Date Archives 2005

Женско онлајн-мнозинство, засега само во САД

Интересен текст (токму овде) како кибер-просторот во САД веќе станува „одомаќен“ простор за женскиот дел од корисниците на интернет во кој тие полека преовладуваат, барем на кориснички план. Дали тоа ќе биде случај и на глобално ниво секако претставува друго прашање.

Вчера се сретнавме…

…четири генерации постдипломци на студиите по комуникации при ИСППИ и плус гостин ни беше Петар (Нјади).

Јас ставив неколку фотографии од оваа прослава, нив можете да ги надете преку Flickr, десно под снешкото или на следниов линк

Коментарите за сликите се добродојдени 🙂

60 нови пациенти

Во средата вечер (28.12.2005) на SkyNet TV стандардно си имаше јади бурек, а таму гостин Трендо. Во еден дел од муабетот тие ги спомнаа блоговите и блогерај и нормално го спомнаа Букаро.

Но муабетот ми е друг. По емисијата седнав на компјутер, а богами и вчерта денот го поминав онлајн, и приметив дека токму на гореспоменатиот сервис се случува нешто големо.

Побарав статистика од блогмастерот на блогерај и еве што добив:

60 регистрирани корисници и 101 пост од полноќ (00:00) до вчера до 18:00

Фала му на блогмастерот за несебичноста 🙂

МК-реклами

Овој пост и коментарот за две места подолу се чиста коинциденција 🙂 чесен пионерски збор.

Во секој случај следи линк и квалитетен текст од нашиот дневен печат за состојбите во оваа сфера од гледна точка на професионалноста, но и етичноста. Мојот кус коментар би бил дека она што се случува во PR-индустријата е мошне индикативно за промените во масовната и популарната култура заради тенденцијата комерцијалноста да ги диригира правилата на игра во секаков тип на јавна комуникација.

The Top 10 interesting people in the Blogosphere in 2005

1. Matt Mullenweg, WordPress
2. Mena Trott, Six Apart
3. Jason Calacanis, Weblogs Inc., (AOL)
4. Michelle Malkin
5. David Krug (aka Liberal Cowboy), Jack of All Blogs & the Team at Go Flock Yourself
6. Nick Denton, Gawker Media
7. Rupert Murdoch, News Corp
8. David Sifry, Technorati
9. Darren Rowse, b5media
10. Frank Warren, Post Secret

Подетално за причините порадо кои овие се нашле на оваа листа може да прочитате на The Blog Herald

Малку за реклами

Во описот на блогов се спомнати и рекламите. За жал на овој сегмент јас не му се посветувам многу. Вториот комуникатор кој е дел од овој блог (Сеад) “требаше” да биде таму поактивен, ама што е тука е.

Значи: Еве една убава информација од светот на рекламите т.е. рекламните агенции.

Идеја плус ДДБ” стана прва агенција во Македонија за комуникациски услуги која во своето работење го воведе меѓународниот стандард на управување со квалитет ИСО 9001:2000. …повеќе

И навистина станува збор за одлична агенција. Онолку колку што јас сум имал искуство со нашите маркетинг агенции, можам со чиста совест да ги пофалам и да кажам дека се неспоредливи со останатите. Рака насрце малку flash сајтот не ми е по ќеиф, ама внатре им е ОК решен.

Извор: Утрински весник

Дали оди на подобро?

Денес случајно дојдов до следниов линк: http://vreme.loginsys.com.mk

Дали станува за нов дизајн на интернет страницата на дневниот весник Време, или пак станува забор за нешто друго НЕ ЗНАМ. Но што и да е ми изгледа дека на арно оди.

Со повеќе информации во следното јавување.

__________________________
Ова е следното јавување:
(истиот ден неколку часа подоцна 🙂
Сајтот на Време е редизјниран, но процесот сеуште трае. Петар (Најди) не е среќен со оваа промена (пред два дена работел на овој сајт и сега се му паѓа во вода) но што е тука е. Сега Време (дефинитивно) има малку подобар сајт од пред тоа.

Еве уште еден доказ…

… дека народот со право не им верува на медиумите.

● Од генерално коректното известување на медиумите, исклучок се извештаите со сугестивни, прогнозирачки наслови или најави, како и исто таквите текстови и прилози во кои се прогнозираат идни настани врз основа на информации добиени од шпекулативни нејасни извори дефинирани како „доброупатени извори“, „дипломатски кругови“ или „неофицијални прогнози на некои дипломатски кругови“ и „неофицијални процени на владини кругови“.
Шпекулативноста на информациите е релативизирана со забелешката дека се тоа неофицијални прогнози, но тоа не го анулира фактот дека, сепак, станува збор за шпекулации. Авторите многу ретко нудат јасно именувани извори кои би ги потврдиле информациите, а оцените на шпекулативните „високи извори“, како единствен извор на информации, преовладуваат во целата презентирана приказна.
● Често, во приказни со две или повеќе засегнати страни, изворите од едната страна се прецизно наведени, додека изворите од другата страна се непрецизно именувани и тие не се цитирани туку интерпретирани. Има случаи кога медиумот не успева да го прошири кругот на изворите со посочените актери и сведоци, а не е наведено и тоа дали имало обиди за контакт со нив.
Понекогаш реалните факти отсуствуваат во корист на мислењата на актерите.

Извор: Медиумско огледало – Ноември (PDF)

Предвидувања

Листата ја започнавме со листатана Steve Outing, a сега на ред се и предвидувањата на Jason Calacanis, CEO of Weblogs Inc. – компанијата која ја одбележа оваа година продавајќи се себесе (својата мрежа на блогови) на AOL.

Неговата листа на предвидувања е многу конкретна и провокативна, па токму затоа предизвика и голем број на реакции кај засегнатите страни. Некои од нив не не` засегнуваат нас, но се значајни за понатамошното развивање на блогосферата. Во секој случај интересни се за читање.

Комуникација меѓу доајени

Деновиве се случи интересна дописка меѓу давајца македонски доајени. Едниот новинарски: Геро, другиот блогерски: Букаро

На кратко како одеше оваа работа раскажа Хоувиц. А јас само ќе си го додадам она што јас го приметив и ми беше интересно.

Имено секој од гореспоменатите актери си го користеше својот медиум во меѓусебната комуникација на крај (се надевам) успеаа успешно да се договорат.

Еден мој мал апел: Господине Геро, блоГчињата се ставени за да ги узурпираат луѓето, и пожелно е на нив да оставате пораки, за разлика од вашите весници во кои човек мора да направи нешто што е тесно сврзано со политика за да добие три реда простор.
Потегот со вашата страница (блогери) е добар, слободно продолжете и понатаму да го надминувате стравот од интеграција со новите медиуми, па здравје еден ден може ќе се решите рубриката блогери да ја ставите и онлајн за да може комплетно да се доживеат извадоците од постовите кои ги објавувате.

Today’s journalism is obsolete

Следнава колумна оригинално беше објавена на LANACION.com од Аргентина на 26.12.2005. Оригиналот е на шпански. Овој превод е направен од нејзината англиска верзија издадена на notasjuliangallo.blogspot.com на 22.12.2005

Автор: Julian Gallo
Професор по Нови медиуми на Master of Journalism (Maestría en Periodismo) програмата понудена од Универзитетот од San Andrés, Grupo Clarín и Columbia University School of Journalism

“You are what you know”
CNN

Крај на детството
Десет години по првото онлајн појавување на весниците, интернет новинарството се соочува со неверојатни предизвици и можности низ целиот свет. Колумните кои во последниве неколку месеци LANACION.com ми дозволи да ги објавувам, ми овозможија да истражам некои аспекти кои можеби се невоочливи за читателот, но кои можат да бидат значајни за иднината на вестите (news): Дали е текстот доволен? Дали новинарите треба да прават и да вклучуваат фотографии, аудио и видео записи? Дали читателите сакаат да гледаат, слушаат и да учествуваат?

Текст култура
Во последните десет години најголем дел од објавувачите на вести на интернет воспоставија начин на пренесување на приказната кој може да биде претставен со следниов графикон.

Сторија, Текст, Фотографии, Видео, Аудио, Линкови

Текстот е `рбетниот столб, телото, а и содржината на една сторија, и околу него се вклучени серија на додатоци од другите содржини – сфатени со релативна или помала важност – составени од фотографии, аудио, видео и линкови. Освен со линковите, авторот има мало или воопшто нема влијание врз мултимедијалните содржини кои го придружуваат неговиот текст.Во основа, сторијата која денес е објавена на интернет се уште се произведува како што со години наназад се призведувала во печатените медиуми. Авторот се занимава со важните работи (тој пишува), а останатите го зголемуваат или збогатуваат неговиот текст со додавање на дизајн и содржина. Во овој работен процес авторот е личност со еден талент: тој може само да пишува. Во ова сценарио некој е директно задолжен за изгледот, друг ги слика сликите, трет го врши нивниот избор, некој трет ги средува видео и аудио материјалите кои ќе бидат предмет на уредување од страна на друг човек и конечно “техничар” кој ќе го постави сето ова онлајн. Во една ваква структура се верува дека новинарот има помалку способности од еден тинејџер кој одржува свој блог.

Детал од Washingtonpost.com: Текстот е на страна; подредени се аудиото и фографиите на другата страна

Овој механизам ги задушува големината и раскошот на сторијата. Ако авторот нема контрола врз тоа што, каде и како мултимедијалната содржина ќе биде поставена, овие содржини неизбежно ќе бидат отфрлени од сторијата. Верувањето, како што е во најголем број случаи, дека способноста на читателот сам да ги провери содржините одделно само по себе е мултимедија (click to watch the video), е речиси еквивалентно на претпоставката дека ако изедеме малку марула, а потоа се напиеме две лажици масло за јадење, ќе добиеме салата. Некои работи мораат да се измешаат за да функционираат.

Оваа серија фотографии прикажува како одеше шишањето на мојот син. Сликани се со Nokia 7610 и објавени со помош на Flickr во моментот на шишањето. Со вметнувањето на овие фотографии во оваа колумна, не беа потребни зборови за да се опише тоа искуство. (во овој случај ставена е само една од фотографиите – погледнете го оргиналниот пост)


Сепак, поминаа десет години, а најголемиот дел од интернет медиумите се` уште се само израз на текст културата.

Зад ова преценување на зборот можеме да го откриеме и создавањето на структурите кои се само текстуални. За поинаку (подобро) да ги изведеме работите, ни требаат автори со нови способности и уредувачка слобода која досега не постоеше. За да се обнови новинарската практика ни требаат автори кои можат да одлучат каде да сместат фотографија, па дури и сами да можат да фотографираат. Зарем досега не станавме сите фотографи? Ни требаат новинари кои во нивните стории ќе имаат и аудио и видео записи. Зарем не сме сите експерти кога снимаме? Ни требаат и новинари кои знаат да раскажат сторија на интерактивна мапа, како што може да се види во неверојатниот документарец за Ernest Shacketon displayed in Google Earth (download) *Забелешка: Google Earth мора да биде претходно инсталиран Via Google Earth Blog

Постојат илјадници пречки за сето ова да се случи во мејнстрим медиумите. Но ова искуство на LANACION.com покажа дека ова е апсолутно возможно.

Конкретната методологија на работа развиена заедно со весниците овозможи да се отстранат неколку многу важни технички потешкотии. Всушност сите мои колумни се напишани на Blogger. Таму го презедов html кодот и потоа го испратив во редакцијата преку е-mail. Објавувањето на овие колумни имаше само неколку мали корекции. Употребата на платформата Blogger за да се создадат збогатени текстови не подразбираше развојно прилагодување за LANACION.com. Беше едноставно и бесплатно.

Сликата го прикажува кодот генериран од Blogger кој подоцна ќе биде испратен до LANACION.com


Употребата на Blogger како платформа за пишување значи дека може да имаме пристап до мултимедијална редакција без оглед на тоа каде се наоѓаме, во интернет клуб во Буенос Ариес или на аеродром со Wi-Fi конекција.

All senses
Дефинитивно мора да разбереме дека читањето не е исто како гледањето или слушањето. Зборот е клучниот елемент, но тој често не е ефективен. Еден пример:
Juan Domingo Perón (wiki) го кажа следново во говор во 1955 година (извадок):

“Answer violence with violence… And from now on, a permanent behavior for our movement is that whoever tries to break the order against the established authorities or against the law or the Constitution can be killed by any Argentine… If one of us falls today, five of them must fall tomorrow”.

Го објавив оригиналниот аудио запис од овој говор на Perón со цел да го споредам во оваа колумна преку бесплатниот сервис Castpost.

Слушнете го

Совршено е чист. Постои некоја дополнителна информација во звукот која не може да се пренесе во друг вид на запис. Можеме да кажеме, од информативен агол, дека двете и текстуалната и аудио верзијата се слични. Но кога слушаме, сфаќаме дека всушност не се еднакви. Би рекол дека се надополнуваат една со друга. Подобро можам да го анализирам пишаниот збор, но заканувачкиот тон можам да го примам само преку неговиот глас. Усмената верзија на Perón ме заплашува. Поентата е дека сликите, аудио и видео записите треба да бидат вметнати секогаш кога е тоа соодветно. Како читатели, треба да научиме да бараме, а не да бидеме лишени од мултимедијалните информации. Печатените весници се неми; Интернет медиумите не се.

Сега е можно
До неодамна, беше речиси невозможно еден автор да ја постави сета мултимедијална содржина која ја смета за релевантна. Како и да е, рамо до рамо со експанзијата на блоговите се појави и цела класа на нови бесплатни сервиси кои ни дозволуваат да архивираме и да дистрибуираме содржина, а тоа драстично ни овозможи да вршиме репродукција на содржината од другите медиуми. Зборовите како блогирај или “Embeddable Player” станаа екстремно популарни и опишувани.

Со цел да разбереме какви беа работите порано и какви се сега ќе го разгледаме следново. Секоја содржина во овој весник (освен некоја, вклучувајќи ја и оваа колумна) е зачувана на своите сервери. Тоа е класичен модел на “broadcasting” каде објавувачот ја дистрибуира својата содржина од својата опрема. Содржина на која тој ги поседува авторските права и менаџментот. Нацртав една скица за да ја илустрирам оваа идеја.

Од серверот на весникот до мониторот на читателот постои само една змислена цевка: Интернетот

Изненадувачки, иако оваа колумна има други содржини, тие не се на компјутерите кои им припаѓаат на LANACION.com, кој патем не ги поседува ниту правата, туку тие се наоѓаат во неколку компјутери кои сакаат да ги редистрибуираат содржините во оваа колумна. Јас се потпрев на Castpost за да го вклучам говорот на Perón, на Flickr за фото секвенците од кај берберот, и користев YouTube за серија на видео клипови кои ќе ги видите подолу. Овој механизам е наречен “Re-broadcasting”. Следнава скица прикажува како тоа функционира.


Селскиот пат на бродкастингот станува автопат со повеќе извори насочени кон исто место кое, благодарение на технологијата, се храни со содржини од неограничен број на корисници и нивната лична поврзаност со други медиуми. Ова е нешто што е многу радикално во историјата на средствата за комуникација, многу е едноставно да се објасни, но тешко е да се сфати.

Иднината
“If it works, it’s obsolete” A warfare industry motto.

Ten years after a newspaper in Argentina made its first appearance in Internet, and in the face of the fabulous changes that have taken place throughout the decade, it is legitimate to wonder: What will journalism be like in ten years time? What type of journalist will Internet need? What will we understand by “piece of news”? While we think of possible answers, the audio, photos, videos and maps already embedded in Internet pages, and generating new ways of telling a story, show that there is an obsolete element in today’s journalism. And that there is a new language ahead that we will have to learn how to write and read.

Извештај за “предвремено” предупредување

Сашо Ордановски вели: Јаноста не им верува на медиумите*. Моја грешка, тоа не го вели Сашо Ордановски, туку тоа го вели истражувањето на UNDP преку својот проект Извештај за навремено предупредување. (PDF од извештајот за Декември)

Вистинскиот проблем е што Сашо во последниот број на Форум+ вели дека тој е единствениот што го објавува делот од овој извештај каде се оценуваат медиумите. А резултатите (нормално) не се во полза на медиумите, инаку зошто не би ги објавиле 🙂

Дали навистина само една третина од јавноста им верува на медиумите? Или ова е само еден тренд на кој сме научени ние Македонците. Да си се жалиме, да искажуваме сомнеж и недоверба.

Па ако навистина не им веруваме на медиумите зошто нивната популарност е толку голема и зошто секојдневно со комшиите ги бистриме политиките кои ни ги сервираат токму тие на кои не им веруваме. Ја познавате ли агенда сетинг теоријата? (некако последниве неколку денови се поклопи често да ја спомнувам лин1, линк2).Според неа медиумите ни кажуваат за што да се расправаме по цел ден. Па ако не им веруваме зошто тогаш се расправаме за оние теми за кои токму тие сакаат да се расправаме?

Мене ме мачи и уште нешто друго. Медиумите не објавуваат она што не им одговара. Сепак човечки е да се прикрива она што не ти одговара, но сепак идеалистички ќе повторам МЕДИУМИТЕ ИМААТ И СОЦИЈАЛНА ОДГОВОРНОСТ. Па на крајот на краевите како е возможно да се подобри ситуацијата ако нема критика, или уште полошо ако некој не може да прифати критика

И на крај. Можеби тука и тука, се крие причината зошто токму Сашо ја објавува оваа тема, но сепак тоа што и сам го вовлекува својот медиум во лошата слика, апсолутно не значи дека си ги решил проблемите :).

*Текстот кој е повод на овој пост сеуште не е објавен на Форум+. Кога ќе биде објавен, тука ќе има линк 🙂

Дополнување на 26.12 Извор А1

Дали медиумите објективно и точно известуваат за:
Да Не Не знам
Економски прашања 37,0% 56,6% 6,4%
Политички прашања 24,2% 69,7% 6,1%
Меѓуетнички прашања 23,8% 69,1% 7,0%
Корупција 26,6% 67,0% 6,4%
Криминал 29,7% 64,3% 6,0%

Further step leading to the digital newspaper

И надвор и внатре. И на сонце и под сенка. Овде треба да следува и да врне и да вее, ама не може така!!!

Сепак станува збор за весник. И тоа дигитален. На крајот на краиштата и овој весник сега што го знаеме не може да издржи да му врне и веее 🙂

iRex Technologies BV планира на пролет да лансира гаџет во форма на електронски весник (e-paper). Направата е наречена Illiad комбинира дисплеј во форма на електронски весник со touch screen и бежична мрежна технологија.

According to the iRex website, the new product offers digital written content that “can now be read as easily and conveniently as the printed word on paper. The iRex Technologies E-reader provides true reading comfort, flexibility and versatility. …повеќе

Извор: Editors Weblog

Мултимедиа во медиумите

Изминатава година вакви примери имаше повеќе, но конечно се решив да пренесам еден. Станува збор за употреба на мапите на Google, во служба на партиципаторското новинарство.

На следниов линк NewYorkTimes поставил мапа на градот со совети и лични искуства од граѓаните за справување со штрајкот на јаниот превоз. Навистина интерактивно и корисно.

Да имаше вакво нешто Дневник пред два дена кога штрајкуваа таксистите верувам дека ќе беше најпосетена страница во градов.

Отворена врата

Јован почна редовно “да ми се меша” во темите. Тоа секако е добра работа. Имено станува збор за извештај од истражување кое е направено во неколку држави во Европа, а се однесува на навиките и начинот на перцепција на различни медиуми.

Од резултатите слободно може да заклучиме дека Македонија може тесно да се прилепи до Европа во одредени параметри, но (субјективно) мислам дека треба да се поработи на македонската младина.

Постот на јован – линк
PDF од извештајот – линк

WE THE MEDIA

Неколку препораки за сите кои се заинтересирани или сакаат да се заинтересираат за партиципаторското новинарство и за двонасочните медиуми. За да не звучат овие македонски термини како шпанско село на англиски соодветнава терминологија би била: participatory journalism, grassroot journalism, participatory media, grasroot media и така натаму.

Првата и најверојатно најважна препорака е книгата WE THE MEDIA на Dan Gilmore (pdf)

Втората препорака би било истражувањето на Shayne Bowman and Chris Willis под наслов We Media (pdf)

И уште неколку инттернет страници доволни како за почеток: New Media Musing, I Want Media, Participatory journalism links I, Reporter

Сега за сега доста е!!!

Информатичкото општество станува секојдневие

Фондацијата “е-Македонија“, чиј основач е Македонски телекомуникации, вчера на десет граѓански здруженија и институции за поддршка на информатичкото општество им додели грантови во вкупен износ од 45.000 евра ..повеќе

Мене ме чуди нешто друго. Како една невладина организација, т.е. Фондација во најголем дел составена од вработени во АД МТ и компанија (види сам) може да поседува домен со наставка .gov.mk

Или пак тука се гледа поврзаноста со покојниот претседател?!?

Извор: Вечер

Дали се случува нешто…

… или само мене така ми се чини.

Деновиве актуелна беше веста за трите нови интернет-портали кои ги изготви нашата влада. (линкови има едн куп затоа овде нема да има:)

Она што успеав да го забележам е тоа дека интернет изданијата (т.н. администараторите) на нашите дневни весници се потрудиле да постават линкови во склоп на оваа вест. Навистина вакво нешто не е честа појава земајќи предвид дека текстовите само ги вметнуваат во база на податоци.

Уверете се сами: Време, Утрински, Вечер разочарува само (администраторот на) Дневник

Што ли е потребно да се случи, за овие редакции да се освестат дека мора да ги развиваат нивните интернет страници?!? Да се надеваме дека ова нема да биде само исклучок, иако рака на срце има и други исклучоци но бидејќи се премалку не може да се признае трудот 🙂

Новогодишна честитка

Време е!!! Започнаа честитките!!!

Листата прв ќе ја предводи Steve Outing (американски колумнист, истражувач и автор на блог). Тој на сите кои се занимаваат со весници во својата последна колумна објавена во Editor&Publisher им пренесува 9 честитки лични желби.

New Year’s Resolutions for the Newspaper Industry
1. “I will discuss more, talk less.”
2. “I will dare to wiki.”
3. “I will be more interactive.”
4. “I will seek out ‘citizen advertisers.'”
5. “I will learn to turn free classifieds into money.”
6. “I will publish where the young people are.”
7. “I will devise a better Web site registration scheme.”
8. “I will become a podcast god.”
9. “I will not become complacent; I will remain alert.”

Agenda setting и блоговите

Во последниот број на култниот online магазине First Monday, е поместен еден текст кој сериозно ја разнишува agenda-setting теоријата. Авторот Aaron Delwiche тргнал од претпоставката на Steve Chafee (потребна е претплата) за промената на улогите на актерите во оваа теорија која тој пред неколку години ја предвидел во еден свој текст.

Постов го пишувам откако ги прочитав само воведот и заклучокот на овој текст. Agenda–setting, opinion leadership, and the world of Web logs.

Но комплетната верзија ја отпечатив и ќе ја прочитам во текот на денов. Најискрено ви го препорачувам тоа и вам.

Еве дел од заклучокот:

Во еден напис, објавен кратко по неговата смрт, Steve Chafee зборуваше дека новите медиуми ги трансформираат претпоставките на традиционалните комуникациски теории. Следејќи го равојот ова го воочуваме кај блоговите, тој предвидел дека “клучниот проблем за agenda-setting теоријата ќе биде промената од ставот дека медиумите ќе им кажуваат на луѓето за што да размислуваат во ставот дека луѓето ќе им кажуваат на медоимите за што да раскажуваат” Оваа студија докажува дека тој имал право. …повеќе