… дека народот со право не им верува на медиумите.
● Од генерално коректното известување на медиумите, исклучок се извештаите со сугестивни, прогнозирачки наслови или најави, како и исто таквите текстови и прилози во кои се прогнозираат идни настани врз основа на информации добиени од шпекулативни нејасни извори дефинирани како „доброупатени извори“, „дипломатски кругови“ или „неофицијални прогнози на некои дипломатски кругови“ и „неофицијални процени на владини кругови“.
Шпекулативноста на информациите е релативизирана со забелешката дека се тоа неофицијални прогнози, но тоа не го анулира фактот дека, сепак, станува збор за шпекулации. Авторите многу ретко нудат јасно именувани извори кои би ги потврдиле информациите, а оцените на шпекулативните „високи извори“, како единствен извор на информации, преовладуваат во целата презентирана приказна.
● Често, во приказни со две или повеќе засегнати страни, изворите од едната страна се прецизно наведени, додека изворите од другата страна се непрецизно именувани и тие не се цитирани туку интерпретирани. Има случаи кога медиумот не успева да го прошири кругот на изворите со посочените актери и сведоци, а не е наведено и тоа дали имало обиди за контакт со нив.
Понекогаш реалните факти отсуствуваат во корист на мислењата на актерите.
Извор: Медиумско огледало – Ноември (PDF)
Сега му е мајката, влезете со блоговите на пазарот и собрете ги парите 🙂
Не не с`скај ќе влеземе и салата ќе сториме. 🙂
Само ни треба малку помош од а1.com.mk
🙂