115 #ПрегледВоПеток

Мене ми се падна последниот #ПрегледВоПеток годинава и не сум нешто фасцинарана за тоа, зошто ми изгледа како преодговорна обврска. Ама ајде да не се возбудуваме толку и да не го правиме многу голема работа, а? 🙂

Имаме супер линкови за неделава, не многу креативни ама сериозни и поучни! Да ја завршиме годинава конечно, и да не се повтори нели!

Oдговорот на Google на тужбата за Google Search

Во #ПрегледВоПеток 114 пишавме дека се здружија 35 држави да го тужат Google. Google уште истиот ден по тужбата за дизајнот на Google Search објави одговор и објаснување за истиот. Од компанијата велат дека тужбата сугерира да не се работи на подобрување на пребарувањето и тоа да биде помалку кориснo за оние што пребаруваат. Оваа тужба се обидува да го редизајнира „Google Search“ на начин на кој ќе ги лиши Американците од корисни информации и ќе им наштети на бизнисите да се поврзат директно со клиенти. И ако јас избирам од пред и потоа, ќе го изберам токму ова што Google го вели:

Нашето ригорозно тестирање ни кажува дека далеку ги претпочитате резултатите со богати информации кои вклучуваат мапи, линкови до производи и услуги што можете да ги купите директно, опции за летови и хотели и информации за локалните бизниси, како што се работно време, испорака и сл.

Трендови кои мора да исчезнат во 2021

Кога ќе прочитам ваков наслов знам дека на некој му дошло преку глава и мора да си ја испразни нервозата негде. Па исто како јас да сум го пишувала. На списокот што Уна Костадиновиќ го има срочено би додала обавезно и “Цена/Инбокс”, т.е. wanna-be Facebook продавници што сакаат да продаваат, а да не објавуваат цени, и уште еден цел список од 100тина работи, ама ајде доволно беше негативна годинава па да не ја продлабочувам.

Посебно ми се допадна овa што им го порачува на клиентите:

Niste tabloid. Napravite nešto što je jako dobro, platite plasiranje tog sadržaja i sačekajte da algoritam uradi svoju magiju.

2021 ќе биде златно доба за аудио реклами

New York Times е прилично амбициозен кога станува збор за аудио рекламирање. Нивниот информативен поткаст The Daily двојно ги зголеми преслушувањата оваа година, за сметка на 2019та. Рекламирањето во нивниот поткаст е доста популарно кај брендовите со директна продажба на своите клиенти, а благодарение на склучувањето договор за рекламирање и со луксузните брендови кои претходно се двоумеа дали да пробаат овој формат, 2021 ќе биде златно доба за New York Times и аудио рекламирањето. Оваа година, Times склучи договор за аудио кампањи со 226 брендови. Четири од нив – Beautycounter, Chanel, De Beers Jewellers, The RealReal – се во категоријата на луксузни брендови, а во тек се разговори уште со најмалку три бренда.

„За луксузните клиенти, аудио рекламирањето се однесува на публиката, ексклузивноста и новитетите“, Lisa Howard, SVP of media. „Луксузните брендови го сакаат контекстуалниот аспект“.

29.5 милиони долари за 9 годишниот јутубер Ryan Kaji

Колку од вас си подголтнаа само на насловот? 🙂

Ryan’s World трета година по ред е на врвот на листата јутубери кои што заработиле најмногу.

И ако си помисливте дека штом ова 9 годишно дете може, значи секој може, мнооогу се излажавте. Иако изгледа сѐ толку слатко и едноставно, позади видеата на Ryan се крие профи продукција и посветена маркетинг стратегија, што, ќе претпоставите, не е изведена од дете.

Сите кои сакаат да бидат успешни на YouTube можат да научат многу од каналите кои се на листата, во однос на презентација, употребата на тамбнејл, наслов и должина на видео и многу повеќе. Но, веројатно најголемата лекција што може да се земе од овие sвезди на YouTube е доследноста и конзистентноста.

Светот на Биби на гости во #комкаст

Ако имате деца (а и ако немате) нема шанси да не сте изгледале бар една епизода од Светот на Биби. И не само епизоди, толку многу македонска содржина и посветено креирање на една целосна приказна и маркетинг стратегија.

Цртани, претстави, играчки, сликовници, гостувања, интервјуа и што уште не. Кај мене дома се секојдневие. А еве сега Светот на Биби ни дојде на гости во #комкаст. Преслушајте го разговорот со Јована Аврамовиќ колку многу се работи и што сѐ ново се подготвува во Светот на Биби.

Бонус линкови

Нема да се поздравам во овој пост со годинава, и да ви поскувам желби и честитки. Ќе смислиме нешто поубаво за тој повод. До тогаш уживајте во читањето.

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.