2008 година на купче

И оваа година ќе ја задржам локалната практика, на крајот на годината повеќе да гледам наназад отколку нанапред. Секако полесно е да се гледа наназад, па откако ќе се замори човек на крај да се даде некое предвидување кое може и нема да го прочитаат многу луѓе 🙂

Како и да е, некои кратки, скромни предвидувања пишав во новиот број на „Click“, а тука по урнек на минатогодишниот пост, ќе соберам некои настани кои може веќе и ги заборавивме. Овој пат, освен блогов за преглед на настаните користам и Twiiter (благодарност до сите кои пишаа пораки со #mk2008) и Кајмакот. Ајде, со ред:

Јануари:

– Симпсонови ја се приклучија кон оние кои велат: Весниците се мртви
– Македонските пратеници постигнаа технолошки консензус
– Дневниот весник Време не излезе од печат
– Се направи пригоден спот за одбележување на Европскиот ден за заштита на личните податоци
Ајварот остана македонски бренд
– 15 години Елфаско
– Починаа Никола Кљусев и Борис Мајсторов

Февруари:

– Јаху го одби Мајкрософт
– МК блоговите беа расистичко ѓубре
Босанскиот претседател стана блогер
ADLog – прва фракција на комуникации.нет
– Се одржа првиот Face2Face настан

Март:

– Глобус објави текст со наслов: Блогерска интифада
– Се појави едицијата Блог записи
Global Voices на македонски
– Се појави Кирилица.ком.мк
– Македонска мечка стана светски хит

Април:

– Вест беше Добра Вест
CNN на Македонски
News Interactivity Index
– Излезе новата Нова Македонија
– Банките го кочат купувањето преку интернет

Мај:

– Се случи Glocal 2.0
– Се појави Курир.ком.мк
Шампиони на вербална демократија, текст објавен во Форум
Мојата Кирилица – нова кампања

Новите медиуми во политичката комуникација, епизода Избори
– Се појави CLICK IT магазин

Јуни:

– Новиот Firefox сруши рекорди
T-Home MK се рекламираше на Facebook
Face2Face II

Се уморив, ме мрзи да ги листам понатаму 🙂 но еве уште по нешто без календарски редослед. Ако не ти се клика на нив, ЗАДОЛЖИТЕЛНО погледни ги твитовите на локалните твитери и дознај по што другите ќе ја помнат 2008:

Аналитика го објави: Beyond Blogging: Macedonia: Exploring new media
– Facebook стана популарен (извор на информации)
– Нова Македонија, АлфаТВ и Тотал направија нови сајтови
– Ги доделивме Македонските Олимписки коментаторски медали
– Културен Живот објави текстови за блогови
– ФЕЈС организираше конференција: „Информатичкото општество и неговото влијание врз медиумите за млади“;
– Национални концесии добија мнооогу нови телевизии (мислам 17)
– Google направи прелистувач: Chrome
– Бевме дел oд Renaming Machine
– Се случи Blogopen 2008
ЦрнаОвца.мк планирано педизвика реакции 🙂

И на крај, бидејќи беше и на крајот на годинава, настанот по кој јас најмногу ќе ја памтам.

Отворена дискусија: Интернет апликации – развој, маркетинг и промоција
Материјалите од настанот, и заклучоците и препораките на Ѓокица

Чувствувам дека постов ќе трпи промени, па уште сега најавувам, ако сум утнал нешто, или сум заборавил додавајте во коментари, ќе го апдејтувам, ветувам 🙂

Патем, Среќна Зова Година!

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.