Date Archives 2005

PSP

Значи, ги поддесувате сите можни апликации за да ги примите новите вести, го ставате мобилниот на маса, го уклучувате радиото, терлевизорот, го проверувате RSS фидот, го симнувате подкастот и го продолжувате животот посреќни бидејќи сте ги прибрале сите информации кои може да се приберат.

ПОГРЕШНО

Едни Белгијанци не мислат така. Тие од скоро започнаа да подготвуваат вести во РЅР формат.
Дали може да се смета оваа играчка конзола како масовен медиум? Најновите примери најавуваат дека оваа практика ќе биде интересна за испитување во блиска иднина.

Во меѓувреме погледнете го рекламниот спот за оваа нова услуга.

Најпопуларен ПРВ пост

Се осудувам да претпоставам дека ова е најпопуларниот иницијален блог-пост на светов.
Не знам како се одвивале работите некаде на почетокот на милениумов но ова е вредно да се спомне.

Tim Berners-Lee, изумителот на www конечно има свој блог. timbl`s blog

На својот прв и засега единствен пост наречен So I have a blog Тim има сега засега 428 коментари.

it is nice to have a machine to the administrative work of handling the navigation bars and comment buttons and so on, and it is nice to edit in a mode in which you can to limited damage to the site. So I am going to try this blog thing using blog tools. So this is for all the people who have been saying I ought to have a blog. …повеќе


Extra! Extra! Tabloids Vs Broadsheets

Американскиот Project of Exellence in Journalisam објави студија во кој ги споредува двата модела на дневни весници: таблоиди и broadsheets (кој знае некој како се викаат на МК, нека пише, ќе го променам).

Истражувачите наведуваат дека традиционалните читатели може малку да се разочараат кога ќе согледаат дека таблоидите нудат повеќе информации.

Но, сепак ова истражување утврдува дека таблоидите ги покриваат темите многу по плитко, за разлика од овие другите. Но дека еден читател за 20 минути може да добие повеќе основни информации на повеќе теми преку таблоидот, во споредба со насловните делови од broadsheet-от

Сепак, очекувано идеалниот весник треба да ги комбинира добрите страни од двата модела.

The report suggests that the newspaper of the future needs to combine the positive aspects of each format to be a success: “Combining the broader news summary of the tabloids with the depth of the broadsheets on the key stories of the day may point to a way for newsrooms with fewer reporters to continue to cover the waterfront—and in a way that may serve readers better than simply covering fewer things or making every story a little shorter.” …повеќе

Подетално за ова истражување во PDF можете да прочитате тука (200 KB)

Во секој случај интересна тема за истражување. Можеби едно вакво истражување би можело да се направи и во МК. Момците во нивниот извештај ја имаат претставено и методологија по која работеле. Вреди да се искористи

Bulk информации

Во стилот на во последно време често озборуваните уредници од МК, еве еден блог кој може понекогаш да се свати како забавен, иако работава не е баш за забава.

Блогот се вика Regret The Error и си поставил задача да ги објавува грешките кои се направени во десетици весници од Америка. Навистина има интересни работи но еве една која е издвоена како најГрешка на годинава

Welcome to “Jew Jersey,” a short commute from “Jew York” – Denver Daily News (link)

Кондексот за правилата за пазарни комуникации

Македонската асоцијација на агенции за маркетинг (МААМ) го промовираше Кодексот за правилата за пазарни комуникации на македонските маркетинг агенции и својата веб страна

Агенциите не треба да ја злоупотребуваат довербата на потрошувачите и секоја порака објавена во рекламите треба да биде вистинита и јасна. Рекламните пораки треба да бидат естетски и во согласност со културната средина. Забрането е секаков вид на копирање или необвластено користење на туѓи идеи при правење на реклами. Ова се само дел од правилата на кои во иднина во своето работење ќе морат да се придржуваат маркетинг агенциите, кои се содржани во Кодексот за правилата за пазарни комуникации на македонските маркетинг агенции

Извор: КАПИТАЛ

DW на македонски

Можеби ќе изгледа како реклама ама деновиве се навикнав да ги слушам вестите на Deutsche Welle на македонски јазик. Се емитуваат на радио Равел и ми одговара времето токму кога одам на работа 🙂

Но постов има за цел да соопшти дека вестите можете да ги најдете и online. На следниов линк редовно се поставуваат најновите вести на оваа интернационална медиумска куќа.

Па доколку некогаш посакате да слушнете што имаат тие да кажат не заборавајте на оваа опција, а нормално нивните вести ги има и во пишан формат на овој линк

Мојот мотив за постов е што повеќе извори тоа подобро

Advertisers love blogs, that’s true

Bloggers are networking to find ways to bring in advertising dollars – and advertisers like it.

The vast majority of bloggers still write for free. For most, the satisfaction of publishing their thoughts and interacting with readers is reward enough. But an increasing number want at least a small return for their efforts — the question is how? …повеќе

Дополнување на 15.12.2005
Volvo claims to have received one million visitors to its web page via blog advertising. (линк)

ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА


Стигна решението за регистрација. За да нема забуни – здружението нема да се занимава само со МТ или само со АДСЛ. Цели на Здружението се:

  • поддршка во решавањето на проблемите и заш- тита на правата на интернет корисниците;
  • создавање услови за подобар, попристапен интернет за сите граѓани на Македонија;
  • создавање услови за поголема интернет пенет- рација во Македонија, и
  • промовирање на можности за продуктивна упо- треба на интернет.

Прва активност на здружението ќе биде подготовка на обука за новинари за интернет пристапот и интернет пенетрацијата во Македонија. Обуката ќе се изведува во соработка со Метаморфозис и ќе има за цел да ги запознае новинарите со можностите и проблемите на ова поле, за да може подобро да ја информираат јавноста. Медиумите и до сега ни беа едно од најсилните оружја, а се надевам дека во иднина ќе бидат уште повеќе. Повели ако имаш предлог.

Извор: р-Еволуција

Уништени десет илјади пиратски дискови

Најискрено се надевам дека станува збор за што е можно повеќе копии на испиратени македонски филмови, пеачи, пеачки итн

Линк до Метаморфозис

Newspaper Saved! Newspaper Saved! Read All About It!

Joe Mathewson, ПОранешен репортер на Wall Street Journal, банкар, адвокат, и професор по business journalism на Medill School of Journalism од Chicago има визија која заслужува внимание.

НЕПРОФИТНИ ИЗДАВАЧИ НА ВЕСНИЦИ

Идеја звучи изонредно, иако сега засега вакво нешто може да се очекува само во Америка.

Подолу само мали извадоци од текстот на Joe, објавен во Editor & Publisher

We’ve seen enough advertising and circulation stagnation to realize that if we don’t think imaginatively now about how to preserve them, we’ll have to think very imaginatively later about how we’ll get along without them, both as individuals and as a nation, and that’s not pretty to contemplate (продолжи)

But does “healthy” have to mean “profitable”?%Let’s dream for a moment about newspapering freed from the profit motive. Purists may argue that newspapers, like any other enterprise, should have to earn their way in the marketplace, and if they fail the market test, so be it. (продолжи)

A newspaper company, like a public broadcaster, could be organized as a not-for-profit (продолжи)

Паметни медиуми

Или некои медиуми се попаметни од другите, или едноставно работите функционираат по пропишан редослед.

Форум во својот нов број, демек ја допечатиле одново насловна страница, а во суштина мене ми изгледаше какосвесен потег. Причина да се посомневам во ова е што на задната страна нема две реклами на корица т.е. две корици туку само една. Но тоа сега не е темата на овој пост 🙂

Да се вратиме. Форум откирија сметки на Прчевски и во текстот многу ферски си кажаа од кои причини гоправат тоа.
* ќе им се распродате тиражот
* ќе им се појави насловната страница на други медиуми
(имаше и некои други аммо во моментов гонемам весникот при рака)

Судејќи по ситуацијата која се одвива изгледа им успева

п.с. Постов намерно нема линкови

Под Итно !!! потребна е сета можна интервенција

Постов го пишувам крајно изнервиран и максимално згрозен од она што штотуку го видов на најгледаната национална телевизија (линк).

Дефинитивно на Македонија и требаат сите можни нови медиуми, Citizen Journalism, партиципациски медиуми, блогови, wiki-станици и се што во моментов не ми текна да го набројам е не е традиционален медиум.

Денес во првите три хали на Скoпскиот Саем беа отворени две саемски манифестации. Еднатa беше саем на општините и градовите во РМ во организација на ЗЕЛС (програма), а другата беше петтиот саем на невладини организации (НВО Саем) во организација на МЦМС (програма).

Да се вратам назад. Во вестите на А1, вечерва имаше прилог за овие две манифестации. И од прилика одеше вака:

Денес на саем се случи панаѓур на општините и саем на невладините организации.

И потоа следуваше прилог за неуспешно организираната панел дискусија на градот Скопје во која тие сакале да ги чујат проблемите на граѓаните за сообраќајниот метеж, и оттука уште две три реченици за тоа каде имало метеж низ нашиот главен град.

И ТОЛКУ

Инаку како мало дополнување, НВО Саемот го отворија претседателот на државава Бранко Црвенковски, Ербан Фуере специјален претставник на Европска Унија и шеф на делегацијата на Европска комисија во Македонија, градоначалникот на Велес Аце Коцевски и генералниот секретар на МЦМС Сашо Клековски. Фокус тема на саемот е децентрализација а фокус земја Албанија. (повеќе)

Па сега вие погледнете ја програмата и учесниците на овој Форум на Граѓанското општество па пресудете сами на кој ранг била организацијата и дали заслужила повеќе внимание.

E-Paper

Можеби екологистите се вистинската причина? Можеби не?

Без разлика. Хартијата произведена без употреба на дрво се развива. Деновиве на една станица во Токоио е забележана инвентивна употреба на дигитален дисплеј.

Six A4 sheets of e-paper are on show for commuters in a snazzy transparent blue housing — allowing you to see how thin the e-paper is. The sheets of e-paper are being fed with the latest news stories via a wireless internet connection and are updated with new content every 5 minutes. Rather cool, although to the casual observer (read: soulless, speed-walking salaryman zombie that make up most of Tokyo station’s commuters) it will simply look like someone has gone to extraordinary lengths to frame today’s weather report. линк (via Gizmodo)

ФОРУМ +

По подолгата пауза, можеби заслужена, можеби не, Форум се враќа на интернет.
Пред неколку дена реков дека нема да ставам линк до www.forum.com.mk бидејќи таму ги нема содржините на актуелниот ФОРУМ+, и еве конечно пристигнува демант.

За динамиката и плановите на страницата ќе треба да се обратиме кај .аНТИ но сега засега едно е јасно бројот каде е објавено моето интервју е online.

Секако ја користам оваа прилика да објавам и директен линк до гореспоменатото интевју
Блоговите се најактивната он-лајн содржина во Македонија

WEBLOG is DEAD

Jorn Barger авторот на терминот WEBLOG, сака да го повлече од употреба овој термин. Оваа негова реакција доаѓа по објавувањето на сторијата на TheBlogHerald со наслов Starting a Blog.

Jorn, автор на легендарниот Robot Wisdom, во блогот наречен Robot Wisdom auxiliary на кој ги појаснува своите логови кои се објавени на Robot Wisdom објаснува зошто е револтиран од објавите на BlogHerald.

Таму се нудат две опции како причина за креирање блог
a personal-diary-style blog
or a topical-niche blog
повеќе

Понатаму во својот пост, тој ги анализира овие две дефиниции и ја презентира својата идеја кога го создал терминот и типот на веб страница под тоа име.

Jorn своја рекација (коментар) има оставено и на Starting a Blog Part 1: What to Blog about. Оваа реакција воедно претставуа и една, ако не и прва дефиниција за блог. Коментарот во целост оди вака:

Another possibility is the original one: log all the interesting articles/pages/sites you find in the course of your surfing, with your personal reaction.
This becomes a personal archive to augment your bookmarks file, and a multidimensional reflection of your individuality.

Навистина е интересно да се набљудува менувањето на дефинициите и сфаќањата за блоговите. Претпоставувам дека Јорн е изнервиран бидејќи неговото дело и визија ја оцрнуваат некои niche блогери кои пишуваат за блогови, а во најголема мера во главите се водени од бизнис логиката.

ДОКОЛКУ СТИГНЕТЕ СО ЧИТАЊЕ ДО ТУКА А НЕ СТЕ ГО ПРОЧИТАЛЕ ПОСТОТ НА ЈОРН – СТОРЕТЕ ГО ТОА СЕГА

Прилог кон актуелната тема

Најверојатно и блогерчињата на гранка знаат дека и Неделно Време ќе почне да објавува текстови од блогови. (претходен пост) Една многу квалитетна дискусија на оваа тема отвори Аниа
Започнав да пишувам таму коментар, но излезе малку подолго одошто очекував па еве ќе го продолжам муабетот тука.

Ќе почнам онаму каде што заврши Јован. (Печатот помага …)
Блогот е она што ќе го направиш.

Објавите во весник се само тренд, кој блогерите го поставуваат.
Кој прв почна да објавува текстови за блогови во МК? Блогер.
Кој прв почна да прави ревизија на неделните муабети? Блогер
Кој прв го направи академскиот текст за блогови? Блогер

Овие објави на хартија може да бидат регуларен дел од блоговите исто како што се коментарите, линковите, блогролот и триста други работи.
Само за да биде тоа така треба свесно да знаеме што сакаме да се постигнеме со објавите во весник.

А за некое време и тоа ќе помине, весниците ќе си најдат друга тема, и ќе ги баталат блоговите и фасцинацијата кон нив. До тогаш МБЗ ќе ја промени својата форма, структура и многу други работи. Но дали ќе промени на ист начин доколку го нема и овој дел со објавите на хартија останува мистерија.

Сепак мислам дека сите ние сме плод на традиционалните медиуми, никој не може да им одолее на нив. Сетете се на рекламата на Мастер кард. Задоволството на лицето на баба кога ќе ме прочита во весник БЕСЦЕНЕТО. За жал баба ми не знае да ме прочита на блог. И онака нема да ме разбере ни таму ни ваму ама за неа весник си е весник.

А богами и за мене весник си е весник
Некои работи едноставно не се споредуваат :))

Краткорочно решение

Дали сте се запрашале во последно време зошто под рака не ви доаѓаат последните броеви на ТЕА Модрна, туку на ЛаНова
Одговорот е премногу едноставен. НЕМА бесплатни дискови.

Лично мој став е дека тоа е одлично за “читателите” но убиствено за издавачите. Штом еднаш ќе се стави CD со весникот, веќе идентитетот се менува. И тешко дека некогаш ќе може да се врати на старите патеки. (Не е голем тој што има, туку тој што подарува) Дневник

А поклонот не може да биде исплатлив. Рака на срце ако имате многу реклами, спонзори и голем тираж, ова може да изгледа како одлична зделка. Но од друга страна колку долго (особено во МК) ќе може да се изнаоѓа соодветен поклон за да се одржи тиражот.

А тиражот е навистина незгодна работа. Прво сите го кријат како да е тајната за вечен живот, второ кога ќе прашате некој горд уредник или сопственик за бројка добивате број кој е многу блиску до добивката на лото.

Гневни на оваа практика (која секако не е измислена кај нас) се и неколку главни фаци во овој бизнис. Еве ја нивната реакција:

Murdoch: “People grab (the newspaper), tear the DVD off and throw away the paper. They’ve got to learn. That’s got to stop.”

Sinclair: “These vast expenditures on CDs and DVDs, they’re like injections of yippee beans – circulation suddenly goes up only to leave you in a thoroughly depressed state if you can‘t produce as good a CD this week as you did last week. It’s not a very flattering picture of the way newspapers want to promote themselves.”

The reality of giveaways is all too clear. They’re are used to sell papers which then improves Audit Bureau of Circulation figures which is in turn supposed to entice advertisers into buying more pages.

But when newspaper executives admit that consumer eyes are not scanning pages, it won’t take long for advertisers to realize that giveaways don’t benefit them afte rall.

Колку долго може да трае оваа практика? Или сите весници ќе постигнат договор, или еден ќе престане прв, па останатите ќе следат

Извор: Editorsweblog

Блоговите одат во печат

Технички гледано, се враќаме назад. Но во секој друг поглед македонската блог заедница чекори напред.

По херојскиот потег на .аНТИ кој го подготвува Блогерскиот билтен во Форум Плус, сега вакава најава има и од неделното издание на Време.

Мој извор е .аНТИ, а него извор му бил уредникот на Неделно Време Бранко Геровски. Подетално во неговиот пост: Радосна вест за македонските блогери

Македонски блогери од сите краишта на светов. Разбудете се!!!

МАКЕДОНСКИТЕ БЛОГОВИ СТАНУВААТ МЕЈНСТРИМ (претходен пост 1 2)