Уште само 4 дена до новата 2018-та година, а ние со последен преглед во петок за оваа 2017-та. Како што ветивме, во последниот преглед ќе читате за трендовите кои следат во престојната година. Идеме.
- SEO Trends in 2018. Да видиме што ќе каже кристалната топка со помош на експертите во SEO.
- Email Marketing Trends in 2018. На кратко, технологијата позади емаил маркетингот ќе ни пружи повеќе можности за праќање на вистинските мејлови на вистинските луѓе, и во вистинското време.
- Envato’s 2018 Predictions. Погледнете ги најдобрите дизајн трендови во 2017, и читнете што предвидуваат Envato.
- What’s doomed in media in 2018. Секоја година има работи кои умираат во сферата на медиа и маркетинг. Еве ви едно четиво во кое може да ги читнете работите кои ќе изумрат во 2018-та.
- Web Design Trends in 2018. Супер четиво за кои трендови ќе ги гледаме во 2018-та во областа на дизајнот.
- Digital Video Trends for 2018. За сите кои се занимаваат со видео, еве ви предвидувања за 6 трендови кои се очекува да се појават во 2018-та.
- Digital Trends 2018. И за крај, еве ви една анкета од Econsultancy и Adobe со чиешто пополнување ќе добиете бесплатна копија од резултатите на Digital Intelligence Briefing.
Тоа е тоа. Фала ви на сите што ги читате нашите прегледи. Ако имате нешто интересно да ни пратите, копчето за да го сторите тоа е подолу.
(однапред) Среќна Нова 2018-та година и среќни новогодишни празници ви посакува тимот на NewMediaMK 🎄