Ексклузивно, вториот преглед во петок 13-ти за оваа сезона!

Пред да почнеме со прегледот имам една супер вест. Оваа недела го вративме #комкаст 🎉 Во првата епизода од трета сезона Дарко и Сеад зборуваа на тема лажни вести, дезинформации и пост вистина.
Пиши ни како ти се допаѓа комкастот, а ако имаш предлог тема на разговор уште поубаво. И секако, subscribe на YouTube за да бидеш во тек со најновите видеа. 😉
Полесно пренесување на податоци на Google Cloud
Вчера Google Cloud најави нов сервис за компании кои сакаат да пренесат податоци од нивните системи директно на Cloud. Сервисот е наменет за пренесување голем број податоци, некој си милијарда фајлови и повеќе.
Transfer Service сам ја проверува точноста на податоците и нивниот интегритет додека тие се пренесуваат на Cloud. Автоматски се справува со грешки што може да настанат при пренесувањето и користи што е можно повеќе bandwidth за да намали на време. Како и со останатите нови производи од Google Cloud, фокусот е ставен на големите потрошувачи – корпорациите.
Нова опција на Instagram за споделување сториња во група
Слично вакво нешто постои на Facebook веќе една година, а сега еве и на Instagram. Новата “Group Stories” опција им овозможува на корисниците и нивните пријатели да креираат сториња во група. Опцијата е поврзана со групниот чет што значи имаме уште еден начин на интеракција со членовите во дадена група.
Instagram се надева дека ќе креира повеќе алатки од овој тип и со тоа да го зголеми интересот за користење на групни четови. Не се знае точно кога опцијата ќе биде пуштена за сите корисници, но секако ќе биде во скоро време.
UK General Election 2019: Како политичките партии се однесуваат на социјалните мрежи и како младите го користат TikTok во контекст на изборите
Политичките партии на социјалните мрежи
Не знам дали знаеш ама моментално во Велика Британија се одвиваат партиски избори. We Are Social напишаа многу интересна статија пред два дена за тоа како се однесуваат политичките партии на социјалните мрежи само неколку часа пред почетокот на гласањето. Од тоа што прочитав во нивната статија и тоа што сега гледам во резултатите од изборите е многу spot-on. Топло препорачувам прво да прочиташ, а после да ги видиш резултатите.
Младите на TikTok за време на изборите
Младите во Велика Британија максимално го искористија TikTok за време на изборите за да ја споделат својата порака, да ги предизвикаат кандидатите да го исполнат она што го ветиле и да ги дадат своите мислења. Еве уште една доста интересна статија, овој пат од Dazed, која исто така ти препорачувам да ја прочиташ.
Бонус линкови
Толку од денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.
Се читаме следниот преглед, во петок. 🙂