LeWeb10 – за содржината

Само нешто повеќе од два дена траеше овој настан а навистина ми претставувуа предизвик да пишам сумарен пост со моите лични впечатоци. Предизвикот е голем заради опасноста да не се испушти нешто важно или да не се нападане нешто што не сум ни дораснат да го коментирам. Па некаде помеѓу овие два краја еве обид да си ги средам во еден (а може и повеќе) блог постови моите впечатоци.

Во првиов фокусот ќе биде на содржината на конференцијата.

Вториот ден на хартија изгледаше послабо од првиот. Барем според звучноста на поголем дел од имињата односно компаниите кои доаѓаат, но како што и секогаш бива, вториот ден имаше подобра содржина. Мала напомена, настанов имаше во секој момент најмалку 3 различни паралелни сцени на кои се одвиваа различни презентации и работилници. Во таква ситуација мојот поглед секако е ограничен од она што јас успеав и одлучив да го видам.

Првиот ден на главната сцена имаше позвучни имиња и компании, што пак значеше дека ќе има помалку новитети и возбудливи презентации. Всушност презентации имаше многу малку. Паметни и искусни се организаторите па поголем дел од програмата беа интервјуа односно прашања и одговори на сцена. Дефинитиовно формат кој ќе се обидам да го имплементиран на некој следен настан кој ќе го организираме. Ова секако, не значеше дека содржината на истите беше поинтересна, затоа што освен пропустот на претставникот на PayPal (му се испушти дека владата им наложила да ја затворат сметката на Wikileaks) други значајно нови инормации немаше. Овде не ги бројам бројот на симнувања на Angry Birds, бројот на корисници на FourSquere и сл.

Од првиот ден со задволство ќе го издвојам интервјуто на Michael Arrington (TechCrunch) со Marissa Mayer (Google). Michael се обидуваше да ја испровоцира, да нападне, да биде арогантен и зајадлив, но секако сето тоа не е доволно за професионалец од рангот на Marissa да падне. Па така и покрај интересните прашања се се` заврши со прилично стандардни ПР одговори па дури и промоција на новиот Nexux S и мапите на Google. За тоа како моја фотографија од Marissa Mayer се најде во германското издание на Financial Times ќе напишам посебен пост :). Е да, не смее да се изостави и одличната дебата на тема медиуми, која не можеше да ја заобиколи најжешката тема деновиве: WikiLeaks

Детален извештај случувањта на главната сцена во текот на првиот конференциски ден има во постот на Небојша. Тој даде жртва и во име на балканската дружина единствен блогираше двата дена во живо.

Вториот ден отоври дискусија од различен тип. Парите беа во фокус сега. Имаше инвеститори, ангели, претприемачи и слично. Денот го отвори Yossi Vardi со оваа извонредно интересна (забавна) презентација на тема Wisdom of Crowd. Понатаму имаше интересни дискусии на тема како да те купи Google или Microsoft, како да се спреми стартап за продажба, како се носи таква одлука и сл. За некаде после ручекот овие дискусии кои во фокус ги имаа стартап комапниите да заврши со доделување на награди на најдобрите стартап компании кои оваа година улествуаа во предизвикот. За оваа тема и за форматот на овој предизвик планирам да напипам посебен пост.

Ќе ја прескокнам работилницата на Facebook, затоа што дел од неа ја снимив и објавив како видео, а и башка предавањата таму беа доста базични и дечките не беа баш многу расположени да ги одговорат прашањата на мојот цимер.

Пред самиот крај на овој дводневен настан следуваше јаготката. Како и на добар концерт, секогаш хитовите се оставаат за крај за да си оди дома публика со позитивни импресии. Така беше и на овој LeWeb. Некаде пред самиот крај настапи Jeremiah Owyang. Крајно професионално, одмерено, тој претстави предвидувања за развојот на компаниите кога станува збор за употреба на социјалните медиуми. Се разбира ова предвидување се темелеше на добро истражување и негова анализа. Целата презентација еве ја подолу.

И за крај, ама скроз на крај, Gary Vaynerchuk. Имам гледано на нет настапи од човеков, и му го знам стилот. Ми се допаѓа, не дека не, ама се некако ми се чинеше дека има дел од настапот кој е глума, кој е само за на сцена, дека човекот кажува работи кои ги кажуваат и другите ама само изгледа малку поинаку. Сум се излажал. GaryVee ме воодушеви комплетно. Тој го правеше токму она што другите најчесто само го зборуваат. Отврено, транспарентно, искрено. Полно со емоции и импровизација ама од блиску се гледа дека не е глума и дека има многу енергија :).

Без сценарио, без подготвен текст. Човекот минатта година на истиот настап му се скрал на сцена на организаторот (Angy Loic 😉 затоа што немало прашања од публика предвидено во форматот. Па затоа оваа година тој немаше говор. Целата сесија беше комплетно само прашања и одговори. Нема да прераскажувам. Еве го видеото. Само кога ќе го гледате обидете се да не го помислите она што го помислував јас пред да го гледам во живо.

И што може да се сумира на тема содржина на LeWeb? За мене ова беше прв настан од овој размер. Не знаев баш точно што да очекувам. Се на се, немаше промашени теми, немаше повеќе од 2 промашени говорници. Имаше мнооогу различни луѓе кои се прошетаа на сцената. Имаше доста нови информации, некои помаку некои повеќе вредни, и на крај го имаше Gary. Настан од овој размер има далеку повеќе од самата содржина на сцените. Во следните пост или два ќе се обидат да споделам по некој збор и за тие работи, како јас ги видов. Сега за сега толку. Јас, дефинитивно би одел пак на LeWeb :).

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

2 Comments LeWeb10 – за содржината

  1. Anonymous 31/12/2010 at 22:05

    Гласам да одиш со две раце. Па и ако има место во куфер, викај…

  2. darko buldioski 01/01/2011 at 23:10

    Благодарам за подршката Киро. Оваа година навистина одев на испитување на терен. Не знаев што да очекувам. Да сме живи и здрави, ако одам пак догодина ќе се потрудам да биде моето присуство таму поквалитетно.

Comments are closed.