Веќе неколку пати коментираме (јас и Сеад) на тема линков на сајтовите на трад. медиуми. Во еден наврат еден вработен во А1 се побуни (тука), но еве сега повторно се укажува таква шанса.
А1: По проблемите што на почеток ги имаше со интернет мрежата, вицепремиерот Селмани успеа да го промовира интернет сајтот на Владата, посветена на Охридскиот рамковен договор
Прво: Во сторијата нема линк до интернет страницата, патем се обидов, не успеав да ја најдам. Помош!?!
Второ: Понатаму во веста никаде не се спомнува сајтот и што тој содржи, на пример.
Трето: Изгледа се друго било поважно, од овој настан, вклучувајќи ја и разболената министерка и проблемите со интернет мрежата.
И после пријателите ми викаат зошто не сум пишувал повеќе за локални работи. Е ајде де.
Дополнување
Јееее, ја најдов, се разбира кај државниот сервис, нека зборат сите што сакаат сеуште е закон МРТВ, дури и блог имаат.
Сајтот вчера не работеше па затоа не ставивме линк во веста каде што се спомнуваше.
Утрово забележавме дека проработил па го ставивме линкот.
Pingback: Komunikacii » МРТ Блог