LeWeb 2013 – што не очекува следните 10 години

По една година пауза, оваа година повторно во живо ќе го проследам, можеби, најважниот европски настан на тема технологија, интернет, бизнис.

LeWeb-Paris-2013

Има многу настани во Европа кои се статистички поголеми, со повеќе публика, презентери, спонзори… но тоа не значи дека се на исто ново со LeWeb. Ретко кој од нив директно си ја поставува како цел на дискусија: иднината. Последниве неколку години од нет конференција таа стана мејнстрим настан каде, навидум нелогично, на сцената се појавуваа лица кои на прв поглед немаат допирни точки со интернетот и новите технологии. Но токму Loic и Geraldine (сопружници, креатори на конференцијата) се тие кои ја презедоа улогата да го внесат мејнстримот во светот на гиковите и обратно. На крајот на краиштата технологијата и интернет светот подеднакво влијае во промената на животите и на оние кои не се директно вклучени во гиковскиот свет, а сепак функционираат со сите тие нови алатки, сервиси, гаџети и сл.

Оваа година LeWeb слави 10 години и по тој повод темата на настанот е: следните 10 години. Крајот на годината е време кога сите аналитичари (и сите останати со свои сајтови и блогови) се обидуваат да предвидат што ќе биде хит следната година. Па некако оваа конференција супер им се погаѓа за можат полесно да ги направат тие листи.

На главната сцена има многу имиња и брендови кои, да бидам искрен, воопшто не ми се познати. Станува збор за хардвераши и сервиси за кои допрва се очекува да станат глобално актуелни и познати. И тука нема сомнеж, квалитетот не е нешто што се става под знак прашање на LeWeb. Секако тука се и добро познатите големи компании и селебрити фаци како Brian Solis, Guy Kawasaki и Gary Vaynerchuk…

Јас летам натаму утре… оваа година, ако не грешам, ќе има рекорден број македонци (4). Во план ми е да правам најмалку по едно видео на ден, како осврт на тоа што јас сум го слушнал таму. Во план се и неколку интервјуа, ама за тоа потоа.

Еве ја деталната програма, еве за да ве мотивирам за догодина, еве ја и официјалната журка.

Се читаме (гледаме) следната недела!

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.