Date Archives 2006

Al-Jazeera, Чад и слободата на говор

Баш некако ми е мерак што следнава приказна ја пренесувам преку english.aljazeera, особено откако ја водов нивната нова редакција во Лондон. (New Al-Jazeera hits airwaves)
Сега за Чад. Медиумите во Чад поради скоро прогласената вонредна состојба се наоѓаат во следнава ситуација:

Advanced copies of newspapers must now be submitted before publication and are cut by the censor. Radio stations must also provide their pre-recorded material for censorship and they can be fined for live broadcasts which stray from guidelines. …Al Jazeera

според најавите вака ќе им биде 6 месеци, бидејќи толку време претседателот на ова држава прогласил вонредна состојба.

Како одговор на оваа цензорска политика, дел од приватните медиуми ќе штрајкуваат, ама не со глад, и не кукавички со црн екран една минута пред вести туку многу повеќе:

Six private newspapers will not publish over the next two weeks, while several private radio stations will observe a three-day period of “silence”. …Al Jazeera

Читајќи ја оваа вест се запрашав. Доколку ваков долг штрајк се слчи во МК, колку луѓе ќе приметат дека нешто им недостасува? И кога ќе приметат? И еве уште едно прашање? Што конкртно ќе им недостасува?

IFRA special report: Web 2.0

Задолжителна литература за следниве неколку денови.

web 2.0 ifraIFRA, the newspaper and media publishing association, is releasing a special edition report of its newspaper techniques magazine. The issue focuses on the novel tools and challenges encountered with Web 2.0.

The report, named “The Publisher’s How-to Guide Web 2.0,” covers many aspects useful for newspapers and publishers in a new era of interactive web design.

What’s Web 2.0? The report explores its various facets and complexities, but also provides an accessible definition: it differs from Web 1.0 “in three key ways; the public are becoming the publishers, they are defining how they see information, and they are building communities in the process.” …EditorsWeblog

еPaper верзија на англиски достапна тука: The Publisher`s How-to Guide Web 2.0

Newsrooms

What`s next: Innovations in newspapers при објавата на фотографија за една редакција или деск (како сакате) во Аргентина, побарал од своите читатели да му испратат слики на редакциите ширум светот.

Сега, неколку часа подоцна има 15 поста со слики од различни редакции.

Од овде се започнува: El Periodico Austral Rio Gallegos, Santa Cruz, Argentina

Ова е редакцијата на Daily Telegraph

The Toronto Star

Продолжете сами:

The Bloomberg The National Post The New York Times The Toronto Star USA Today Reuters The Mainichi Al Jazeera The Washington Post

Како изгледаат наште редакции? Има некој фотографија? Пратете.

Структурирана читателска публика

Еве една листа во која се опшува профилот на читатели на најпознатите Американски дневни весници. Мотивирани од неа, барам помош да составиме некоја слична ваква листа за нашата крајно „издефинирана” читателска публика.

1. The Wall Street Journal is read by people who run the country.

2. The Washington Post is read by people who think they run the country.

3. The New York Times is read by people who think they should run the country and who are very good at crossword puzzles.

4. USA Today is read by people who think they ought to run the country but don’t really understand The New York Times. They do, however, like their statistics shown in pie charts.

5. The Los Angeles Times is read by people who wouldn’t mind running the country—if they could find the time, and if they didn’t have to leave Southern California to do it.

6. The Boston Globe is read by people whose parents used to run the country and did a far superior job, thank you very much.

7. The New York Daily News is read by people who aren’t too sure who’s running the country and don’t really care as long as they can get a seat on the subway.

8. The New York Post is read by people who don’t care who is running the country as long as they do something really scandalous, preferably while intoxicated.

9. The Miami Herald is read by people who are running another country but need the baseball scores.

10. The San Francisco Chronicle is read by people who aren’t sure there is a country, or if anyone is running it; but, if so, they oppose all they stand for.

Присуство на магазините на интернет

The Bivings Report компанијата која пред некое време спроведе истражување за присутноста на весниците на интернет, по слична методологија сега врши анализа на најпопуларните американски магазини т.е. нивното интернет присуство.

Фокусот на ова истражување бил застапеноста и употребата на web 2.0 содржините. А резултатите поразителни.

И покрај тоа што магазините не ја реплицираат својата соджина (како дневните весници) туку креираат нова содржина која најчесто служи како дополнивање на магазинот, сепак нивната главна нескриена цел е да ги натераат читателите да се претплатат на печатената верзија.

Ова се дел од поинтересните заклучоци:

  • The most common online feature offered by magazines is RSS feeds (48 per cent)
  • Just 14 per cent of websites use podcasts and bookmarking; eight percent allow comments on articles; and six per cent use tags
  • 40 per cent of the magazines offer at least one reporter blog
  • Video is an offering on 34 per cent of websites

Детали на The Presence of Magazines on the Internet

Истражувањето во .doc тука

Online vs. Print

Зошто печатените медиуми секогаш ќе ја пренесуваат пораката полесно од оние на интернет? Графичките можностите кои ги нуди печатениот дизајн се разликуваат од оние на интернет. Барем сега за сега. За во идниина ќе видиме.

Еве на крако како изгледа дизјанот на интернет денес, сумирано од уредникот на Данскиот Computerworld Online, каде тој го објаснува новиот дизан на нивниот сајт, но не е далеку од секојдневната слика.

  • Articles are no longer organized by priority, only by time stamp.
  • Priority has been given to tagging all articles. The idea is to focus on building related content around articles.
  • All headlines are the same size, no matter how important the story.
  • The entire site navigation has been hidden under a link.
  • Some ads are the same font size and type as news articles, but have been marked with a grayish “advertisement” label.
  • All users now can blog on the site.

Во постот каде јас наидов на оваа тема, (Here’s The News, Help Yourself)(EMedia Tidbits) авторката пренесува една изјава на Anne Kirah (Microsoft’s anthropologist)

Print media is capable of things that the online can’t do. The text, the layout, the colors, the layout, and the context makes it easier to remember and understand things when we see it on paper.”

Искрено не ми пречи да ги добивам вака информациите (во форма на фид) но рака на срце графички потешко, да не речам воопшто, не може да се запамтат сториите на интернет. Јас би сакал можната интервенција да нес е прави во фидовите, или сајтовите да станат фодови (налик на овој данскиов) туку да се работи на дизјнот на секоја строја поединечно.

“You Witness” vs “I-Reports”

11„Yahoo Inc.“ во соработка со „Reuters“ започнува со нов проект во кој ги покануваат своите читатели активно да се приклучат во оформувањето на нивните вести со испраќање на свои слики и видео записи. Што се однесува до Yahoo ова ќе се одвива преку сервисот отворен за читателите наречен „you-witness“, додека Reuters ќе го прави преку истиот сервис на својот сајт.

The Internet media company (Yahoo) said it has created a news contribution system called “You Witness” and is working with news and information company Reuters Group Plc, which will edit and distribute selected photos to other news outlets.

Иако ваквите проекти во последниве 2 до 3 години и не се толку невообичаени (кај нас покрај „Шпиц“ 🙂 имаше дури и една акција да се испраќаат фотографии во изборот за најголема дупка по улиците на Скопје), овој пат важноста на играчите кои влегуваат во соработка може многу да влијае врз процесот на вклучување на „публиката“ во создавањето на вестите. За разлика од сервисот на CNN “I reports” за кој не се плаќаат хонорари, Yahoo и Reuters ќе им исплатуваат на своите соработници преку “You Witness”.

“We want to expand the initiative to include text stories, but photos and video were the most obvious way to begin,” said Scott Moore, head of news and information at Yahoo Media Group.

Интересно е што во официјалните соопштенија и вестите кои се однесуваат на ова и двете компании никаде не го спомнуваат терминот „Citizen Journalism“ (иако проектот ги задоволува условите за тоа според приложенава дефиниција), и целава работа се претставува како „news contribution system“ и „amateur journalism“. Дали се работи за маркетинг стратегија на свежо претставување на проектот или нешто што намерно и подлабоко ќе го редефинира концептот на „citizen journalism“ останува да се види.

Каролина се врати дома набилдана а на Хималаи 35 степени!

Па каде го има ова? Не, не е во жолтиот печат, туку во неколку скорешни реклами циркулирани низ домашните медиуми. За да во приказната за недоволната медиумска писменост со право ги вклучиме и локалните PR-субјекти ќе мора отпрвин да им преречеме по некој збор за пропустите кои ги прават. Рекламните агенти денескa како аксиом го земаат тоа дека разголените женски тела најдобро продаваат се (од шампони до коли), што и кај нас е најчест случај, но тоа и не е најголемиот проблем…
а) Каролина се врати на своите локални корени и рекламира домашни сокови (супер), но овој пат со својот откачен евровизиски „фустан“. Естетски, исцртаните мускули делуваат прилично гротексно, етички, целата разголеност на печатената реклама е прилично невкусна кога производот им се препорачува на деца. Еуфемистички кажано, лошо и несоодветно за публиката кон која се цели.

1

б). Вториот пример во рекламата за минерална вода е дури и прилично „пост-модернистички“ во својата „откачена“ комбинаторика на тела и сцени, но ако девојката морала да биде разголена, зарем мораше во позадина да бидат Хималаи-чни прикази? Очигледно глобалното затоплување е потценет феномен како и интелигентноста на публиката .

2

Ако односот спонзор рекламен субјект не ни е за коментирање, останува само да се каже дека малку повеќе внимание за вкусот и почит кон публиката, веројатно би била добродојдена.

Повеќе е помалку (или по краток блок вести се враќаме на рекламите!)

Не сум сигурен дали некој веќе во локалнава блогосфера ја допрел темава (Дарко коментирај ако треба, плиз), но јас ќе се преправам како да сум го „измислил проблемов“ и ќе напишам „одважно“ што мислам за тоа. Се работи за вестите и рекламите во нив или поточно за рекламите и вестите во нив. Присутноста на рекламите според мене во тв-вестите доби безобразно грандиозни пропорции што допрва сега мислам дека го сфаќам значењето на онаа гномската на нашите постари „Кај отиде светов?!?“. Да, да знам дека тие „као“ живеат исклучиво од реклами, но што е многу многу е.
Значи шемава е следна: Сакате да гледате вести? Е па пуштете ги соодветните вести што ги следите или што ќе ви налетаат, видете ги „главните вести“ во воведниот дел, свртете на некоја музичка телевизија или на Fashion TV едно 7-8 минути и вратете се да ги одгледате вестите кои ве интересираат или засегаат, сеедно. Кога ќе заврши блокот (домашни, економски и други вести) повторете го истото во времетраење од 5 минути, па вратете се на истите.

Vesti

Значи, никој нема против телевизиите да си имаат многу спонзори и среќно да си живеат со нив „ever after“…но за што овде всушност станува збор? Ај да не кажам дека така не се прави на запад или тоа го нема во препораките на Европската комисија, туку ќе кажам: Па за што не мислат тие? За некои дебели дебили заседнати фасцинирани пред ТВ кои онака ги мрзи да го помрднат прстето на далечинското и впиваат се што ќе натрупаат во нив?

Значи, насловот на постот би реферирал кон некаква идеја дека повеќе реклами е помалку рекламен ефект, но тоа и не е толку битно, за мене барем битно е што медиумската (не)писменост кај нас е двострана, значи не се само гледачите тие кои најчесто се неписмени медиумски (сепак мислам дека доволно се писмени за да ги одбегнат или игнорираат спомнативе рекламни шеми), туку и самите медиумски актери се прилично неписмени и ги потценуваат своите конзументи кои им ги продаваат на своите спонзори.

Да беше ова некој „мифка“ медиумски прилог ќе употребев синтагма „некои медиуми“ и „фино лепо“ ќе си ја пренесов пораката, но бидејќи тоа не е случај, еве ја мојата топ листа на тв-куќи најконтаминирани со прекумерно количество на реклами во информативните емисии:

3. Сител

2. А1.

1. Канал 5.

Yahoo Mixd

Прашање на време беше кога големите компании односно големите social network сервиси ќе се свртат кон мобилните телефони. Медиум (ако може да се нарече така) кој најмногу е прифатен од младите, насекаде низ светот.

Првиот конкретен чекор веќе е направен. Yahoo, стигна да го престигне МySpace и да го стартува Mixd.

Mixd is about going out. Coordinate last-minute meetups, share pictures and videos from your phone, and remember last night on a website we create for you, automatically. …Mixd

Во најавата на овојнов сервис претставникот на Yahoo (Scott Gatz, senior director of Yahoo’s Advanced Products Group) вели:

The service is centered on making it easy for groups of friends to use text messaging as a way to organize a party, meet in a restaurant, attend a football game or arrange any other social activity. Yahoo expects users to form a lot of ad hoc groups around particular events, and use the service’s “reply-to-all” feature as way to communicate collectively. Individuals can also have private conversations, and people have the option whether to join a group. The creator also has the option of kicking people out. …InformationWeek

Тојисто така најавува дека ова е само експеримент, немаат некој посериозен план и дека:

Yahoo doesn’t have a business model for the site yet. “It’s really about testing, and gathering user feedback. …InformationWeek

Јас за ова последново не му верувам. 🙂

Во меѓувреме и YouTube не губи време и во ексклузивен договор со Verizon Wireless им овозможи на дел од своите корисници поставување на видео клипови преку мобилен телефон, но и гледање на одредени канали преку мобилен. Verizon Wireless to feature YouTube videos

Имате денешен Дневник?

ОВА НЕ Е РЕКЛАМА

Во петокот вечер, некаде оклу 20:00 ми текна дека за потребите на моето академско образование ми е потребен дневниот (петочен) број од дневниот весник Дневник.

Се наоѓав во Карпош, карши Зоолошка, и си реков ај по пат накај дома ќе најдам на трафика денешен број, веројатно сеуште не се донесени утрешните.

И тука започна невозможната мисија. Почнав карши фонтана, продолжив низ центар, па на југодрво, па на тобако2, па низ Аеродром за на крај да стигнам до Н. Лисиче и да се приберам дома околу 21:00 БЕЗ денешен Дневник.

Застанав на точно 11 места, на ниту еден киоск, трафика, продавница (што и да беше) немаше останато копија од актуелниот број на Дневник. Дури на Тобако2 ми рекоа дека го распродале тиражот уште попладнето, демек одамна немало. По пат сретнав и еден дистрибутер на МПМ. За момент помислив дека проблемот ми е решен, но тој носел прва тура од новиот (саботен) број, не повлекувал стар број и беше зачуден како може никаде да не останал ниту еден број. Тетката во дуќанот кај мене во зграда нервозно ми рече дека многу малку весници и остаиле и дека одма ги продала.

Не се обидувам да излечам заклучоци, ама да ми раскажуваше некој не знам дали лесно ќе му поверував.

Знам дека мојава приказна не е толку неверојатно колку оваа, но сепак јас останав без Дневник од петок, и побогат за уште едно лично искуство врзано со весниците во МК.

ОВА НЕ Е РЕКЛАМА

НВО активности

Што значи лоша навика. Се навикнав сите дневни информации да ги добивам преку мојот rss feed и сега секој сајт што нема feed едноставно заборавам редовно да го посетувам.

НВО Инфоцентарот (т.е. нивниот сајт) е еден од нив. Затоа за да надокнадам еве две вести од пред една недела кои се поврзани со медиумите.

Е – ЈАВНА ДЕБАТА
Во организација на Младински oбразовен форум утре (петок, 24 ноември), во Вавилон центарот во општина Карпош, со почеток во 16.30 часот, ќе се одржи јавна дебата за средношколци на тема ’’Големите американски компании треба добијат бенифицирани услови при инвестирањето во Македонија (за/против/визии)”.
Овој настан претставува само дел од серијата проекти кои се организираат во раките на светската иницијатива “The People Speak’’ поддржана од „Обединетите Нации“, во чија реализација освен Македонија се вклучуваат уште 40тина земји ширум светот.

Настанот е поддржан од Интернационалната дебатна едукативна асоцијација [IDEA], а неговата реализација не би била возможна без помошта од партнерите на МОФ: интернет провајдерот Он.нет, MkConnects и Дигитал Медиа, кои работат на промовирање на серијалот од четири јавни дебати преку интернет. …НВО Инфоцентар

Студентите учат за етичките стандарди и говорот на омразата во медиумите
НВО Инфоцентарот, секоја среда и петок, организира работилници за етичките стандарди и говорот на омразата во медиумите, за студентите од втора година, на Студиите по новинарство, на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Работилниците се одвиваат во рамките на наставниот предмет „ Комуникациски теории“ и студентите за своето активно учество добиваат соодветен број кредити. …НВО Инфоцентар

Навистина интересни, и се надевам корисни проекти. Само мислам дека нивната презентација не е доволно јака, би требало за вакви работи да се фалиме повеќе 🙂

Бизнис, Business, new media, нови медиуми

Една интересна тема се отвори на блогот nasty-talk за бизнисот и блоговите. Одверем навреме знаела оваа тема да биде чепната и досега но еве поврзано со постот Блогот како Бизнис една интересна статистика која денес ми пристигна на маил.

A recent survey by ICOM, an advertising agency network, found that marketers worldwide see newspapers waning in influence. ICOM asked its member agencies whether any traditional media choices were on the decline with no chance of recovery as a result of new ways of reaching audiences. Of the responding agencies around the world, 42% said that newspapers were in decline, more than twice as many that named any other media type.

Asked which media types were growing most quickly, respondents put blogs, Internet ads and search engine marketing all in the top 10. …eMarketer

Мислам дека е време да се започне помасовно да се убедуваат рекламните агенции и останатите засегнати страни дека онлајн рекламите вредат многу повеќе одошто ним им се чини. Не зборувам само за блогови туку општо, а се разбира мислам на Македонија.

Медиумска реалност

Информациите кои новинарите, воедно странски и домашни, ги пренесуваат од самитот на НАТО во Рига, се интересен пример за тоа како тие, со поттик или содејство со центрите за моќ, ја оформуваат реалноста, која може да се нарече и „медиумска реалност“, и како интерпретациите можат да варираат зависно од тоа како на кого што му одговара.

Во изворната изјава од НАТО стои:

„We have sent a clear signal to the countries who have Membership Action Plan,” NATO Secretary General Jaap de Hoop Scheffer said, “that at our next Summit in 2008 those nations that meet NATO standards will receive invitations…The Alliance also affirmed that NATO remains open to new European members under Article 10 of the North Atlantic Treaty.“

Во официјалното соопштение пак стои:

We welcome the efforts of Albania, Croatia, and the former Yugoslav Republic of Macedonia (1) to prepare themselves for the responsibilities and obligations of membership. We commend their increasing contributions to international peacekeeping and security operations as well as their common efforts to advance regional cooperation. At our next summit in 2008, the Alliance intends to extend further invitations to those countries who meet NATO’s performance based standards and are able to contribute to Euro-Atlantic security and stability…точка 30 од соопштението

Мислам дека самиот реден број индицира и важност на ова прашање. но ете да не коментирам и јас сега…

Конзервативните центри преку BBC изјавата ја толкуваат овака:

The summit, the first Nato meeting in an ex-Soviet state, also discussed its partnership activities. The alliance issued an invitation to Bosnia-Hercegovina, Montenegro and Serbia to join the Partnership for Peace programme…No new member countries were invited to join, but the secretary general said Nato’s door remained open – and every effort would be made to assist aspiring members over the threshold.

Патем кажано, ниту една земја не се споменува поединечно или директно во однос на процесот на проширување (се споменуваат тие по именично кои се во акциониот план и кои се поздравуваат заради учеството во НАТО мисиите и реформите). Но затоа нашите локални медиуми се чувствуваат сосема суверени и компетентни да ги измешаат соопштенијата (фактите) со интерпретациите (муабетите и шпекулациите) и да пласираат прилози во следна форма:

Хрватска, Македонија и Албанија ќе добијат покана за прием во НАТО на самитот во 2008 година доколку ги исполнат условите, се вели во завршниот документ од самитот на лидерите на НАТО во Рига.

Како изненадување, лидерите на НАТО ги повикаа Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора да се приклучат во програмата Партнерство за мир…“ А1.

„НАТО на следниот самит има намера да се прошири и притоа да ги покани државите од Јадранската група – Македонија, Хрватска и Албанија, се наведува во завршната декларација усвоена денеска на самитот на Алијансата во Рига, јави специјалниот известувач на МИА од Рига“ Телма.

Сега каде е вистината не знам но на некои наши им беше допволно за да почнат да слават:

„Среде шума со чашка жолта, оган и дивеч за ручек. Вака еден ден потоа, за поканата за НАТО во 2008-ма се славеше во шумскиот резерват Јасен.“ А1.

Ете тоа се нашите медиуми и тоа се нашите политичари, ни директна потврда, ни цитат, ни линк, ни бутур, се се сведува на некој дописник на МИА кој така го интерпретира и на политичките интерпретации на кои вака тешко човек да може спонтано да им верува во искреноста.

Newseum – The Interactive museum of News

The world’s first interactive museum of news — the Newseum — opened in Arlington, Va., in 1997. Its mission was simple: to help the public and the news media understand one another better.

Она што мене ме донесе на страниците на овој (не само) виртулен музеј беше проектот насловен Today`s Front Pages. Извонредна работа. Секој ден повеќе од 400 насловни страници од целиот свет. Организирани и достапни на повеќе (навистина корисни) начини.

Front pages

“Today’s Front Pages” is an online presentation of one of the Newseum’s most popular exhibits. Every morning, more than 400 newspapers from around the world submit their front pages to the Newseum via the Internet.

When the Newseum opens in 2007 in downtown Washington, D.C., the Front Page Gallery will give visitors an up-close look at the day’s news on 80 newspaper front pages from every state, the District of Columbia and countries around the world. The gallery — featuring a spectacular view of the U.S. Capitol — will provide the perfect setting for visitors contemplating the relationship between press and democracy.

Until then, the full selection of each day’s front pages is available on newseum.org by 9:30 a.m. daily.

Making Connections

Највата за оваа акција/промоција ја видов на Discovery (најгледаниот тв канал кај мене дома). Нормално рекламата таму, како и сите останати беше ептен добра и ме мотивираше да видам за што поточно станува збор.

Како технологијата го менува секојдневното живеење

Тоа е основата на кампањата со која Nokia ја промовира својата 3G серија. Сајтот Making Connections е отворен за сите корисници кои сакаат да придонесат на оваа тема, а нормално за поттик има ствено неколку професионално изготвени кратки видео клипови.

Мене ме воодушеви овој.

Останатите погледнете ги тука: STORIES

И нормално доколу технологијата ви го променила вам секојдневието обидете се да учествувате во оваа акција и соопштете го тоа токму со помош на најновата технологија.

More media, less news

Even the most confident of newspaper bosses now agree that they will survive in the long term only if they can reinvent themselves on the internet and on other new-media platforms such as mobile phones and portable electronic devices. More media, less news

Интересен текст на The Economist во рубриката The newspaper industry. За жал како и досега единственото решение за онлајн изданијата (сајтовите) на весниците е тие да не бидат само news сајтови туку многу покомплетни сајтови кои ќе нудат многу поширока палета на услуги, се разбира со цел да ги задржат своите читатели подолго.

Искрено не ми се допаѓа тоа. Едноставни се знае дека музика се симнува на едно место, софтвер на друго место, блог се прави на еден сервис, фотографии се зачувуваат на друг. Не е интересно се да биде на едно место, едноставно не може се на едно место да биде еднакво квалитетно како овие одделниве. Можеби и мене но и на весниците им е потребно повеќе време. Па затоа ќе се помирам со фактот дека можеби во иднина тој пристап ќе биде подобар.

Но сега за сега, не ми се бендисува кога рабоите одат неповрзани едно со друго, чисто заради профит и преживување.

Technorati Tags: , , , , , , , .

„Channel 4“ обединува „Social networking“ и „Reality TV“на својот нов сајт

Англискиот тв канал „Channel 4“ во најскоро време ќе го реактивира својот сајт е4.com со идеја да го презентира како нов конкурент на You Tube и My Space. Интересен дел од оваа вест која стигнува од „Channel 4“ е што на новиот сајт ќе ги обедини своето Reality TV „Big Brother“ и реформираниот сајт за „Social networking“ со тоа што оние коишто ќе upload-уваат свои клипови стануваат можни учесници на англискито „Big Brother“. Но, да не прераскажувам многу еве ја веста изворно:

Channel 4 is launching a challenge to YouTube and MySpace by creating its own social networking website, driven by the powerful Big Brother brand…The initial lure is that users can audition for a place in the Big Brother house next year by posting clips of themselves. One contestant will be chosen directly from their web submission after the clip has been rated and swapped between site viewers…Channel 4 receives about 150,000 applications a year to compete in the programme, which has become an instant route to celebrity story.


Колку чини во Македонија…

квалитетно информирање?

Или колку чини квалитетна информација?

Онакава, секојдневна, која секој има потреба да ја впие, секое сабајле или навечер со кафе, чај, млеко или виски.

Точниот одговор е:

а) 0 мкд

б) 5 мкд

в) 10 мкд

в) 15 мкд

г) повеќе од 15 мкд

И уште едно дополнително (не)трик прашање?

Што повеќе сакате ефтина или квалитетна информација?

Одговорете во коментарите. Благодарам.

Дарко, 29 години, блогер

Пред некое време во весник видов една реклама за MaxADSL со една млада (24) дизајнерка на која и бил неопходен интернетот. Рекламата ич не ми се допадна пошто прикажната беше ептен апстрактна. Онака дизајнерка? звуччи тренди, ама што е тоа? што дизајнира? облека? мебел? графика?

Е денес веќе пронајдов поарна реклама :). Дарко, 29 години, блогер, и замислете не сум јас, а и немам 29 години (статива). За да не раскажувам еве го скенот.

bloger_darko

И сега нормално еден линк за спуштање на земја, за да не изгледа дека им правам класична реклама на МТ. р-Еволција доволно е 😉