И конечно да стигнам да пишам и јас. Може сум меѓу последните ама не ми е грижа затоа што сум меѓу првите кои го организираат. Всушност инцијативата тргна од Ѓокица кој пред неколку недели ми прати меил со желба да сподели знаење и искуство.
Човекот ме праша дали во периодот кога тој ќе биде во Скопје има некој настан, некое случување каде може да сподели се што му тежи :). Арно ама тој период (пред и после Нова година) кај нас активности има само по кафани, па затоа решението беше сами да си го направиме.
Ја крчав идејата некоја недела, или подобро речено подготвув терен. Мислев, каде да се направи, кои да се повика, како да се испланира и на крај завршивме со една почетна листа од 4 потврдени „зборувачи” веќе проверена локација и навикант термин. Веднаш потоа добив потврда од уште еден, откако се објави информациајта се пријави уште еден. И еве сега за сега, велам така бидејќи програмата е отворена, имаме 6 „зборувачи” кои сигурно ќе споделат искуство.
Главен секако останува Ѓокица Зафировски, тој ќе ни биде star of the night, а друштво ќе му прават:
- Проф. Игор Tрајковски, Њујорк Универзитет Скопје (google dropout) (link)
- Дамјан Арсовски, it.com.mk (link)
- Деан Крстевски, broker.com.mk (link)
- Биљана Пешевска, Projectoffice.net (link)
- Дијана Димитровска, Active Reception (link)
Секако, се подразбира сите гости се добредојдени, секој кој ќе сака да каже нешто ќе биде поттикнат да го стори тоа. Бидејќи немаме претстава колку луѓе ќе дојдат уште не сме одличиле за формацијата, веројатно ќе го сториме тоа неколку минути пред да почне.
А за што ќе се збори? Па, за многу работи, на кој за што му тежи. Не, се шалам, имаме концепт. Еве го:
- Интернет стандарди
- Front end интернет технологии
- Кориснички интерфејс и тимови за развој (како тоа го прават големите компании)
- Степенот на искористување и имплементација на достапните ресурси за развој на модерни апликации во Македонија
- Примери на индивидуални и комерцијални интернет базирани проекти
Се обидов со сите од погорнава листа да се договорам да споделат по некој сегмент од нивното искуство, да бидат кратки за да може да муабетиме сите заедно подолго.
За крај дечките од Слободен софтвер Македонија, без кои немаше да може да го реализираме настанов спремија и филмче.
Значи, влезот е отворен, ако сака некој да збори официјално нека каже додека е време, местото е Точка, позади Соборниот Храм, времето е 17 часот. Ќе снимаме и ќе споделиме потоа. Ама претпоставувам неам да биде ни од блиску интересно како самото присуство.
Pingback: 2008 година на купче | К О М У Н И К А Ц И И