113 #ПрегледВоПеток

Гужва, завршува и оваа каква-таква година, традиционално празнично секој брза, гледа да заврши повеќе и да дотроши тоа што било планирано или останало за трошење. Што е тука е, се надеваме дека 2021 ќе донесе некоја промена на подобро.. во меѓувреме…

Oxford – зборови на годината

И покрај тоа што Oxford периодов нè асоцира на нешто друго, сепак овој преглед го отвораме со јазичарите од Oxford, тоа се оние кои го креираат познатиот речник. Секоја година тие бираат по еден збор кој го прогласуваат како збор на годината. Оваа не можеле да се одлучат за еден па прогласија неколку:

The pandemic, racial unrest and natural disasters shaped the English language in countless ways in 2020. So Oxford opted to highlight dozens of terms, including “Black Lives Matter,” “Blursday,” “coronavirus,” “lockdown,” “social distancing” and “systemic racism.”

Мене омилен ми е Blursday, другите ми се, онака, лесен избор. Наша среќа е што имаме преглед во петок па некако може да ги пофатиме деновите 🙂

Pantone боја на годината

Кога сме веќе кај изборите на годината, Pantone исто така не можеле да се одлучат за една боја која ќе биде боја за 2021, па избрале две. Изгледа оваа 2020 само ја разбуди нодлучноста кај сите нас. PANTONE 17-5104 Ultimate Gray + PANTONE 13-0647 Illuminating. Или со наши зборови жолта и сива. Убаво изгледаат во комбинација нема тука двојба. Pantone велат дека комбинацијата претставува порака за сила и надеж која воедно влијае на истрајноста и расположението. Секако подтекст и тука е Ковид-19.

ЕУ најави нов закон за регулација на големите tеch гиганти

Европа секогаш е чекор пред Америка кога станува збор за регулирање на пазарот, особено во делот кога станува збор за употребата на лични податоци и монополизација. Иако и американците се пред сè поизвесен чин дека регулација ќе има и кај нив, ЕУ веќе јасно покажува дека нема да потпадне под влијане на лобирањето и дека ќе се погржи големите технолошки гиганти да не можат така лесно да ја злоупотребуваат и доградуваат својата доминантна позиција.

The Digital Services Act, due to be presented in early December, is expected to overhaul the management of content on platforms like Google and Facebook and is the first of its kind since 2000. Broadly, the EU wants to make tech giants more responsible for the content on their platforms, and to ensure that competitors have a fair chance to succeed against the big firms.

Револуционерноста во новите правила е всушност пренесувањето на одговорноста кај сервисите за сета содржина која таму може да се најде.

Airbnb.ORG

Како следен чекор во развојот на програмите и активностите кои Airbnb ги презема од почетокот на кризата оваа година, изминатава недела објави посебен дел од својот сервис наменет токму да помогне на оние кои се најважни. На овој дел од сервисот ќе може да се понуди бесплатно сместување или помош. Од компанијата соопштуваат дека Airbnb.org е спој на нивната долгогодишна платформа OpenHomes и последните активности поврзани со Ковид-19.

Ова се случува непосредно пред официјалното излегување на Airbnb на берзата.

Apple AirPods Max

Големи се, убави се. Apple викаат дека се мноооогу добри… иновативни и сл. Во боја се. Се врзуват во вашиот Apple систем ептен лесно… и… и чинат $549. Толку.

Збогум Adobe Flash

Ееее и ти не беше свесен дека уште постои? И јас :). Ама ете 2021 конечно нема да го има… Adobe го објави последниот апдејт и конечно рече: Adobe will stop supporting Flash on December 31st, 2020, and it will block Flash content from running on January 12th, 2021.

Не верувам, ама ете, проверете да не случајно некаде имате Flash па со време да го тргнете. Никогаш не сум бил фан на Flash, и немам некои посебни емоции врзани за него, ама ете… си оди во историјата, ред е да му оддадеме малку почит.

Marketoonist on Instagram

Бонус линкови

Убав викенд друштво, се читаме во следниот преглед во петок.