Date Archives 2005

Citizen journalism

Европа го доби својот нов медиум на партиципациско новинарство. По пример на OhMyNews сега и европјаните можат да се гордеат со ваков медиум. www.agoravox.fr е името и адресата. За жал е на француски но што е тука е.

The French daily Libération describes its new competitor as “one of the first completely free European citizen journalism initiatives on a grand scale.” The 150 to 200 contributors the site has already registered are essentially “blogueurs,” but come from varying backgrounds, from the unemployed to company bosses.
(link)

Ново од НАЈДИ

Најди, од сега има и адреса која ги покажува само блог постовите, од најновиот па наназад. Адресата е najdi.org.mk/blog. Во моментов адресата само прави редрекција кон нормално пребарување на НАЈДИ, но Петар вели дека еден убав ден може и поинтересен изглед да добие.
Петар, во име на мојот дел об блог заедницата, фала.
П.С. Денес е убав ден :))

ЧУМУ

Ветено, сторено. Вчера ја гледав емисијата и ќе си дозволам малку да коментирам.
Морам да пофалам дека за момент имаше теми кои беа интересни за слушање и гледање, според мене, по заслуга на претставникот на Microsoft и Јани Макрадули. Не ги ставам во подредена ситуација другите учесници, секој си носи свое искуство и знаење, но мене не ме интересираше каква е состојбата на факултетите.

Значи од целата дискусија која како повод ја имаше националната стратегија за информатичко општество јас го дибив впечатокот дека единствениот проблем што го имаме се 4% невработени информатичари. Цела емисија се расправаше како студентите не биле доволно подготвени, како факултетите немале солидна програма, како дипломираните информатичари веднаш се иселувале и така натаму. Во ред, сево ова е вредно но погледнете го насловот на стратегијата. ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО. Зар ако обезбедиме работа за сите информатичари значи дека веќе сме информатичко општество? Малку не е фер да се зборува за информатичарите како за загрозен вид кога секојдневно во весници има огласи за нови работни места токму за нив. Тие се еден од профилите кои менуваат најмногу работни места бидејќи можат тоа да си го дозволат. Бараат подобри услови, подобра плата и се разбира штом се преместуваат и воопшто штом работат претпоставувам се задоволни.

Дали намерно или не, не знам, но во емисијата не стана збор како оваа стратегија планира развој на е-општество, да бидам поконкретен е-влада, е-здравство, е-образование, е-комерција. Тоа стои во стратегијата, но за гостите тие теми не беа важни. Да се разбереме ниту јас, а што е најважно, ниту одговорните лица не мислат дека внесување на компјутери во училиштата и во државните институции претставува е-влада или е-образование.
Каде е дигиталниот јаз? Каде беше да се спомне дали воопшто има план како да се надмине тој, или дали има план да се постави правен систем кој би овозможил е-комерција, дигитален потпис, право на интелектуална сопственост и нејзина заштита.

Многу теми не беа дел од емисијата. Можеби јас очекував премногу но сепак се работи за информатичко општество а не за држава каде сите информатичари ќе бидат вработени.

Село, ама какво?

Денес во 21 часот на ТВ А1 тема на политичкиот лајф магазин ЧУМУ се компјутерите и информатичката технологија. И се разбира до каде е Македонија. Со нетрпение чекам да ја погледнам, имам неколку причини за тоа, но сега засега, само една ми го зема целото внимание. Сакам да видам кое е тоа КОМПЈУТЕРСКО СЕЛО чиј дел треба да биде и Македонија. Досега сум слушнал и прочитал за глобалното село, ама за ова компјутерсково немав чуено. Ова е само најава. Повеќе утре.

Потрага по вистинскиот модел

Како што е веќе познато најголемиот хендикеп за порастот на online вестите беше недостатокот на соодветен економски модел. Се до моментот додека online изданијата на весниците не почнат да прават профит, на нив ќе се гледа само како на можност за промоција. Оваа ситуација беше актуелна се до почетокот на 2003 година кога некои американски весници успеаја да профитираат од своите online изданија. Но ова беа само малку примери. Експертите се уште експериментираат со нови модели и содржини. *
Две нови содржини на страниците на американските весници можеби го пробиваат патот на новиот економски модел. Првата опција ја воведува Los Angeles Times. Тие на својата веб-страница воведуваат нова содржина наречена “wikitorials”. Се воведува нов дијалог со весниците преку кој на читателите им се овозможува да го дополнуваат текстот на страниците со помош на веќе познатиот Wikipedia модел. Втората новина ја внесува Chicago Sun-Times. Тие од својот весник ги кратат страниците со берзански податоци и ги поставуваат исклучиво online. Со оваа, но со префрлување и на некои други содржини тие (а по нив веќе и цел бран на други весници) директно ги кратат трошоците на печатеното

издание.
Дали овие нови содржини го градат новиот економски модел кој би бил соодветен за online изданијата на весниците останува да видиме.

* Online News and the PublicДодадено: 15,06,2005: Писмото со кое Los Angeles Times ги известува своите читатели

Се си има своја цел

Се сеќавате на блог-постот со наслов НАДМОЌ, е сега се си доаѓа на свое место. Google стана највредната медиумска компанија. Доколку сакате да прочитате повеќе, тоа можете да го сторите овде. Изгледа поминаа деновите кога мислевме дека некој само сака да му направи на народот добро. Изгледа ни кибер-панкерите не се она што мислат дека се.

Две во едно

Прво: Македонскиот пребарувач Најди го менува стилот на индексирање на блогови. Отсега целата содржина на блог-постовите ќе биде вклучена во пребарувањата. Браво за Петар. Толку.
Второ: На блогот на Redguy можете да ја најдете најкомплетната листа на МАК блогови. Доколку знаете уште некој информирајте за да се збогати нашава сеуште скромна блог заедница.

14.06.2005 дополнување: makedoblog.blogspot.com „официјална“ листа на МАК блогови

Чешка : Македонија 6:1 (МТВ : Македонија 10:0)

До кога нашиот национален радиодифузер кој се крие зад трите, светски прочуени букви МТВ ќе поттикнува градење на двоен национален идентитет? Откако првиот и вториот канал го поделија на македонски и албански (другите етнички заедници се присутни само во траги), а за третиот собраниски не вреди ни да се коментира, сега нашата национална телевизија, нашата национална “гордост” се обидува да го изгради нашиот интернационален идентитет. Па така за време на натпреварите од Лигата на шампионите (ве оставам да претпоставите колку наши фудбалски тимови играат во оваа лига) тие се пренесуваат истовремено на двата канала на нашата МТВ, за да не им се ускрати правото на нашите сограѓани Албанци да уживаат во натпреварите со коментар на својот мајчин јазик. И сето тоа би било убаво, нели ние како земја која толку многу сака да стане кандидат за членство во Европската унија, сакаме директно да се вклучиме во најинтересните збиднувања од областа на спортот, но жалосно е кога нашата национална репрезентација игра важен натпревар (не знам дали Албанци играат во нашиот тим), натпреварот се пренесува само на првата програма (македонскиот канал), додека за албанските граѓани не се врши пренос на нивниот мајчин јазик. Па, зарем спортот не е еден од најважните фактори во градењето на националната свест и идентитет. Зарем не треба сите заедно да навиваме за нашата репрезентација (и покрај слабиот резултат) или пак можеби на албанскиот канал ќе се пренесува секој трет или четврти натпревар за да се одржи нивото од Рамковниот договор за 25 процентна застапеност. Откако на вториот канал, извинете ако премногу грубо звучи кога го нарекувам албански, ни ја скратија државата и во временската прогноза на Албанците им се нудат информации за ветерот и температурата во градовите во западниот дел од Македонија, а не и во македонскиот дел од државата (како што би рекле новинарите од весникот Факти), зарем сега треба и фудбалот да го поделиме на меѓународен и интересен за целата нација и на македонски кој ќе му се сервира само на еден дел од нацијата, зошто “челниците” на албанската редакција веројатно не го сметаат за достоен да се пренесува на нивниот канал. До кога вака кон Европа?

Конечно текстови за преземање

Минатата година во јули во Виена, Австрија се одржа конференција „Информациските војни на Балканот во деведесеттите“, која се фокусираше на медиумските војни кои се случија напоредно со војните на просторите на поранешна Југославија. Македонија имаше свои претставници на оваа конференција од групата за комуникации при ИСППИ, која настапи со презентација чиј интегрален текст можете да го најдете во македонска и англикса варијанта на следните линкови:
Македонска верзија

Англиска верзија

Прекрасна глетка

Замислете, една држава да воведува информатизирање во нејзините институции а на повидок да го нема Microsoft. Прекрасна глетка. Е ова засега добро им оди на бразилците. Тие во своите министерства и останати институции инсталираат Linux.

The number one reason for this change is economic,” says Sergio Amadeu, who runs the government’s National Institute for Information Technology.

He explains that, for every workstation, the government is currently paying Microsoft fees of around 1200 Brazilian reais ($500; £270).

“If you switch to open source software, you pay less in royalties to foreign companies,” explains Amadeu. “And that can count for a lot in a country like Brazil, which still has a long way to develop in the IT sector.”

Мислам дека во денешно време онаа познатата: Тито на Сталин 1948 може слободно да се замени со: Lula (претседателот на Бразил) на Bil Gates 2005.

Bill Gates is so freaked out by this that he’s tried, unsuccessfully, to book a meeting with the President of Brazil, who turned him down. BRRRRRAAAAZZIIIILLLL!

За вакви адаптирања од неодамна The Social Science Research Council постави Wiki страница на која може да се најдат многу подетлни информации

Претскажување на иднината

Цената на дневните весници во Македонија се смени. Се разбира се покачи. Овој потег се очекуваше долго. Навистина кога ќе се спореди со порастот на цените на останатите производи и услуги овој потег слободно можеме да речеме дека дојде прекасно. Сега купуваме весници кои се поскапи за 50%, но дали на сметка на покачувањето имаме право да очекуваме и покачување на квалитетот. Јас мислам ДА.

И покрај економската логика која ги примора издавачите да ја сменат цената, сепак, мислам дека како оправдание или како борба за опстанок уредниците и сопствениците мораа да преземат некој дополнителен потег за да ги мотивираат читателите да не се откажат од својот дневен (т.е. вечерен) ритуал. Е тука лежи мојот наслов на овој блог-пост. Сега, како одговор на покачувањето, весниците излегуваат попладне, наместо навечер.

Замислете си ја ситуацијата: сте заглавиле еден час повеќе на работа, и по пат накај дома некаде околу 18:00 си купувате весник. Доаѓате дома и додека ви се олади салатата во фрижидер (ладилник 🙂 вие веќе сте ги разлистале утрешните весници. И потоа слободно можете да си излезете некаде на кафе или “не дај боже” во театар и ич да не му се секирате што нема да ги гледате вестите на ТВ.
Или едноставно можете да престанете да ги купувате се до моментот кога тие ќе почнат да нудат нешто што вреди да се плати.

Конференција

Деновиве во Сеул се одржува дванаесеттата конференција на светското здружение на уредници. Голем број на расправи веќе се започнати, дел се завршени а дел допрва треба да се случат. Одлично покривање и коментирање на она што се случува таму и кои се темите на кои се разговара може да се најде на нивниот блог: editirsweblog Само за најава еве дел од (за мене) интересните теми:

• Impressions of the digital media round table
• Blogs — Not as bad as the “traditional media” portrays them
• Dan Gillmor: Why traditional journalists shouldn’t be too angry about citizen journalists
• The Impact of the CompactМој совет посетувајте ја ова страница деновиве почесто.

Надмоќ

Дали ваквите работи треба да не восхитуваат или да не заплашуваат? Навистина од една страна изгледа многу практично и достапно, но кога човек ќе размисли малку доаѓа до констатација дека и онака глобализираниот свет станува уште поглобализиран т.е. од сега засега неколкуте концерни кои се борат меѓу себе се наближува ситуација во која нема да има реална конкуренција. СТРАШНО.
Имено, сега да кажам што е тоа што ме загрижува толку многу. Google, тоа е онаа страница со која го започнуваме секој ден, продолжува да се шири и тоа многу сериозно. На следнава страница (PC World) се презентирани десетте работи кои не сте ги знаеле за Google. Само како најава еве го нивното мото:
Google’s mission-“to organize the world’s information and make it universally accessible and useful”

Нови чекори

Бесплатен интернет за 460 училишта. Звучи прекрасно и многу позитивно води кон патот кој трансформира во информатичко општество. Оваа иницијатива ја покрена покојниот претседател Борис Трајковски. Реализацијата ја спроведуваат он.нет и Логин системи, a за финансиите се задолжени УСАИД. Ова честење ќе трае до септември 2007. Да се надеваме дека учениците и нивните претпоставени ќе се навлечат на оваа зависност и дека и по овој период ќе продолжат со користење на оваа мрежа. Паралелно со оваа вест деновиве кружи и веста дека Македонија ќе земе учество на Electronic Sports World Cup 2005. Постојат детални правила, репрезентации, па дури и владини програми за поддршка на оваа нова спортска дисциплина. Спортистите можат да бираат дисциплина: CounterStrike 5vs5 и Warcraft III 1vs1. И ова е еден чекор напред кон информатичко општество, само се надевам дека оние 460 училишта и нивните ученици нема да ги искористат своите компјутери само како подготовки за светскиот куп 2005.

Реално шоу, реални последици

Британскиот печат деновиве извести за трагичната сторија на една учесничка во локално „реално-шоу“ („Колонија“, изведено на остров во Австралија), која според нивните наводи извршила самоубиство. Станува збор за 17-годишната Карина Стивенсон (Carina Stephenson) која била пронајдена мртва блиску до нејзиниот дом неколку часа откако на своите родители им кажала дека излегува на прошетка. Весниците понатаму наведуваат дека Карина откако учествувала во „реалното-шоу“ се чувствувала невротично и била под силен психолошки притисок кој прераснал во сериозна психолошка криза. По овој настан психолошките влијанија на ваквите шоу емисии во вообичаено ригорозната британска јавност секако ќе бидат подложени на зголемено внимание и критика, но дали тоа ќе биде доволно за да воопшто се загрози цврстата медиумска позиција, популарност и исплатливост на овој нов „тв-еснаф“? Последиците (видливи и скриени) врз учесниците (но и врз гледачите) се нешто што во еуфоријата на нашето тв-време се гледа само post festum, додека ретко кој од нас е подготвен да разбере или да побара одговор на тоа што значи да живеете со денови (24 часа) неуморно следени од гладното око на јавноста, да бидете предмет на задоволување на ослободениот воајерски злодух на другите жеден за „опсценост“, скандал, провокативност и слично. Секој во таа игра навидум е свесен што добива (организаторите профит, учеснците награди, забава, популарност, задоволства, гледачите забава, сеир, ниски задоволства), но што секој од нив губи во таа игра? Имам чувство дека одговорите не се многу пријатни за слушање.

Чија популарноста опаѓа?

Пред некое време по интернетов проструија некои изјави и аналитички текстови дека весниците во нивната изворна форма изумираат. Можеби тоа е до некаде точно, но сепак мора да имаме предвид дека тие компании се истите оние кои (во најголема мера) го диктираат и известувањето на интернет односно on-line news. Сепак тие магнати си ја креираат својата политика многу професионално и ни малку наивно. Деновиве наидов на извештај кој обединува серија истражувања на оваа тема. Станува збор за употреба на on-line весниците во Америка. Зголемената популарност се должи на нивниот бесплатен пристап, но сепак компаниите имале и се уште имаат обиди, најчесто неуспешни, за да си ја наплатат пласираната информација. Сепак, едно е јасно, популарноста на електронските верзии на весниците се зголемува, приходите од реклами се зголемуваат, публиката станува побројна, еден ден најверојатно и таму нема да може да се пристапи до информација бесплатно.
За оптимистите остануваат блоговите, кои се сериозна закана за on-line новинарството, барем во Америка.
Подетално за истражувањето можете да причитате на: www.eMarketer.com

Јавни дебати

„Телетабисите” можеби не се најсреќниот пример како мотив конечно малку посериозно да се отвори една ваква дискусија, но сепак тоа не е најважното. Најважно е дека јавните дебатите за особено важни теми од секојдневниот живот влегуваат во медиумите и тоа на насловните страници и во ударните термини. Контролата на содржина на медиумите е особено важна, не само на електронските туку и на печатените. На чело со МАНГА цртаните, кои не верувам дека се директно наменети за најмладите, преку „релното шоу”, емисиите од типот на Шок шоу и слично (на ТВ) па до еротските (понекогаш и порнографски) содржини на средните страници на дневните весници.
Верувам дека кај нас ни половина од родителите кои заедно со своите деца секојдневно ги гледаат „телетабисите” не биле свесни дека еден од јунаците имал карактеристики на травестит. Да не говорам понатаму колку од децата можеле да ја примат оваа порака. Патем, станува збор за деца на возраст од 1-4 години, кои без разлика на полот многу често ги делат играчките и автомобилчињата и кукличките.
Оваа дебата на тема травестити или хомосексуалци можеби „држела вода” некаде во поразвиените општества каде овие појави се навлезени длабоко во социјалното опкружување на луѓето, но кај нас НЕ верувам.
Искрено се надевам дека конечно ќе почне повеќе внимание да и се посветува на медиумската содржината, а дека тоа како краен резулатат ќе донесе поголем квалитет.
И уште нешто: обајва дека некој неовластено објавил на интернет порнографски фотографии со цел да се спречи истата не би требало графички да биде збогатена со истите.
Во крајна линија и тоа го гледаат деца. (ова конкретно се однесува на дневник и неговата насловна страница од 11,05,2005)

Нов фронт за македонски производи?

„Македонската асоцијација на дигиталната забавна индустрија“ (M.A.D.E.) на 11.05.05 го претстави новиот фронт за создавање производи “Made in Macedonia”. Асоцијацијата ги презентира можностите и достигнувањата на своите членки, фирми и поединци, кои вклучуваат продукциски и пост-продукциски студија, фирми кои произведуваат игри и мултимедиумски производи, 2Д и 3Д студија, тренинг центри и невладини организации.
Целта на собирот и на активностите е промовирање и развивање на Македонија во земја која ќе биде присутна на мапата на светската дигитална индустрија.

Активностите на M.A.D.E. се подржани и од Мисијата на „USAID“ во Македонија.

Нова Прошетка

Можеби и не треба секоја нова (десно) поставена прошетка да ви ја напоменувам во овој дел од блогов но што е тука е. smartmobs.com е блог кој како подлога ја користи книгата со ист наслов. Меѓу другите овде пишува и Хауард Реинголд. А доколку сакате можете да отидете и на www.rheingold.com

ИДНИНАТА НА НОВИНАРСТВОТО: ВЧЕРАШНИ ВЕСНИЦИ

„Верувам дека многумина од уредниците и репортерите немаат контакт со нашите читатели“ , изјави минатата недела за „American Society of Newspaper Editors“ Руперт Мардок, шефот на „News Corporation“, една од најголемите медиумски компании во светот, не чудејќи се што луѓето, особено младите, ги отфрлаат весниците. Денешните тинејџери и оние од дваесетина, или триесетина години „не сакаат да се ослонат на фигурата налик на Бог, што од висина им кажува што е важно“, вели Мардок, и додава, „и тие секако не сакаат вестите да им се презентираат како проповеди “.

Прочитај на: www.sekojden.com.mk

ИНФОКОМ 2005

За да се оградам од сам почеток морам да кажам дека не го посетив овој ИНФОКОМ. Искрено не чувствувам потреба да гледам ситни дилери како даваат редовни попусти и овде онде по некоја софтверска компанија (секоја чест). Но не е целата да се излезе на саем за да се покаже со големината на штандот колку СМЕ јаки. Овој текст нема за цел да го коментира инфоком туку неговиот плакат. За жал никаде на интернет не можев да најдам официјална страница за овој саем па бев приморан рекламниот плакат, постер или како и да се вика да го скенирам од весник.
Што сакам да кажам: Македонија и нејзиниот саем за информатика е толу на високо ниво што ние бевме подготвени оваа 2005 година за време на инфоком да измислиме нешто што е на рамниште со машина за пишување и телефон. Браво за нас т.е. за вас инфоком. Стрпливо почекав да заврши и сега се прашувам што беше тоа што се измисли на инфоком. Мене овој „беден” плакат не ме мотивираше да го посетам инфоком 2005. ЗОШТО??
плакат