Date Archives 2005

Europe is more than you think

13% од европјаните редовно блогираат.

European Interactive Advertising Association ги објави резултатите од спроведеното истражување наречено ‘The EIAA Mediascope Europe Study’, со кое се констатирало зголемена употреба на медиумите во Европа

Генерално интернетот бележи наголем пораст од 17%, весниците 13% и најмал порст е забележан кај телевизијата 6%

Сменете ја агендата

Во интервјуто (Јас одговарав, .аНТИ прашуваше) кое минатата недела беше објавено во Форум Плус (нема да ставам линк бидејќи страницата на месечникот ФОРУМ не е соодветна) на едно место напоменав дека блоговите во одредени случаи се способни да ја променат агендата на традиционалните медиуми.

Иако за волја на вистината тоа многу поретко се случува во споредба со обратниот процес, сепак, низ светот помаркантните примери остануваат забележани и “воспевани” подолго време. Се разбира величењето го прават блоговите, кој друг?

Токму еден ваков пример деновиве се случил во Индија. Таму во случај со некое убиство, неколку блогери констатирале дека традиционалните медиуми не му посветиле доволно внимание, и се обиделе да ја интензивираат оваа тема.

In the immediate aftermath of Manjunath’s murder (November 19th) little coverage was given to the event in the mainstream media. On November 21st and 22nd the blogs Vantage Point and India Uncut both published posts condemning this lack of media coverage. A blog was then set up by the murdered man’s friends, called Remembering Manjunath.

Уште истиот ден имало реакција.

This blogsphere activity spurred on coverage in the mainstream media: “a trickle had begun. The same day, two newspapers, one news channel and a website carried the story. On November 25, 11 stories appeared in print and channels ran marquees with condolence SMSes.”

Целата приказна можете да ја проследите на тука или тука

Заклучокот е:
The world over, citizen journalism is inspiring (or coercing) main stream media into take participatory journalism seriously. Blogs play a significant role in both, and like in the present case, may be examples of both at the same time.

МОЖЕБИ е време да ги отвориме очите и да си ја испробаме силата. Не велам дека сега по секоја цена мора да измислуваме или да се обидуваме да актуелизираме некои работи, туку сакам да амелирам на ОТВОРАЊЕ ОЧИ

Извор: Editors Weblog

На Медиуми за Медиуми

Возбудлив ден, мислам за вчерашниов. Јас со пола сили се обидував да ги следам вчерашните емисиите на МТВ и Светла точка на Сител. И после нив се мислев дали денес да пишам нешто во врска со нив или не. Ама кога разгледав низ блогосферава дека се рчнале еден куп теми директно или индиректно сврзани и со темите во овие емисии, одлучив дека пост МОРА да има.

Физичарите би го нарекле ефектот на пеперутката, не знам колку може да биде тоа оправдание за овие ситуации ама вчера во Светла точка (се надевам дека во следниве неколку денови на Секој Ден, ќе го ставан транскриптот) една кратка и директна изјава на премиерот беше лоцирана како директен фактор на актуелизирањево на овие теми, темите околу новинарите, медиумите, корупција, слобода на говор и сл.

Немам намера да ги анализирам емисиите, туку само сакам да истакнам дека емисијата на МТВ мене ми се допадна 100 повеќе од Светла точка. Една од причините зошто е тоа така беше кажано токму од еден од гостите на МТВ. Не се сеќавам точно кој беше но констатација одеше вака: Сефте некој да направи емисија за новинари во која не се само новинари гости. Во спротивно се се сведува на тоа дека новинарите можат да ругаат кого сакаат (доктори, професори, политичари итн) а кога некој од овие ќе ги руга нив тоагаш веднаш станува збор за нарушување на слободата на говорот, притисоци, корупции и останати слични работи.

Мене ми е нејасен еден феномен. Медиумите, де факто ја поставуваат агендата на целокупната јавност во државава. Се разбира помоќните им ја поставуваат агендата на помалку моќните. Како тогаш може тие толку моќни медиуми да дозволат една реченица кажана од страна на премиерот (политичка минлива функција) да ги стави нвната професионалност, компетентност и аналитичност (доколку ја има) во ситуација каде тие меѓу себе си вадат очи.

Едноставно мислам дека покрај корумпирани треба да воведеме и уште една категорија на новинари. Новинари војници. Не е ништо ново, многупати сме биле сведоци како новинари меѓусебе си вадат очи во име на нечии други (туѓи) (политички) интереси.

За да не ги спојувам низ постов, еве ги дискусиите низ блогосферава кои се одвиваат деновиве: (мојот став го има на некој од нив 🙂
.аНТИ – Нешто против корупцијата кај новинарите
.аНТИ – .аНТИ Vs ТВ
Јован – Кривична со кривична се избива
Мијалче – Ставив банер, дали сум корумпиран

Штекулативни наслови

Замислете насловите и најавите на нашите медиуми биле манипулативни.

Медиумите ги користат насловите и најавите во функција на „оптички магнети“, за привлекување и задржување на вниманието на публиката, но и за сугерирање мислење или заклучок за личности, политики состојби, процеси или институции. повеќе

Ова е еден од новите заклучоци до кои стигнале истражувачите на Македонските медиуми. Секако во извештајот се повторуваат и наодите од претходните два извештаи, што може да наведе на два (неосновани) заклучока

1. Промените на медиумите се одвива толку споро што одавај се забележува на месечно ниво, или пак воопшто не се случуваат промени.

2. Кредибилитетот и упорноста на истражувачите никој не ја смета за релевантна и веродостојна па затоа и медиумите МУВА не ги лази што некој вели дека не работат како што треба.

Во секој случај оваа новава констатација со насловите верувам дека не настанала овој месец туку дека е подолга пракса. Рака на срце па и улогата на насловните целини е да привлечат читатели. (претходна објава) Замислете колку би биле досадни рекламите за кредити и останати производи доколку немаат атрактивни слогани.

Оттука може да претпоставиме кои други работи не ги бива уште веднаш кај нашите медиуми па да чекаме некое од следниве медиумски огледала низ емпирија да ни ги прикаже. Но мислам дека така нема да се постигне ништо. Едноставно некој ќе има на што (на кое истражување) да се повика и толку.

И волкот сит и овците на број, а МЕДИУМИТЕ исти кави што биле и пред тоа.

Извор:НВО Инфоцентар, Медиумско oгледало (извештај за октомври PDF 457KB)

Подкастинг

Веќе знаете за што станува збор. Од неодамна прифатен како еден од новите медиуми, повторно дел од (се чини) неисцрпната содржина која може да се најде на интернет.
Па бидејќи се третира и всушност Е медиум може малку повеќе да му посветиме внимание, иако кај нас не е заживеан. (како и многу други работи :))
Jeff Jarvis од The Guardian вели: “Beware: tomorrow’s stars are no longer necessarily interested in yesterday’s media.”
Оваа изјава тој ја дава по интервјуто со германката Larissa Vassilian автор на (во германија) популарниот подкаст Schlaflos in Munchen (Sleepless in Munich).
Vassilian produces a 5-minute recap of her life and muses thereof including reviews of movies, books, etc. through another podcast called Filme und So (Movies and Stuff). She does so all from the comfort of home with very minimal overhead – only about $100 for technical equipment and $10 a month for an Internet connection. With this small investment, Vassilian attracts 5-16 thousand people and is one of the top 10 downloaded German podcasts.
Jarvis says her story demonstrates the danger posed to old media by like ventures; “it’s hard for talent to rise and survive in your institutions. But on the internet, with her podcasts and thousands of faithful fans, Vassilian has the freedom to be herself.”
Слободата какоформа на израз која е карактерична за новите медиуми, особено блоговите, изгледа дека си обезбедува уште еден овој пат аудио медиум. Медиум каде дефинирањето на карактеристики неговите каарактеристики допрва треба да се случи
With more people turning to the Internet and more journalists like Vassilian going it solo online, functioning business models are certain to emerge. Old media has to adapt.
Се разбира широкопојасна интернет конекција е основен предуслов.

Извор: The Gardian

Стапува на сила

Новиот Законот за радиодифузна дејност, донесен од страна на македонскиот парламент на 9 ноември, годинава, е првиот закон изработен од страна на невладиниот сектор во соработка со Владата на Република Македонија. (НВО Инфоцентар)

Ама мислам дека овој пат невладиниот сектор не се прослави многу со својата работа. Имено, како што веќе пишувавме на блогов, овој закон уште пред да почне да се спроведува наиде на жестоки реакции во јавноста. Прво се побунија спонзорите на МРТВ (граѓаните) линк, а потоа и бизнис секторот, линк.

Blog Hui

Момциве решиле да направат конференција на тема блог. И сега за сега добро им оди со организирање. Не велам дека сега некој од нас треба да се пријави 🙂 туку само сакам да посочам на нивниот блог кој изгледа интересно, има интересни пораки и секако редовно пренесува до каде е организацијата на конференцијата. Овде може да ги видите темите со кои се повикуваат презентерите (линк), а на следниов линк се наоѓаат досега повиканите презентери (линк)

Едноставно идеjата да го напишам овој пост ми беше да се види на кој начин и на кое ниво работат луѓево на тема блогови низ светов.

Секако во иднина на овој блог се очекуваат интереесни содржини 🙂

Teens read newspapers

54% of teens (ages 12-17) spend one or more hours reading a newspaper in a given week, according to a study by Teenage Research Unlimited for the Newspaper Association of America. This is good news for the newspaper industry given the recent press about the multitude of issues that they are facing. Attracting the younger audiences is critical to the future success of the industry. … повеќе

Извор: 5W Mingon-Media Cafe

И З В И Н У В А Њ Е

НАЈИСКРЕНО им се извинувам на сите редовни и нередовни посетители на овој блог заради ненамерната грешка со коментарите.

Му благодарам на Moby кој ми ја посочи грешката. И им се извинувам на сите чии коментари беа несвесно задржани кај мене на draft.

Едноставно по грешка сум ја избрал опцијата да ги верификувам јас сите коментари. А притоа тие да не пристигнуваат на мојот маил. И кога отворив таму се запрепастив. Стојат коментари необјавени. ЗА СРАМОТА

Примете го моето извинување, (Moby, Goodbytes, Јован и сите други) ветувам во иднина ќе внимавам повеќе

А сега бурум прошетајте малку низ минатите постови и прочитајте ги коментарите кои се оставени 🙂

Мурдок се освести пред неполна година

Директен повод за овој текст ми е постот на Јован, насловен Мурдок се освести од сонот … и си купи провајдер. Веќе неколку месеци наназад ги следам активностите на Мурдок (пост 1, пост 2, пост 3, пост4) и според последниов текст на Медиа Гардијан, кој го има цитирано и Јован можам да воочам дека Мурдок преминува во следната фаза на својата експанзија.

Rupert Murdoch has forecast a gloomy future for newspapers with the growth of the internet, saying he doesn’t know “anybody under the age of 30 who has ever looked at a classified ad”

А што друго ги кажал сопственикот на Propertyfinder.com
Очигледно човекот сфатил дека стекнал (читај купил) предиспозиции за да може слободно да започне со пропагирање на новите медиуми.

А сите ние знаеме дека тој влезе последен, ама тоа во овој капиталистички свет изгледа не е важно. Одсега весниците нема ич да ги бива, се што е online ќе биде најдобро, само затоа што чичко Мурдок ќе реши така да биде.

Ама дали дечките од Google, Yahoo и останатите ќе му дозволата да се прави фраер на туѓ терен допрва ќе треба да видиме.

Blogger on blogging

Пред неколку месеци, поточно во јуни, претставив една нова содржина на блогот на Ребека (rebeca`s pocket). Таа најви дека новата содржина Bloggers on Blogging ќе содржи интервјуа со познати блогери. Интервјуата ќе ги прави еднаш месечно. И навистина така бидна.

Таа досега има направено пет интервјуа. Последното, кое е објавено деновиве е со легендарниот блогер Glenn Reynolds, автор на Instapundit, еден од најавторитетните светски блогови.

Погледнете ги овие интервјуа, имаат многу прашања чии одговори претставуваат многу практични совети за понатамошниот блогерски живот. А и башка интересни се нивните животни приказни.

Еве оваа прилика ја користам скромно да се пофалам себеси, а пoнескромно да го пофалам .аНТИ. Во редовната рубрика Blogging in the free world, во Форум Плус, оваа сабота беше објавено едно интервју со мене. 🙂

Мало појаснување

Ставив search на ПОГОДОК, под мојот blogroll. Деновиве неколку блогери забележале, меѓу нив и Јован, дека добар дел од посетите на блоговиве почнаа да ни доаѓаат токму од овој пребарувач. Јас тоа го воочив веднаш по неговото објавување, и морам да го пофалам, бидејќи многу убаво ги рангира блоговите.

Токму затоа, како еден вид благодарница десно може да пребарувате низ КОМУНИКАЦИИ и низ МК со помош на ПОГОДОК.

Можеби е до темите кои ги обработуваме тука, или пак до нешто друго, не знам, ама Комуникации редовно се појавува на првата страна на пребарувачиве кога предмет на пребарување е некој тема која тука била спомнувана.

Во секој случај Јован се потрудил да даде основни насоки како да се искачите погоре на листата на пребарувачите. Доколку не сте елементарно запознааен со овие работи ви советувам да ги прочитате. Корисни се!!!

Three reasons for newspaper digital development

As the printed word struggles, the Internet seems to be making up for it. Fortunately, most newspapers caught the digital wave a decade ago. But they have been slow to innovate. Below are a few reasons why newspapers need to pay more attention to online journalism.

Сите се насочени главно кон економскиот/исплатливиот дел, ама сепак може од овие три причини да се изведе и некој генерален развивачки тренд

Growth: the Internet is an area where newspapers can protect and gain market share over time, and this ultimately could help the newspaper stocks Advertising: Reuters reports that Internet advertising rose 34% in the third quarter of 2005 breaking the $3 billion mark

E-Commerce elaborates, saying that the “next wave” of Internet advertising will be even bigger with the inclusion of “multimedia ads bringing targeted video messages to the Internet in droves

Journalism: Multimedia is already changing journalism, adding new facets to newsgathering, dissemination and consumption. Newspapers are converging with other media.

Извор: EditorsWeblog

МИЗЕРИЈА – блогот на нашите новинари

Фала .аНТИ, ова ќе ти го памти целава МБЗ.

Значи официјално нашите новинари конечно имаат блог. И тоа заеднички. И конечно се разбира натерани од нивниот странски учител се приморани да се запознаат со блоговите и блоговите и блоговите.
Извинете требаше да пишува блоговите, постовите, и блогерите, ама го употребив нивниот речник.

Се на се, мизерно нека им е. За нив изгледа блоговите и новите медиуми се мизерија 🙁

Сега за сега толку, само ќе ве замолам да ги разгледате нивните први постови и коментарите на нив. Па после ќе можеме да подискутираме за дефиницијата која ја пренесов од кај Мијалче.
ДАЛИ ВО МК ОВАА ДЕФИНИЦИЈА ВАЖИ?

Дефинитивно не го бива

Пак за новиот закон за радиодифузија. “Сиротиот” уште не почнал да се спроведува а веќе му ги открија дупките и се побунија против нив. По претходните проблеми кои произлегуваат од него (претходен пост) на повидок се и нови лоши страни.

Веста ја пренесе Канал 5

Радиодифузна такса ќе плаќаат сите компании без оглед дали имаат или не телевизор. Ова го предвидува новиот Закон за радиодифузна дејност што деновиве стапи на сила.
Во поголемите компании кои треба и најмногу да одвојат за МРТВ веќе негодуваат. Велат кај нас нема телевизори и нема време за тоа, а треба да плаќаме гледале или не гледале. Реагира и Услужната комора од сојузот.

Интегрално Членот од законот преземен од веб страницата на Советот за радио дифузија (се надевам дека страната е апдејтирана и дека ова е новиот закон) гласи вака:

Радиодифузна такса плаќа секој корисник на радио и телевизиски приемник.

По исклучок од став 1 на овој член Владата на Република Македонија на предлог на Советот ќе определи кои корисници на радио и ТВ приемници, како и подрачја кои не се покриени со квалитетен радиотелевизиски сигнал, нема да плаќаат радиодифузна такса.

Семејното домаќинство како корисник, независно од бројот на радио и ТВ приемниците што ги поседува, плаќа една радиодифузна такса.

Претпријатијата и другите правни лица, освен државните органи и воспитно-образовните организации и јавните здравствени организации плаќаат радиодифузна такса за секој радио и ТВ приемник што ги поседуваат, како и за приемниците вградени во нивните моторни возила.

По исклучок од став 4 на овој член, хотелите и другите угостителски објекти и социјални институции плаќаат по една радиодифузна такса за десет соби опремени со радио и ТВ приемник, а секое друго правно и физичко лице, освен радиодифузните организации, плаќа по една радиодифузна такса за 20 вработени чии работни места се опремени со радио и ТВ приемник.

Корисниците од ставовите 4 и 5 на овој член кои поседуваат само радио приемници плаќаат 1/3 од утврдениот износ на радиодифузната такса. …целиот закон

Извор: Канал 5 и СРД

МТВ го суспендира законот

Дневник и денес продолжува со истражување на случајот од саботата кога МТВ директно го пренесуваше конгресот на ДУИ. (претходен пост) Во обид да дојдат до одговори од одговорните личности се соочиле со редовната пинг-понг практика во Македонија.

Тие се обиделе да добијат објаснување и преземање на одговорноста од директорката на МРТВ Гордана Стошиќ, од претседателот на собранието Љупчо Јордановски па дури и претседателот на државата им влегол во шема … подетално

Она што јас можам да го заклучам од целава ситуација е дека новиот закон за радиодифузија кој беше најавен како добар за сите страни (претходен пост) сепак не е така добар.

Имено според него, како што изјавува Стошиќ за Дневник: програмските сервиси самостојно решаваат за програмата и за нејзината реализација во рамките на постојните буџети

На ова кога ќе се додаде изјавата, односно интерпретацијата на новиот закон од страна на Снежана Трпевска, која вели: со новиот закон не се предвидени санкции, туку предупредување до прекршителите на законот. По две такви предупредувања, Советот е должен да го извести Собранието

МОЖЕМЕ слободно да извлечеме заклучок дека националната телевизија за која сите ние плаќаме е всушност телевизија која застапува крајно лични интереси.

Извор: Дневник

Паралелни светови

Со мало закаснување ама еве ја пренесувам и оваа информација:

Во организација на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и невладината организација СУНА, вчера во Скопје се одржа трибината на тема “НВО и медиуми – коалиција за демократски промени”.

На трибината, на која учествуваа по двесестина претставници од граѓанскиот сектор и медиумите, за жал не се разви конструктивна дискусија за искуствата од досегашната соработка и преминувањето на евентуалните пречки за соработка. Средбата го потврди евидентниот недостиг од квалитетна и постојана соработка на граѓанскиот сектор со медиумите како и фактот дека моменталниот повремен, несоодветен и неефективен пристап на медиумите кон невладините организации и обратно, резултира со непрепознавање на улогата и значењето на граѓанскиот сектор.

На прес-конференцијата што и претходеше на трибината беше најавено дека оваа средба е само дел од проектот “Регионален развој на капацитетите на граѓанското општество во Србија, Косово и Македонија”,во рамките на програмата КАРДС, што во соработка на ИСППИ и невладината организација СУНА ќе опфати уште четири вакви средби за различни аспекти од вклученоста на НВО во општествените случувања. …повеќе

Извор: НВО Инфоцентар

Голем јавен интерес

ДУИ во живо на МТВ Дневник, сабота 19.Ноември

МТВ канал на ДУИ Дневник, понеделник 21.Ноември

… Повторно се потврди тезата дека власта во желбата за побрз влез во ЕУ може да ги смени и сите закони, но уште долго ќе тропа на европските порти ако не научи дека треба и да ги применува. Дека на раководни функции заслужуваат да бидат само професионалци, а не партиски војници. Во спротивно, како МТВ ќе ги убеди граѓаните да си ја извршуваат обврската и да плаќаат претплата? (дел од колумната на Мариела Трајковска)

ЈАС НЕМАМ КОМЕНТАР, само ќе потсетам на еден постар пост објавен тука

Медиумите не сакаат мрчење

Интересен развој на настаните се случува во Шведска. Имено блогот Media Culpa во преку нивното истражување констатира дека 6 од 10 медиа блогови немаат коментари. И не само тоа:

– 6 out of 10 newspapers do not allow comments on their blogs.
– Only 53% of the newspapers have RSS feeds for their blogs.
– Almost 3 out of 10 don’t have permalinks, something at least I think is a minimum requirement for a blog. Without permalinks a blog is probably nothing more than an online diary.

За деталите од истражувањево посетете го овој линк

Судејќи по ова мало истражување може да се запрашаме дали и во останатиод дел од светот се забележува истава пракса.