Обично не сакам да пишувам многу на теми кои се блиски или нераздвојни со политиката, особено оваа домашнава, ама еве сега ќе направам исклучок. Немам намера да коментирам, напаѓам или сл. туку само да подредам некои работи. Добро, може и ќе ми излета некој мал коментар.
Веќе неколку пати пишувавме јас и Сеад постови поврзани со оваа тема, ама се трудиме аголот да не биде оној стереотипниот: ПАРИ ПАРИ ПАРИ, ВМРО ВМРО ВМРО, СДМС СМДС СДМС и сл. не знам дали успеавме ние, ама сигурен сум дека новинарите не успеаја. (ретро: Велат упатените, Влада Inc., Една година PR)
Директниот мотив за постов е еден посолиден текст објавен во Глобус со наслов: ПАТЕРИЦИ ЗА НАПУМПАН ПОЛИТИЧКИ РЕЈТИНГ. Да се разбереме текстов не е посолиден затоа што нуди некој нов пристап, повторно царуваат упатените и познавачите, авторот пласира нова серија на шпекулативни (не велам неточни, а и не би знаел) информации до кои успеале да се докопаат, но повторно фокусот е на парите и на политичките игри. Освежувањето доаѓа (барем за мене) во Опинион-от од Петар Арсовски од ПР компанијата „Џенезис комуникејшн“.
Прво, проблематичен е изборот на она што го рекламира Владата. Во светот се смета за дозволено секое подигање на јавната свест во национален интерес кое служи за унапредување на ефикасноста на владата, еманципацијата на граѓаните, или подобрување на социјалната средина. Но, генерално, не е прикладно Владата да ги фали своите успеси преку партиска кампања, и обично се смета за недозволено Владата да рекламира дека го работи она кое секако и е работа.
…не смее рекламата да служи како супститут за реалната работа.
…најважен проблем кај практиката на ваков политички маркетинг е мотивот. Владата демонстрира волја да прави кампањи само за популарните и позитивни потези, и со тоа докажува дека мотивот не е унапредување на социјалниот дискурс, туку унапредување на сопствениот рејтинг.
Она што сеуште не можеме да го забележиме во коментарите и освртите е анализа на пораките кои и испраќа владата преку капмањите. На кое ниво се тие направени. Да убаво изгледаат за око, нели, професионално изработени, но повеќеслојноста на пораките е она што ги прави истите, благо речено неуспешни. За да произлезе добро осмислена промотивна кампања потребно е да промовира добри резултати, односно добро осмислени проекти кои го третираат проблемот на повеќе нивоа. Најсвеж пример за ова е кампањата за образованието. На таа тема ќе препратам кај Жаре, тој имаше одличен пост и коментари: Кампања за „одлив на мозоци“?
Еве какви пораки испраќа Милчо:
1) Џабе ти е да си тука првенец на генерација, ако немаш врски!
2) Учењето вреди само ако добиеш странска стипендија!
3) Учете за да можете да си ги остварите желбите на Запад!
Ненад Живановски – Уште едено добро поентирање
Wow, marvelous blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your site is wonderful, as well as the content!. Thanks For Your article about И повторно за владата и нејзините кампањи | К О М У РИ К РЦ И И .