IT Beast from East – Естонија

Најчесто кога споменуваме прогресивни технолошки промени тоа го правиме мислејќи на западните земји, Естонија е една од оние држави кои се исклучок вреден за споменување во таквите дискусии. Последната вест од таму, пренесена од нашите медиуми е дека од 2011 ќе биде спроведено гласање по мобилни телефони:

Естонија ќе дозволи гласање преку мобилни телефони на парламентарните избори во земјата, што треба да се одржат во 2011 година…Естонското Министерство за правда сакаше да дозволи гласање преку мобилки уште на локалните избори идната година, но Парламентот во Талин утврди оти почетокот на гласање преку мобилни телефони ќе биде од 2011 година. На локалните избори во 2005 и 2007 година естонските избирачи можеа да гласаат преку интернет.

И во таков контекст се случува позитивна комшиска конкуренција: „Lithuania ready for e-voting, but Estonia already onto M-Voting“. Камо среќа ние овде локално да имаме такво комшиско опкружение кое ќе не мотивира да се разиваме на овој план.

пс: Баш ме интересира какви сѐ начини нашите политички субјекти би изнашле да го изманипулираат системот со м-гласање? Ова пак ме наведува и на заклучокот дека за вистинска примена на сите придобивки на модерната технологија мора постпано да се развива и соодветна култура за општополезно користење на технологиите, а не само да се шиткаат истите како „напредни“ техники, без да се обрне внимание на комплексноста на примената и функционирањето на прогресивните трендови.

1 Comment IT Beast from East – Естонија

Comments are closed.