Среќна Нова Година!

Време е за патетични пораки кои треба да не направат похрабри и порешителни во новата година… ама мене не ме бива за такви пораки. Време е и за рекапитулација на она што се случило во изминатава 2013, ама мене ме мрзи да го правам сега тоа… Време е за ветувања за 2014 ама не сум јас човек кој ќе си ја прегледува цела година листата и ќе постапува по неа…

Време е за честитка, е неа се потрудивме да ја направиме задно со @natalija и @mufix

Најважно од се мислам дека е време за краток одмор (кој колку успее) и потоа назад на работа зошто само така може да се постигнат зацртаните цели… од небо фискални за наградна нема да ви паднат :))

Среќна Нова Година на сите, случајни и намерни читатели на комуникации.нет

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.