Доколку, пардон, ако, весниците имаат читатели, радиото слушатели, а телевизијата гледачи, кој би бил најсоодветниот термин за „онлајн јавноста“? Посетувачите на сајтовите во интензивна интерактивна комуникација ги користат сите овие сетила комбинирано, по принципот на „кинеска кутија“- поновото ги вклучува претходните, и воедно се во прилично поголем „степен на впиеност“ (immersion) кон медиумот кој го восприемаат.
Додека не се најде најсодветен израз, треба да бидат земени следниве делумно успешни варијации: а) сурфери (проблематично е дали е прифатливо во стандардниот јазик заради непрепорачливоста на наставката -ер, иако истиот веќе има усвоени именки од типот „молер“), б) посетители (за оние кои само ќе протрчкаат низ содржините на сајтот/веб-страницата, в) веб-партиципиенти (оние кои оставаат коментари, пишуваат пораки и слично), г) читатели (за претежно текстуално ориентираните веб-страници), д) контрибуенти (за сајтови каде сурферите праќаат содржини (текстови, слики, клипови, и.т.н.), и така натаму…
Дилемата не е само од јазичен тип, туку може да ни илустрира колку е процесот на инволвирање на (претходната) јавноста во новите медиуми напреднат и е поместен од обична перцепција кон целосна активност.