Комуникација меѓу доајени

Деновиве се случи интересна дописка меѓу давајца македонски доајени. Едниот новинарски: Геро, другиот блогерски: Букаро

На кратко како одеше оваа работа раскажа Хоувиц. А јас само ќе си го додадам она што јас го приметив и ми беше интересно.

Имено секој од гореспоменатите актери си го користеше својот медиум во меѓусебната комуникација на крај (се надевам) успеаа успешно да се договорат.

Еден мој мал апел: Господине Геро, блоГчињата се ставени за да ги узурпираат луѓето, и пожелно е на нив да оставате пораки, за разлика од вашите весници во кои човек мора да направи нешто што е тесно сврзано со политика за да добие три реда простор.
Потегот со вашата страница (блогери) е добар, слободно продолжете и понатаму да го надминувате стравот од интеграција со новите медиуми, па здравје еден ден може ќе се решите рубриката блогери да ја ставите и онлајн за да може комплетно да се доживеат извадоците од постовите кои ги објавувате.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

4 Comments Комуникација меѓу доајени

  1. Shepard 26/12/2005 at 18:59

    респект за ова.

  2. moby 26/12/2005 at 21:33

    Целава работа смрди-корне

  3. Јован 26/12/2005 at 22:00

    Еден рецепт како да ти објават пост во весник:

    Пишувај за политика и биде против сите. Нека не чини ништо, сите нека се глупи, нека не чини ништо.

    Ако си среќен и Јанко ќе го изгуби местото…

    Бах… мојот сон за проактивно новинарство… каква заблуда…

  4. .аНТИ 27/12/2005 at 14:28

    Јован, не си свесен колку си во право. Ама нешто си заборавил – доколку можеш на многу работи да им најдеш замерка, тогаш успеваш да ги детектриаш прекршоците во средината во која живееш, значи имаш осет за неправилностите. Ако мислиш дека све е супер, веројатно или некој те замајува или за ништо не те боли кур. Тоа е донекаде простиво. Ама една работа најмногу ме нервира – што мислам дека е случај со тебе – да знаеш дека има работи што не се ОК, а да збориш само за убавите нешта и за тие кои се во ред. Тоа е пресметливо, претприемачко, рекламерско фрлање прашина в очи. Политика.

Comments are closed.