Има неколку постови тука на блогов кои ми се врежани длабоко и кои секогаш со милина во душата ги споделувам или референцирам кон нив кога сакам да влезам во некој муабет. Еден од нив e и: Што е поважно: моменталното искуство или неговото споделување?

Често си го препрочитувам, иако е краток… ме тера да размислувам што и зошто сум споделувал изминатиот период. Технологијава не направи зависници од зададен контекст… Имате друштво, пријатели со кои периодов одлично се согласувате… си ги имате муабетите, си ги сфаќате шегите… и сакате буквално секоја радост, секое разочарување да го споделите прво со нив. Нормативот налага да ја преџвакате информацијата заедно сo нив… колективно.
Неодамна направивме истражување со Рејтинг кое погледна малку под површината на просечниот Македонец на Facebook. Едно од прашањата таму се однесуваше токму на споделувањето. Еве ги одговорите…
Иако ова прашање не одговара детално за суштината на пораките кои ги пренесуваме со нашето споделување, сепак 50% забава може да е доволен индикатор за мотивите и намерите.
Колку сме себични кога споделуваме? За кого споделуваме? За себе или за другите? Кој треба да се чувствува добро по споделувањето? Споделувачот или публиката? Многу прашања…
Немам емпирија за ова (во некоја следна прилика и тоа) ама ми се чини дека многу почесто сме водени од желбата нас да ни е убаво кога споделуваме… нашата его-душа да се наполни, да ни кликнат LIKE и RT без притоа и да помислиме дали некому му е полесно или потешко со нашето споделување.
Ајде да одиме контра. Колку пати сте решиле да споделите линк зошто знаете дека со тоа некому ќе му направите добро? Колку пати сте објавиле статус и сте чекале да кликне или да пише коментар еден човек… баш тој на кој и сте си помислиле дека ќе му направите добро.
Фино е да се споделува заради заедничкото искуство, ете и да прифатиме дека дозволуваме технологијата да не отуѓува во физичкиот простор на сметка на некое виртуелно искуство кое не исполнува. Но, зарем споделувањето не подразбира и давање добро на некој друг? Не треба да дозволиме технологијата да не прави полоши луѓе… напротив. Не е тешко, само сетете се како најлајкуваните статуси и најретвитаните твитови се за помош на некое болно дете или сл.
Ако не го кликна линкот горе, еве го видеото уште еднаш и не заборавај следниот пат кога ќе споделуваш: #споделидобрина
Овој текст е дел од акцијата на Coca-Cola System – Bloggers Network
Pingback: Bloggers Network Добро. А зошто споделуваме? - Bloggers Network