Политичкиот дијалог и твитер

Последниве неколку години преку медиумите можеме да слушаме изјави, анализи и ставови за недостаток од политички дијалог. Секогаш тој недостаток се лоцираше во слабата меѓусебна комуникација на политичките партии. Бидејќи под поимот политика не влегуваат само политички партии во овој текст ќе се потрудам да споредам како двете најголеми политички партии го водат политичкиот дијалог со граѓаните. Ќе ја споредувам употребата на твитер од страна на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а после тоа ќе можете да прочитате интервју со Центарот за комуникација со јавноста на СДСМ за нивното искуство со користењето на твитер.

Следи/Следат

На почеток ќе гo споредиме бројot на “пријатели” кои СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат на твитер. СДСМ го следат 125, а следи 162, додека ВМРО-ДПМНЕ го следат 73, а следи 42. Од овие бројки може да ги изведеме следниве заклучоци:

1. Имајќи поголем број што ги следи отколку што го следат СДСМ се покажува како поотворен за комуникација и споделување
2. ВМРО-ДПМНЕ на прв впечаток од читање на бројките се покажува како “бродкастер” без намера да развива дискусија
3. Колку повеќе следиш толку повеќе ќе те следат затоа што оние кои ги следиш им стигнува известување и така полесно дознаваат за вас. Ова може да биде една од причините зошто СДСМ има повеќе што го следат отколку ВМРО-ДПМНЕ, но не е и клучна.

Препораки во однос на следи/следат:

1. Бројката следи/следат да биде приближно иста. СДСМ да не го зголемува јазот и да ја зголемува бројката на оние кои ги следи, а ВМРО-ДПМНЕ да ја намали разликата со тоа што ќе почне да следи барем оние кои веќе го следат
2.
Понекогаш одржувањето баланс знае да одземе доста време, па затоа ја препорачувам следнава алатка која овозможuva автоматско следење на секој нов што почнал да те следи. Следењето може да биде целосно автоматски или со вето односно алатката ќе ве извести, а вие ќе треба да ја овластите за да почне да следите некој. Втората опција остава повеќе простор за контрола, но и трошење на време. Алатката овозможува и автоматски испраќање на предефиниране директна порака на секој нов што ќе почне да ве следи. Ова е добро за отварање на комуникација.
3.
Доколку сакате уште поголема контрола на вашето твитер друштво и персонализација, која е многу битна за друштвените медиуми го препорачувам следниов сервис: Refollow

Кликни за да ја видиш сликата во целосна величина
Кликни за да ја видиш сликата во целосна величина

Сервисни информации

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат поставено врска до својата интернет страница. СДСМ нема, додека ВМРО-ДПМНЕ има оставено биографија односно краток опис.

Препорака:

1. СДСМ да смисли кратка и јасна порака за својата партија и да го дополни делот за биографија кој е изоставен.
2. ВМРО-ДПМНЕ да го замени краткиот опис на англиски со верзија на македонски. Бидејќи содржината која ја произведуваат е на македонски и се обраќа на македонска публика подобро е и описот да биде на македонски.

Дизајн

Двете партии ги имаат искористено своите партиски логоа за да ги брендираат своите твитер сметки. Дизајнот на ВМРО-ДПМНЕ (види фото: горе) е подобар порати тоа што користат целосна позадинска слика, додека СДСМ користи слика само во левиот дел. Дизајнот пак на СДСМ е подобар затоа што наместо само партиското лого ја имаат и адресата до својота интернет страница, но поради тоа што сликата не е им е добро оптимизирана не е видлив делот www од целата адреса www.sdsm.org.mk. (видо фото: доле)

Кликни за да ја видиш сликата во целосна величина
Кликни за да ја видиш сликата во целосна величина

Препорака:

1. Наместо само партиските логоа, во случајот кај СДСМ плус адреса за интернет страница, подобро е во дизајнот да се вклучи нешто полично. Некоја порака која полесно ќе допре до оние кои ги следат. Добар пример е пораката на дизајнот на мобилниот оператор ВИП. Се разбира СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да смислат соодветна јасна и кратка порака за да можат полесно да ја отворат комуникацијата.

Содржина

Содржината која ја созддаваат двете политички партии на своите твитер профили во некои работи е слична во некои не. Најчеста содржина е пренесување на линк до прес соопштенија. ВМРО-ДПМНЕ користи сервиси кои автоматизирано пренесуваат содржина на твитер профилот од други места (facebook, youtube) додека ажурирањето СДСМ најчесто го прави преку веб. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои твитер профилот го користат само како уште еден медиум од каде што можат да ја пренесат својата порака во една насока, СДСМ се труди да развие двонасочна комуникација со реплицирање и испраќање директни пораки до твитер корисниците. Последнава констатација е и мое лично искуство а не само набљудување на нивниот профил. СДСМ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ одговори на моите реплицирања со реплицирање и одгвори на директните пораки. Тоа е причината зошто нема интервју со ВМРО-ДПМНЕ туку само со СДСМ.

Препораки:

1. ВМРО-ДПМНЕ покрај автоматизирано пренесување на содржини, без притоа да води грижа дали некој реплицирал или им испратил директна порака, треба да се потрудат да почнат да создаваат содржина која ќе биде автентична само за твитер профилот и да почнат да го користат како канал за двонасочна, а не еднонасочна комуникација. Во спротивно нема да има никаков ефект и бројот на оние што ги следат не само што нема да се зголемува тука ќе се намалува.
2. За поздравување е отвореноста и трудот на СДСМ за поттикнување дискусија меѓутоа и тие ќе мора да почнат да создаваат содржина која што е автентична само за твитер. Исто така подобро е кога претставуваат некој став или свој дел од програмата претставувањето да оди во прашална форма надополнето со користење на reply опцијата до неколку твитераши.
3. За потикнување на дискусија може да се користи и сервис за твитер анкета: twtpoll
4. Оние што се одговорни за одржување на твитер профилот најдобро е да користат некоја апликација која што ќе им ја олесни работата, но и зголеми ефикаснота при напорите за поттикнување дискусија. Алатки: TweetDeck, Hootsuite, Seesmic.

Интервју

Иако СДСМ веднаш одговорија на мојата директна порака за покана за интервју, што е позитивно, и ми посочија лице за контакт сепак зад одговорите не застана личност туку Центарот за комуникација со јавноста на СДСМ. Погоре спомнав дека персонализациајта во социјалните медиуми е многу битна и понекогаш одлучувачка дали вашата стратегија ќе успеа или не.

  • Зошто СДСМ се одлучи да го користи Твитер како алатка за комуникација со своите членови, симпатизери и потенцијални поддржувачи?
  • Центар за комуникација со јавноста на СДСМ: Секој субјект кој има потреба од PR и маркетинг, треба да биде во чекор со новите технологии за да допре до оние на кои им се обраќа. Така и СДСМ, пред неколку години се определи за современа и модерна комуникација со граѓаните. Факт е дека голем дел од нашите граѓани поминуваат голем дел од своето време на социјалните мрежи (Twitter, FaceBook, Hi5, MySpace, YouTube…), како и пред своите ТВ приемници. Ние како партија го следиме овој медиумски тренд, а комуникацијата и пренесувањето на нашите ставови преку социјалните мрежи, за нас претставува суштинска потреба. Во случајов, Twitter засега е една од најбрзо растечките мрежи за социјалнa интеракција, преку кој граѓаните имаат директна можност да се обратат до СДСМ, да дадат свои предлози, идеи, сугестии и критики, но и да се поттикне дебата на одредени општествено-политички актуелни теми.

    • Колку време беше потребно СДСМ да донесе одлука за користење на твитер? Како течеше подготовката и колку и кои луѓе се ангажирани за одржување на твитер каналот? Дали побаравте помош од експерти или консултанти за социјални медиуми за креирање на ваша стратегија за нивно користење?

    Центар за комуникација со јавноста на СДСМ: СДСМ се консултираше и со поединци кои се активно вклучени и работат во маркетинг, но и PR агенции кои работат во сферата на социјални мрежи од професионален аспект. Тие ни ги предочија придобивките од користењето на сите нови медиуми (вклучително и Twitter). Обучени се неколку луѓе од Центарот за комуникации со јавноста кои работат професионално на овие медиуми. Ја користиме оваа прилика да истакнеме уште еднаш дека сечиј совет, пофалба или критика за користењето на официјалните интернет портали на СДСМ ни е од огромно значење и е добредојдена. Сите иницијативи на оваа тема се прифаќаат најдобронамерно и придонесуваат за подобра работа и активности на СДСМ во слободниот Интернет простор.

    • Колку познатите примери на користење на социјалните медиуми од страна на популарни странски политичари ви даде поттик да го правите тоа и вие?

    Центар за комуникација со јавноста на СДСМ: Инспирација за користење на Twitter каналот и останатите социјални мрежи е успехот кој во претседателската кампања во САД го постигна тимот на претседателот на САД Барак Обама, победа која според нас во голема мера се одлучуваше и преку интернетот. Тука би ја истакнале и се помасовната употреба на Twitter од страна на политичките партии и модерните политичари во Европа и САД кои своите ставови ги промовираат преку новите медиуми, односно социјални мрежи.

    • Дали учите од нивните искуства и колку се трудите да ги применувате тие искуства во управувањето со вашите социјални медиуми и мрежи?

    Центар за комуникација со јавноста на СДСМ: Следиме, учиме, применуваме и се прилагодуваме. Во последно време почнавме со тренд на интернет обраќања на раководството на СДСМ, кои се реализираат преку нашиот нов web сајт, а промовираат и преку социјалните мрежи. Првото интернет обраќање или веб колумна ја имаше претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, а следат и обраќањата од другите партиски функционери. Овие обраќања ги рушат рекордите на посетеност на нашиот web сајт. Очекуваме дека овој тренд ќе продолжи. Сега за сега одиме само со текстуална, но многу наскоро тие обраќања ќе бидат и во аудио и видео форма.

    • Кои се очекувањата на СДСМ од користењето на овој комуникациски канал?

    Центар за комуникација со јавноста на СДСМ: Користењето на Twitter каналот е дел од стратегијата на СДСМ за комуникација со јавноста. Со тоа и расте одговорноста во нашето работење. Нашата цел е да создадеме навика кај граѓаните, но и кај медиумите, дека ставовите на СДСМ многу лесно, навремено и брзо ќе ги пронајдат на нашата web страна, Twitter каналот, страниците и групите на Facebook, официјалните канали на Youtube итн.

    Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

    6 Comments Политичкиот дијалог и твитер

    1. Pingback: Tweets that mention Политиката и новите медиуми | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com

    2. mirko popov 07/12/2009 at 13:36

      Imam povekje lugje sto me sledat na twitter od 2te vodecki partii. Mirko za pretsedatel.

    3. Mite Kuzevski 07/12/2009 at 19:30

      @Mirko Затоа што подобро го користиш твитер нормално е да имаш повеќе пријатели, а покрај тоа и си познат DJ 🙂

    4. Darko Buldioski 07/12/2009 at 19:42

      Ајде да искоментирам малку покритички за да не се вивнат во облаците активниве актери спомнати во постов. Да не бидам сфатен погрешно, сето тоа е со најдобра намера. 🙂

      Фино е што ете решиле да комуницираат со народот, ама мора и да ги научат карактеристиките и етички норми на однесување и комуницирање на интернет, особено во ова време кога социјалните или друштвени медиуми царуваат. Само две во овој коемнтар:

      транспарентност – нешто што можеби никој не го очекува од политички играчи, ама на интернет нема друго решение, мора да бидете транспарентни. Од каде муабетов: прашањата ги одговарал центарот за комуникации, кој кој?? твитер акаунтот го одржува кој? блог постовите ги пишува уредникот а? да, да има доле некаков потпис, ама не оди тоа така. денес си има норми и за тоа, 2009-та е не е 2003-та 🙂

      споделување – да бидам искрен од одговорите на прашањата не дознав ништо суштински, нити пак стекнав доем дека ги сфатиле новиве медими, полни се се со полу-празна реторика која ако се расчисти нема да остане ништо од одговорот.

      Но, на позитивна страна ете одма гледаме дека примениле некои од советите на Мите што ги побива моиве напади. Затоа ајде да видиме како ќе се развива целава приказна. Наша работа е будно да следиме и добронамерно да критикуваме… ако некој не слуша ОК, ако не, пак ОК 🙂

    5. Pingback: Кон дебатите за новите медиуми | К О М У Н И К А Ц И И

    6. wiseass 18/02/2010 at 23:50

      Analizava izobiluva so neverojatno dobro istrazuvani i profesionalni soveti!

      navistina, sekoj sto sovetuva deka koga ne ti se cita veb adresata treba da napravish da se cita e vistinski profecionalec vo biznisot!

    Comments are closed.