161 #ПрегледВоПеток – Ralph Lauren, Mozilla, Roblox, Google Qaya…

🎶 Дедо Мраз , Дедо Мраз дојди и кај нас… 🎶 Со најновите 5 за 12 барања, желби и потреби почнуваме да се спремаме за новата година, се надевам оваа година ќе успееме да бидеме спремни на 30 и на 31 нема да има потреба да работиме… во меѓувреме време е за уште еден преглед кој го започнуваме со две објави на самиов блог.

Нова #Комкаст епизода со Гораст Цветковски

Вчера на блогов имаше две објави, ретко се случува тоа, ама кога се случува секогаш ни претставува задоволство. Изутрината по иницијатива на Сеад, Дарјан од твитер ја помести својата нишка на блогов. Пишува за исчезнувањето на етосот и логосот од јавната дискусија, реален муабет, и пост кој вреди да си го прочитате и зачувате за некоја следна дискусија на интернет.

Подоцна во текот на денот, во стандардниот термин за #комкаст ја објавивме и новата епизода во која јас и Гораст дискутираме за гејминг културата, индустријата, локалната сцена итн. Гораст пасиониран, јас резервиран, малку се обидував да ги скријам емоциите кои ги имам или немам за игрите, ама 50-тина минути вреден муабет во кој се спомнаа многу наслови на игри кои не ги знам, ама секако можев да му ја разберам поентата на Гораст. Сепак затоа јас прашував а тој одоговараше. И тоа со страст.

Еве го видеото подолу а аудио може да слушате на: Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4; iTunes: https://apple.co/31TUeXw; Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK; Deezer: http://bit.ly/3qZZX87

Да одиме сега со прегледот за кој, патем, колегите пак ме саботираат, знаат дека е мој ред за пишување и не пуштаат линкови на каналот во Slack 🙁

Mozilla очекува заработка од $500M оваа година

Да да, непрофитната Mozilla која има и своја подружница која всушност го генерира профитот очекува толкава заработка оваа година. И покрај тоа што одамна ја изгубија битката со Chrome, сепак таа работи на други сервиси кои треба комерцијално да придонесат, сервиси како: Mozilla VPN service, Firefox Relay Premium, Pocket.

Но, не е се така позитивно, бројката од 500М нема да ја направат од горенаведените сервиси, туку најголемиот дел од овие средства ќе дојдат од нивното партнерство со Google. Да, истиот тој Google кој им го потепа Firefox, ама еј, кога треба да се заработува од партнерско прикажување реклами, нема љутиш!

Ralph Lauren во Roblox

Во битката кој прв ќе стане Metaverse, играта Roblox во соработка со Ralph Lauren креира зимско искуство во кое познатото модно име ќе ги презентира своите полово неутрални дигитални дизајни на облека. Интересно е како модните брендови, минатата недела пишувавме за Adidas, многу похрабро почнаа да влегуваат во дигиталниов свет. Во тој свет позициниорањето е важно, следењето на трендовите е задолжително, па и покрај тоа што се чини дека сите по малку доцнат, добро е што гледаме вакви примери.

It’s all part of Roblox’s quest to become the metaverse, the universe of virtual worlds that are all interconnected, like in novels such as Snow Crash and Ready Player One. With 47 million daily active users, Roblox has a pretty good head start on its metaverse mission.

Google Qaya – алатка за монетизација на креаторите

Не знам точно како се изговара зборов, малку чудно ми звучи на глас кога ќе го кажам, ама тоа воопшто и не е важно. Google во обид да не ја испушти од раце т.н. Creator economy лансира нова апликација која се вика Qaya која има за цел да им ја олесни монетизацијата на се што прават луѓето кои креираат содржина на интернет, да ги наречеме креаторите.

Creators on Qaya sell everything from trapeze workout guides to wellness training videos, photo filters, beat packs, ASMR read-alouds, productivity templates, knitting patterns and much more. We support pay-gated and free products, with tipping, subscription and other monetization types coming soon

Visualizing Mobile Traffic Worldwide

И пред самиот крај на овој преглед, и екстра линковите подолу, ако не сте го гледале трејлерот за видео играта базирана на новиот Матрикс, напревете го тоа сега. Првите 3-4 минути пред да започне самата игра се предобри!

Бонус линкови

Толку за овој #ПрегледВоПеток, мој последен за оваа година. Ако не ме прочиташ на некое друго место или друга објава, да речеме следниот #комкаст, Среќна Нова Година!

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.