Во изминативе неколку дена се испослучија неколку настани во рамките на интернет и блогосферата за кои мислам дека е вредно тука да се одбележат како што заслужуваат, бидејќи според мене имаат малку над-катадневно значење.
Првин се сличи бурлеската со „Гласот на народот“ и писмото на новинарот (?) Слободан Томиќ до раководството на јавниот сервис МРТВ.
Потоа следуваше промоцијата и дебатата околу новиот спот за промоција на Македонија на светските медиуми.
Сега не би сакал да потпаднам под искушение да застапувам некакви гранитно категорични ставови, овака било, онака било, но мислам дека е и глупаво човек да биде релативист и ова сето да го опише со клишеа и фрази.
Дебатата трае, и нека трае, тоа е супер, тоа значи дека акалот им работи на сите (а што е човекот без акал). Сакам само да кажам, на некој начин и да констатирам, дека во досегашнава дебата критичарите („новата јавност“) изнесоа повеќе аргументи. Убедливо, онака мислам како во 5:1. По моја проценка оние кои одбија да легнат на брашното на ритуалната семиотика на секојдневицата стварно „парче направија“. Беа детектирани и аргументирани до детали сите недостатоци на она што беше сервирано од центрите и агенсите на моќ, и во естаблишментска, и во медиумска и во културолошка смисла. Се разбира имаше и некои забегувања, но тие беа помаргинални.
Она што го добија како одговор беше „зафатеност“, „немам коментар“, „немам ингеренции“, „не би дискутирал на таа тема, не е достојно“, „намерни се грешките“ (смешно), апсурдна терминологија („тоа е моја струтуралистичка методика“- барем досега филмовите на Манчевски беа ултра постмодерни), и слично, да не завлекувам. Слабо, ептен слабо во една јавна отворена дебата. Како да беа фатени на спиење, на препад, не очекуваа дека јавноста дома повеќе не ги голта тие апчиња (Најсмешна ми беше аргументацијата за паралелизмот со грузискиот спот дека се работи за поклопени архетипови,…хмм, па што автор треба да бидеш со архетип да промовираш туристичка дестинација? Тоа ти е како да кажеш „дојдете во Русија, затоа што овде мајките ги сакаат своите деца?!?).
Заклучоците навистина се повеќе од очигледни, времето на инертната пасивна јавност полека поминува. Неа ја заменува една нова генерација (во културолошка смисла), активна, интелигентна, критичка, образувана, информирана од сите страни, која не трпи солење ум само затоа што „вие нешто говорите на ТВ“. јавност која не трпи идоли заради ритуали и парадигми, не знам какви. Помина тоа време, време на имресионираност од актантите на јавните функции и позиции на престиж. Прес и ТВ генерациите полека се рончат и доаѓа времето на интернет-генерациите кои многу подобро се снаоѓаат во новите услови отколку оние кои се предмет на нивната критика.
Дебатата и за овие заклучоци, секако, продолжува.
so many people are expedition parka women enamored of the canada goose vest men brand of unique design! canada goose citadel Because the average