114 #ПрегледВоПеток

Не сакам петок кога се празничните гужви затоа што се чини дека викендот е месец дена далеку.. некој истомисленик? 🙂

Амааа.. сакам #ПрегледВоПеток затоа што си ги имам сите новости од дигиталниот свет на едно место!

Купувај на Instagram Reels

Го копираа TikTok од глава до пети. Отсега брендовите и креаторите ќе можат да тагираат производи во своите видеа на Reels. Тагот т.н. “Branded Content” ќе им овозможи на креаторите на Instagram да бидат транспарентни кога промовираат спонзорирани брендови.

Хрониките на Facebook Policies

Секој што работи маркетинг на социјалните мрежи треба да си ги прочита сите политики на Facebook. Иако се чини дека им нема крај, важно е да читаш меѓу редови. Затоа што кога ќе пуштиш реклама и Facebook ќе ти ја одбие, треба да знаеш зошто.

Еве еден супер пост за најчестите причини поради кои Facebook одбива реклами.

Не секогаш е добро да си монопол на пазарот

Google ја испраќа 2020та со тужба од 35 американски држави кои тврдат дека компанијата практикува нелегално, антиконкурентско однесување со цел да создаде монопол во search огласувањето. Кхм..

Google’s anticompetitive actions have protected its general search monopolies and excluded rivals, depriving consumers of the benefits of competitive choices, forestalling innovation, and undermining new entry or expansion. This lawsuit seeks to restore competition.

Colorado Attorney General Phil Weiser

Среќни празници, Google! 🙂

Зголемен одзивот на 6-секундни видео реклами

MAGNA Global заедно со IPG Media Lab и Snap Inc. направија истражување на повеќе од 7,700 испитаници и голем број видео кампањи со цел да видат како потрошувачите реагираат на 6-секундни видео реклами.

Како што начинот на кој гледаме видеа се менува, така се менуваат и мислењата, навиките за шопинг и фаворизирањето на брендовите кај потрошувачите. Откако TikTok и Reels влегоа во игра, голем дел од интернет корисниците (особено младите кои впрочем креираат содржина за овие канали) ги сменија своите “видео навики” и сега повеќе уживаат гледајќи 30-секундни видеа отколку YouTube видеа што траат 20 минути.

Од тука може да се заклучи дека 6-секундните видео реклами ќе имаат зголемен (ова не значи поголем) ефект кај таргет публиката наспроти оние што траат 30 секунди или минута. Кога за првпат се појавија кратките видео реклами, тие првично беа ефективни за подигање на свеста кај потрошувачите но не и за будење на потреба за купување на одреден производ. Сега може да се каже дека е обратно.

Да не должам многу, доста интересен извештај.

Marketoonist on Instagram

Бонус линкови

До следниот преглед во петок 😉

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.