Доста се разбранува интернетов последниве месеци откако чичко Мурдок почна да најавува дека ќе ги земе во свои раце глобалните текови и ќе се обиде да ги смени. Не сме ние како пазар дозреани за оваа дискусија, ние допрва ги поуларизираме и разбираме нашите агрегатори за вести но сепак, човек, ете, не е лошо да има и некој личен став по прашањево.
Пред некој ден на Facebook групата на читателите на Online Journalism Blog беше отворена темава, па потоа и беше напишан и пост со истата тема: Paywall watch: The news you’re willing to pay for. Оставив таму еден коментар, што всушност е мојот сефте, став на темава. Еве го тука на нашиов ни јазик, и се надевам со подбра граматика од онаа во англискиот 🙂
Значи, би се решил да плаќам ама не за вести туку за услуга. Доколку услугата во себе има дел кој продава вести, тогаш ОК. Доколку најголем дел од услугата се всушност вестите, тогаш пак ОК. Но услугата подразбира дека јас нема да има потреба да барам и други извори и да трошам многу друго време за да го добијам она што го добивав и до сега. Значи, сакам добра дистрибуција на повеќе канали и уреди, сакам повеќе извори, и најверојатно сакам и агрегација, зошто така сум навикнат сега. Ако се спремни издавачите да ми го понудат ова… со задоволство ќе платам. Ќе платам за вести, т.е. сервис кој нема да ми ги скрати сегашните искуства во процесот на консумирање иноформации, а ќе ми заштеди време или ќе направи да се чувствувам задоволен од она што го добивам.
Во спортивно, место да плаќам се потрошам малку повеќе време да си ја направам совршената комбинација на iGoogle, Google News, Netvibes, Twitter и сл.
А ти? Под кои услови би се наканил да плаќаш за вести?
Ќе плаќам креативни и иновативни вести. Нема да платам официјална информација облечено во руво на „новинарство“. Зошто? Затоа што официјална информација ќе стигне до мене, твитер, фејсбук, линк, мејл, рсс…
Но би плаќал квалитетна содржина. Пример, би платил да гледам 1 утакмица со BBC или Sky коментатори, наместо 3 со кретенот на Сител. Зошто да не и 3 на BBC. Би платил no question askеd. Исто е и со вести.
НО! …. весниците прават пари од реклами. Ако јас плаќам за вести ондак fuck off не ме спамирај со реклами, нели? Не може да се прават пари од 2 извора, од реклами и од претплата.
Посебно не од претплата ако се знае дека за веб издание не се трошат тпари колку за принтање илјадници/милиони папирнати весници. Се пишува текст и се закачува. Толку! А го читаат милиони. Ако до сега правеа пари од реклами, а со плаќање на хартиениот весник си ги покриваат трошковите, тогаш што е проблемот?
Прави исто како и Google, заработувај од реклами, а содржината остај ја да биде FREE во двете значења на зборот пошто нели информацијата треба да биде слободна? И пред се информацијата треба да биде сурова, не обработена, јасна… затоа имаме раст на граѓанско новинарство.
Толку нема да навлегувам повеќе друга тема е 😀 /cheers
Виктор, добри забелешки, те чекав на темава 🙂 да бидам искрен 🙂
Тоа со рекламите и парите не се сложувам комплетно, бидејќи и за квалитетен магазин плаќаш па не се буниш за рекламите, најверојатно зошто и тие ти се доволно валидни како информации зошто се добро таргетирани, претпоставувам дека и во онлајн содржините доколку те знаат подобро ќе знаат и да те послужат подобро со реклама, нема да те спамира туку ќе внимава зошто тогаш борбата на издавачите ќе биде да наплатат повеќе за своите премиум корисници, за да не може секој туку така да ги малтретира 🙂
Плус, сакам да те прашам дали го имаш користено player.eurosport.com не се сложувам дека, сепак, креирањето на премиум содржна на нет е толку ефтино… иако не велам дека мора да има реклами, да се разбереме.. 🙂 long tail тоа е тоа….
патем, ме можеш да споредуваш со Google,тие ја даваат содржината за free, ама тоа не е нивна туку туѓа содржина, тие инвестираат навистина минимално за да направат содржина, не е google news компанија, не можеш да ги мериш со ист аршин… тие имаат јак модел кој е понов и не можеш да очекуваш дека традиционална компнија која она што го знае најдобро е да создава содржина, сега одеднаш ќе се откаже од тоа и ќе се обиде да стане goolge 🙂
фала за коментарот, темава е одлична за дискусија… 🙂 толку затоа и го ставив постов
" бидејќи и за квалитетен магазин плаќаш па не се буниш за рекламите, најверојатно зошто и тие ти се доволно валидни како информации зошто се добро таргетирани,"
Тука се согласувам. Таргетираните реклами се соодветни за секој. Можеби контраверзни но во секој случај да гледам реклами за машини за правење месо, а да сум вегетаријанец. Глупава споредба но ми ја сваќате поентата.
"сакам да те прашам дали го имаш користено player.eurosport.com не се" – Не користам ниту плаќам за премиум содржина, затоа се уште можам да ја најдам бесплатна. Тоа е и проблемот. Треба одеднаж да снема бесплатна содржина за да плаќаме за неа.
Кога се работи за премиум содржина. Да, за телевизиите не е ефтино, но не барам од нив да тргнат реклами. Но зошто на Сител има реклами за време на утакмица, а зошто на Liga shampioni утакмица нема реклами? Или Eurosport нема реклама у 15 минута среде гол? Тој модел сигурно им функционира на другите бидејќи го користат нели?
Google e пребарувач. Без него ние немаме пристап до одредени информации. Ако немаме пристап до весник, тој весник/сајт нема да има милиони корисници ќе има илјадници. Значи Google нуди услуга да ги поврзе сите и наплаќаат така што ти даваат бесплатно линкови ама ќе гледаш реклами. Тоа што тие се најдобрите во тој бизнис не е никаков анти-гоогле аргумент.
Тие нудат услуга што им се допаѓа на публиката. а истовремено ти ја носат кон тебе. Тука доаѓаат таргетираните реклами и иновацијата. Google користи текстуални реклами. На твојот сајт можеш да ставиш интерактивни и интересни визуелни реклами. Реклами кои ќе имаат ИНТЕРАКЦИЈА со читателот. (тоа сакав да го потенцирам пошто мислам дека е ze future).
Време е за интерактивни реклами, не за покажување на прст. Ако сакаат магазините/сајтовите посети тогаш да се вклучат(ме) во интеракција со читателите. Граѓанско новинарство maybe?
Не треба да биде како на e-society, новите и старите медиуми се во војна, туку секоја идеја треба да се интегрира за да добиеме иднина на медиумите.
Медиумите се ништо без публиката. Додека публиката може да живее и со трачеви.
Да, заборавив што се однесува до граѓанското новинарство и линк економија – вечерва Google го интегрира real-time search во пребарувачот.
Ако ја скријат содржината за paywall тогаш зарем другите нема да ја прераскажат и линкаат до прераскажаното? Само една камера во кино е потребна филмот да се симне од милиони. Само еден блогер е потребен да го прераскаже текстот (без линк) за да го прочитаат милиони.
Едноставно paywall е руски рулет со сите куршуми.
п.с. srry за грешките во коментарите, доцна e и нема едит дугме.
Зошто мислиш дека го напаѓам google а го бранам Мурдок? воопшто не е така 🙂 во коментаров го кажуваш токму она што го пишувам во постот.. ќе плаќам за сервис…
за рекламите на тв и сл. друга тема, ама ете… на кратко.. разликата е во кредибилитетот на медиумиот, развиеноста на пазарот, спроведувањето на правилата на игра и пред се почитување на публиката.
на guardina.co.uk колку и да си спремен да платиш не може да ставиш банер кој ќе актвира автоматски некоја луда анимација и ќе ти трча на цел екран притоа заглавувајќи ти го отворањето на страницата зошто тежи 10000 кила…. си ги почитуваат читателите.. тоа е 🙂
На прво место најбитното, ВЕСТА Е ЈАВНО ДОБРО, со подемот на Интернетот надвор од паметот е некој да се обиде да го ограничи пристапот до информации. Тука нема за што да се говори. Го поддржувам авторот на текстот, битно е како ќе се спакува новинарскиот производ, но битно е и што тоа нудат медиумите на чичко Руперт. Доколку понудат квалитетни анализи, колумни, статии и репортажи, доколку тие креираат добра сегментација на соодветни таргет групи на читатели тогаш ќе опстојат, доколку тоа не го направат тогаш ќе бараат помош налик на онаа во случајот со француските весници и Саркози.
Кога го пишав тоа не мислев на тебе дека си анти-гугл, туку дека често се користи тој аргумент. (зборував општо 🙂 )
Во секој случај, да, ова е интересна тема за дискусија. Уште поинтересно ми е како таа ќе се развие во Македонија. Во светот е сериозна, но тука може да биде чудно и забавно за следење. :p
ова мора да се види и прочита…
While Murdoch and Sly complain about Google, The New York Times and Washington Post have been working with the search engine behemoth on a new form of online journalism. …Online Journalism Blog
а, насетувам дека ќе мора и пост да пишам за http://livingstories.googlelabs.com/
Pingback: Дали во 2010 година ќе почнеме да плаќаме за вести на интернет? | К О М У Н И К А Ц И И
Welcome Articles just like it directly to your electronic mail box seat!Take gratis now!