news outlets.

Иако ваквите проекти во последниве 2 до 3 години и не се толку невообичаени (кај нас покрај „Шпиц“ 🙂 имаше дури и една акција да се испраќаат фотографии во изборот за најголема дупка по улиците на Скопје), овој пат важноста на играчите кои влегуваат во соработка може многу да влијае врз процесот на вклучување на „публиката“ во создавањето на вестите. За разлика од сервисот на CNN “I reports” за кој не се плаќаат хонорари, Yahoo и Reuters ќе им исплатуваат на своите соработници преку “You Witness”.

“We want to expand the initiative to include text stories, but photos and video were the most obvious way to begin,” said Scott Moore, head of news and information at Yahoo Media Group.

Интересно е што во официјалните соопштенија и вестите кои се однесуваат на ова и двете компании никаде не го спомнуваат терминот „Citizen Journalism“ (иако проектот ги задоволува условите за тоа според приложенава дефиниција), и целава работа се претставува како „news contribution system“ и „amateur journalism“. Дали се работи за маркетинг стратегија на свежо претставување на проектот или нешто што намерно и подлабоко ќе го редефинира концептот на „citizen journalism“ останува да се види.

1 Comment “You Witness” vs “I-Reports”

  1. Baju Bayi 21/11/2012 at 05:38

    Wow, incredible blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your website is great, let alone the content!. Thanks For Your article about “You Witness” vs “I-Reports” | К О Ðœ У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.