Истражувањето кое го направи Sysomos за Фејсбук страниците (Facebook pages): Inside Facebook Pages e многу корисен за сите оние кои сакаат да го промовираат својот бренд преку Фејсбук.
Анализирани се преку 600,000 фејсбук страници за да се дојде до поврзаноста на користењето на овие страници и популарноста, квантитетот на создадена содржина, број на фанови и категории. Еве ги најинтересните бројки и заклучоци:
Факт 1: Просечна Фесјбук страница има 4,596 фанови, додека средна вредност за Фесјсбук страниците се 218 фанови. 4% од страниците имаат повеќе 10,000 фанови, 0.76% имаат повеќе од 100,000 фанови и 0.05% од страниците (или 297 се на се) имаат повеќе од милион фанови.
Заклучок 1: Овие бројки можат да служат како добра стартна позиција за поставување на целите кај брендираните фесјбук страници: голем бренд треба да си постави цел од 10,000 до 100,000 фанови, но најверојатно нема да привлече милион фанови. За македонски услови ја би препорачал целта да биде помеѓу 5,000 и 40,000. Се над 40,000 ќе биде екстра 🙂
Факт 2: Страниците со повеќе од милион фанови имаат речиси 3 пати повеќе содржина генерирана од сопственикот на страницата отколку просечна фајсбук страница (70 наспроти 27), но скоро 60 пати повеќе содржина генерирана од фановите (587 наспроти 10). Фрекфенцијата на администраторски записи на ѕид останува иста, но се зголемува бројот на записи од страна на фановите (речиси се дуплира месечно).
Заклучок 2: Точката на вриење на Фесјбук страниците се 5,000 фанови. После ова фановите создаваат повеќе содржина од сопствениците на страницата. Брендовите треба да се трудат да ја постигнат точката на вриење што е можно порано преку охрабрување на фановите да созадаваат содржина со доделување на награди или поволности.
Факт 3: Помеѓу Фејсбук страниците што имаат повеќе од милион фанови, најпопуларни се оние за музичари/бендови (16.7%), славни личности (16.0%), производи (11.9%), телевизиски шоуа (8.5%), и филмови (3.4%). Страницата на Michael Jackson е најпопуларна на фејсбук со повеќе од 10 милиони фанови.
Заклучок 3: Шоу бизнисот и поп културата се фејсбук страници кои се најпопуларни и имаат најголем број на фанови. Фирмите односно брендовите треба да ги охрабруваат своите славни личности кои се амбасадори на нивниот бренд да креираат и промовираат свои сопствени фејсбук страници кои ќе ги користат за дополнително рекламирање на брендот.
Оргиналниот запис тука.
Pingback: Tweets that mention Фејсбук страници: Истражување | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com