Стигна решението за регистрација. За да нема забуни – здружението нема да се занимава само со МТ или само со АДСЛ. Цели на Здружението се:
- поддршка во решавањето на проблемите и заш- тита на правата на интернет корисниците;
- создавање услови за подобар, попристапен интернет за сите граѓани на Македонија;
- создавање услови за поголема интернет пенет- рација во Македонија, и
- промовирање на можности за продуктивна упо- треба на интернет.
Прва активност на здружението ќе биде подготовка на обука за новинари за интернет пристапот и интернет пенетрацијата во Македонија. Обуката ќе се изведува во соработка со Метаморфозис и ќе има за цел да ги запознае новинарите со можностите и проблемите на ова поле, за да може подобро да ја информираат јавноста. Медиумите и до сега ни беа едно од најсилните оружја, а се надевам дека во иднина ќе бидат уште повеќе. Повели ако имаш предлог.
Извор: р-Еволуција
Pingback: Komunikacii » e-society.mk први импресии