Блог терминологија: 5 кратки појаснувања

Постојат неколку работи кои ме мотивираа да пишам пост со појаснувања за некои термини тесно поврзани со блоговите, светот на блогерите и луѓето околу нив.

Еве три причини. 1. Има луѓе на кои не им е јасно, а би сакале да знаат кој термин што значи. 2. Има луѓе кои ги употребуваат термините во погрешна ситуација со погрешно значење. 3. Од време на време едуцирам луѓе на оваа тема (што професионално, што доброволно) па ми треба линк за референцирање :). Ајде сега по ред но без некој посебен приоритет.

  1. Блог заедница – блогосфера
    Множество на блогови поврзани меѓу себе најчесто со линкови. Всушност блогосферата, т.е. поврзувањето е тоа кое им ја донесе улогата на блоговите денес. Постојат милион (ако не и повеќе:) различни блогосфери групирани според различни критериуми: географски (локални, регионални, глобални), тематски (спортски, политички, гиковски), содржински (фото, видео, аудио) и така натаму. Нормално еден блог е дел од повеќе вакви заедници, по правило тие не се затворени, се разбира доколку не се зад некоја лозинка или во затворена мрежа.
  2. Блог пост
    И ова е лесно де, ама некои луѓе често велат: ти пишуваш блогови? или ќе пишеш блог за ова? Блог пост или само пост е еден напис, еден текст кој има свој наслов, датум на објавување содржина и сл. Тој е дел од архивата на еден блог поставен на својата единствена адреса (пермалинк). Да, навистина има луѓе кои пишуваат (повеќе) блогови и тоа е сосем разбирливо, но сепак треба да се пази како и кога се употребуваат овие фрази.
  3. Блог платформа
    Софтверот на кој стои блогот. CMS (content management system) кој овозможува лесно, брзо и автоматско надополнување на блогот. Постојат повеќе вакви платформи, може да се поделат на бесплатни и комерцијални или на централно хостирани и самостојни.

    Еве по неколку примери: Blog.com.mk, Blogger.com, WordPress.com се бесплатни и централно хостирани (WP.com нуди и напредни можности со плаќање). На овие платформи може да се направи блог со 0 деанари инвестиција (не го бројам трошокот за интернет и компјутер).

    WordPress.org, MovableType, PMachine, Greymatter, B2Evolution, TextPattern се платформи за кои треба сопствен хостинг, домен и некоја минута повеќе за да инсталирате свој блог. Предности и недостатоци има и кај двете опции. Одлуката зависи од многу фактори. Дополнително четиво: Choosing a Blog Platform

  4. Блог мрежа
    Овој термин делумно беше главниот виновник за постов. ЦрнаОвца.мк предизвика дискусија каде се испомешаа некои термини. Значи вака: Блог мрежите се појавуваат во голем број различни форми и големини направени со различни цели, но доколку се сведе сето тоа на основата тие претставуваат кластер (грозд, група, грст) на блогови кои на некој начин се поврзани (линкувани) со заедничко име или банер.

    Најголем дел од ваквите мрежи се со некоја комерцијална цел додека останатиот дел имаат поширока цел за промоција на блоговите и социјалното вмрежување. Дополнително четиво: Introduction to Blog Networks

  5. Блог агрегатор
    Сајтови кои на едно место собираат содржина од повеќе блогови. Локално има неколку вакви локации: Macedonia Search (има дел каде се агрегира содржина од некои локални блогови), BlogDigimak, Најди!Блог, Линукс Планетата а исто така и матичниот домен на блог мрежата ЦрнаОвца.мк е во функција на агрегатор на блоговите од таа мрежа.

Мислам дека сега за сега доволно се овие back2basic термини. Повеќе блогерски термини може да се најдат на многу места но еве два брзи и корисни линкови:

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

4 Comments Блог терминологија: 5 кратки појаснувања

  1. Miladin 08/12/2008 at 19:50

    Заборави да го додадеш и агрегаторот на македонската гну/линукс заедница 😉

  2. DJ 10/12/2008 at 23:17

    Прати им линк до постов на сите Македонски медиуми. 😉

    Сериозен сум.

  3. Miladin 11/12/2008 at 14:01

    Фала 🙂

Comments are closed.