Општествена одговорност и медиумите

На вчерашната дебата, во неколку наврати се дискутираше за функциите на трад. медиумите а притоа воопшто не се спомна општествената одговорност на медиумите.

Навистина претставниците беа од комерцијални медиуми но сепак нивото на позитивната перцепција на нивните медиуми и те како зависи од општествената активност на истиот. Да се потсетиме на акцијата на Дневник со старата библија (Идивиди)*.

Директната мотивација за постов ми е потегот на The Seattle Times со објавувањето на бесбедносни совети после големото невреме кое го зафати овој регион.

Детали: Poynter, Editors Weblog

* Еве зашто е битна вечна архива на сајт и можност за лесна навигација. Дневник го нема тоа.

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.