Frederic Lardinois е Американец со потекло од Германија а Холандски пасош. Опасна комбинација, мора да се признае. Ептен фин дечко, го запознав во Париз на LeWeb и уште првата вечер кога бевме на промоција на новитетите на генералниот спонзор Renalult, си отворивме одлични муабети. По 3 дена дружење, на крај стигнав едвај нешто повеќе од 4 минути да го снимам и на видео.
Frederic Lardinois, долго време пишувал за ReadWriteWeb (околу 1500 објави имал) и пред извесно врме одлучил да си отиде од таму и да отвори свој блог. Неговиот нов блог се вика Silicon Filter и релативно добро му оди. Погледни го видеото и дознај накратко како функционираат големите блогови за технологија кои скоро секојдневно ги читаме.