Извештај за “предвремено” предупредување

Сашо Ордановски вели: Јаноста не им верува на медиумите*. Моја грешка, тоа не го вели Сашо Ордановски, туку тоа го вели истражувањето на UNDP преку својот проект Извештај за навремено предупредување. (PDF од извештајот за Декември)

Вистинскиот проблем е што Сашо во последниот број на Форум+ вели дека тој е единствениот што го објавува делот од овој извештај каде се оценуваат медиумите. А резултатите (нормално) не се во полза на медиумите, инаку зошто не би ги објавиле 🙂

Дали навистина само една третина од јавноста им верува на медиумите? Или ова е само еден тренд на кој сме научени ние Македонците. Да си се жалиме, да искажуваме сомнеж и недоверба.

Па ако навистина не им веруваме на медиумите зошто нивната популарност е толку голема и зошто секојдневно со комшиите ги бистриме политиките кои ни ги сервираат токму тие на кои не им веруваме. Ја познавате ли агенда сетинг теоријата? (некако последниве неколку денови се поклопи често да ја спомнувам лин1, линк2).Според неа медиумите ни кажуваат за што да се расправаме по цел ден. Па ако не им веруваме зошто тогаш се расправаме за оние теми за кои токму тие сакаат да се расправаме?

Мене ме мачи и уште нешто друго. Медиумите не објавуваат она што не им одговара. Сепак човечки е да се прикрива она што не ти одговара, но сепак идеалистички ќе повторам МЕДИУМИТЕ ИМААТ И СОЦИЈАЛНА ОДГОВОРНОСТ. Па на крајот на краевите како е возможно да се подобри ситуацијата ако нема критика, или уште полошо ако некој не може да прифати критика

И на крај. Можеби тука и тука, се крие причината зошто токму Сашо ја објавува оваа тема, но сепак тоа што и сам го вовлекува својот медиум во лошата слика, апсолутно не значи дека си ги решил проблемите :).

*Текстот кој е повод на овој пост сеуште не е објавен на Форум+. Кога ќе биде објавен, тука ќе има линк 🙂

Дополнување на 26.12 Извор А1

Дали медиумите објективно и точно известуваат за:
Да Не Не знам
Економски прашања 37,0% 56,6% 6,4%
Политички прашања 24,2% 69,7% 6,1%
Меѓуетнички прашања 23,8% 69,1% 7,0%
Корупција 26,6% 67,0% 6,4%
Криминал 29,7% 64,3% 6,0%

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

3 Comments Извештај за “предвремено” предупредување

  1. Anonymous 26/12/2005 at 15:30

    Во прилогот на А1 Телевизија беше спомната и недовербата на граѓаните кон медиумите. Прилогот можете да го прочитате на: http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=55948

  2. Darko156 26/12/2005 at 17:07

    Благодарам Стеван 🙂

  3. Perlengkapan bayi 21/11/2012 at 05:55

    Wow, incredible blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your website is excellent, let alone the content!. Thanks For Your article about Извештај за “предвремено” предупредување | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.