160 #ПрегледВоПеток – Комкаст, WARC наградени, Instagram, TikTok…

Утро, полека ги читкаме и последните Прегледи во петок за 2021 па here we go…

Нова #Комкаст епизода со Мартина Наумовска

А како инаку да ти започне петокот ако не со добра содржина што ќе ти го расони мозокот за работа. Новата епизода на Комкаст е овде и овој пат како гостинка ја има Мартина Наумовска – првата жена Data Scientist која влегла во претприемачките води во Македонија, еден од основачите на Data Masters и Data Masters академијата.

Дарко и Мартина зборуваат за улогата на податоците во рамки на самата трансформација на работењето на една организација и сигурна сум дека ќе ви биде таман видео за гледање додека го пиете кафето во канцеларија.

Објавени најдобрите и најнаградуваните кампањи и брендови за 2020

World Advertising Research Center (WARC) традиционално ја објави листата на најдобри и најнаградувани маркетинг кампањи и брендови за 2020. Листата секогаш се објавува во првиот квартал од актуелната година, но поради пандемијата оваа година задоцни.

WARC ги собира сите значајни и релевантни награди што се доделуваат во текот на целата година во индустријата и аплицира специјална методологија за да ги добие финалните резултати. Можете да претпоставите кои се брендовите што се најдоа на оваа листа а тоа се: Ikea, Coca-Cola, Volvo и Nike.

Doja Cat со првиот музички спот со кодирање

Doja Cat е првиот музички артист што пласираше интерактивен музички спот. Во соработка со Girls Who Code, спотот крие опции, ефекти и детали што може да се “отклучат“ со помош на код. Спотот е презентиран преку микросајт што ги запознава сите оние што немаат слушнато за CSS, Javascript и Python и им дава увид во тоа што може да биде нивна кариера. Со оглед на тоа што нејзината публика се млади фанови, тимот од од Girls Who Code се задоволни со досегашниот интерес.

We know first-hand that girls and young women are some of today’s most powerful creators and change-makers. However, too few know that they can have a career in computer science, and that it can open up an entire future of possibility to nurturing their passions. Learning to code enables you to change the world around you.

Tarika Barret, chief executive officer of Girls Who Code

Што има ново на Instagram?

Знаеме каква револуција донесе линк стикерот во стори на Instagram. Од компанијата најавуваат новина во овој дел со персонализиран текст на самиот стикер што ќе води до саканата дестинација. Од сега ќе можеме да пишуваме наши CTA пораки како и да избираме боја на самото копче.

На малку посериозната страна пак, Instagram се реши да го промени својот лошо критикуван feed алгоритам. Откако го лансираа во 2016 како алгортитам што ќе го персонализира фидот на секој корисник според неговите преференции и однесување на апликацијата, Intagram добија страшно негативни коментари што сѐ уште траат. Многу од корисниците го сакаат времето кога објавената содржина од своите пријатели беше видлива пред објави од профили за готвење само затоа што еднаш си побарал рецепти овде.

Но, по сите обвинувања, истражувања и дискусии поврзани со безбедноста на апликацијата за тинејџерите, компанијата се одлучи да го врати хронолошкиот алгоритам назад.

Колку оваа промена ќе влијае врз ефектот што апликацијата го има врз своите најбројни корисници останува да видиме.

TikTok ги објави најпопуларните креатори, песни, трендови и ефекти за 2021

Декември не е само за магија, празница и feel good моменти. Декември е и за гледање наназад и правење извештај за тоа што поминало добро а што не. Традиционално, TikTok ја објавува својата листа на најуспешни креатори, најдобри трендови, ефекти и музика што ја водеа платформата преку целата година.

На прво место како креатор се издвојува типот со смешното играње и снимање со дрон што кружи околу него – @totouchanemu. Не само што клипот собра 313,9 милиони прегледи и 43,9 милиони лајкови, туку стана вирален хит што не ги заобиколи и славните што правеа своја верзија на истиот.

Во извештајот се најдоа и топ продуктите што добиле најмногу внимание од TikTok корисниците: GAP дуксер, чанта во форма на срце од Kate Spade, Clinique кармин, Ikea платнена торба и уште неколку други што преку вирални видеа станале топ селери. Овие податоци одат во прилог на шопинг опциите што платформата ги најавува.

Бонус линкови

Овој #ПрегледВоПеток го препорачувам “14 Peaks: Nothing Is Impossible” на Netflix. Мотивирачки документарец што сум сигурна дека ви е потребен за кревање на моралот и енергијата периодов.

Бај.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.