Date Archives 2007

Rally Dakar 2007

Конечно си најдов причина да пишам за Rally Dakar 2007 😉

Нормално мора да го поврзам тоа со медиуми нели, ова е блог за тие работи, иако овој пат мотивот е друг, мотивот е восхитот кон ова рели и желбата еден ден, на било каков начин да видам како е да си таму.

Еве на крако за медимуте (норамално за нашите): Не ми е јасно која е целта да се објавува вест од Дакар во дневен весник, а притоа истата да има само извештај со резултати и некои најважни моменти од дневната етапа? Додека излезе од печат весникот ќе помине уште најмалку една етапа каде може да се случат толку многу работи што она што јас ќе го прочитам во весник ќе биде претерано бајато.

Е сега, знам дека тоа е тоа, нема бегање, ама барем нека се обидат да ги направат сториите нашиве всници малку поразлично. Нека се свртат малку повеќе кон некоја личност, нека пишат за некој учесник, некој конкретен настан, нека лупнат огромна фотка, и онака се сите преубави. Има начин како да се направи оваа содржина интересна а не само да се наредат резултатите од завчера.

И уште една мала напомена, и прегледот на А1 касни 🙂
Патем секој ден релито може да го следите на eurosport.com, на официјалниот сајт на dakar2007, преку youtube каналот на Robby Gordon, и нормално преку еден куп блогови на учесници, новинари и разни пасионирани гледачи 🙂

Променете го аголот..

.. од кои ги следите настаните низ светот.

Притоа не е доволно само да го смените каналот на вашиот ТВ приемник или да го отворите другиот весник на масата.

photoreporters

Тоа не е доволно.

Via: innovation in newspapers, jurnalismonline.ro

Борба по онлајн реклами

Печатените изданија ги намалуваат своите добивки, интернет изданијата го зголемуваат бројот на читатели. И ормално мора да се употребат сите расположливи сили за да се изнајде најдобриот начин да се заработи од онлјан реклами.

Веќе неколку пати сум спомувал дека најтешкиот предизвик на големите медиумски компании во онлајн светот е изнаоѓање на профитабилен финансиски модел. За некои од моделите (малку постари се) можете да прочитате во еден мој постар труд објавен на овој блог: Електронски Весници (PDF 250KB) (претходен пост).

Деновиве се направени два нови обида за да се промени оваа неповолна ситуација. Имено од другата страна на барата, трите најголеми издавачки компании (Gannett Co., McClatchy Co. and Tribune Co.) прегоараат за здружување на своите сили кога станува збор за продажбата на онлајн реклами.

Gannett Co., McClatchy Co. and Tribune Co. are planning to offer advertisers one-stop shopping for display ads on Internet sites. The goal is to attract big advertisers such as car makers and phone companies that want to reach a nationwide online audience but don’t want the hassle of negotiating ad deals with each company or newspaper.

The joint effort, code-named “Open Network,” marks a big new bid to win back advertisers that are defecting in droves to the Web. Currently, national advertisers buy the bulk of their online display ads — banners and boxes — from big portals such as Yahoo Inc., Time Warner Inc.’s AOL or Microsoft Corp.’s MSN. Yahoo has announced plans to work with seven other newspaper publishers to build a similar one-stop-shopping spot for advertisers. Google Inc. has also reaped a bonanza with advertising links that appear next to search results. …многу повеќе детали WSJ.com

Вториот е од оваа страна на барата. Групацијата The Guardian, ги спојува своите оддели за „бркање реклами” во еден.

Guardian News & Media has combined the Guardian Unlimited and display print teams into one department called GNM Commercial.

As part of the initiative, a new research and development team has been created to focus on emerging revenue opportunities for GNM Commercial, Guardian Recruitment Solutions and Guardian Ventures.

The move comes as a number of newspaper publishers offer agencies and advertisers a cross-platform sell to offset the online migration of classified advertising. The Telegraph Media Group already offers clients cross-platform solutions. …BrandRepublic

Ич да не правам паралела со оваа тема кај нас а? Поарно е така. Ај да почекаме да се редизајнира и Вест.ком.мк па може тогаш ќе се обидат и нашве нешто да заработат онлајн 😉

Линкови за денес (10 Јануари 2007)

Ќе започнам (по урнек на некои блогери) да постирам од време на време само линкови кои мислам дека заслужуваат да бидат прочитани, барем од дел од вас 🙂

Доста е за денес, до некоја следна прилика.

“From media companies, to multimedia engines.”

The New York Times believes in video, not in TV stations …Innovation in newspapers

Вака е проследена веста со која се најави отпочнувањето на продажбата на ТВ станиците кои ги поседува The New York Times.

…The announcement that The New York Times Company is selling its TV broadcasting stations is good news.
No, they are not leaving the multimedia strategy. What they are saying is NO to the old multi-media holding strategy…

…We are not anymore in the “newspaper”, “radio” or “television” business. We are, The New York Times is, in the new multimedia strategy. …This is the future. …Innovation in newspapers

Oдличен пост на Juan Antonio Giner, мора да се прочита цел: New York Times believes in video, not in TV

“Politika” od 1904. do 1941. достапна на интернет

Здравје еден ден и ние во Македонија ќе можеме да се пофалиме со еден ваков паметен потег. Само за жал не знам кога точно тоа ќе биде. Ај да не бидам досаден.

Народнта билбиотека на Србија и бесплатно на интренет овозможи пристап до скенираната архива на старите броеви на дневниот весник Политика.

Не изгледа којзнае колку квалитетно дизајнот, но функционалноста е одлична, а за вакви работи тоа е и најважно. Овде може да разгледате што се пишувало кога ние нашите попстари роднини биле млади.

Blogging, the nihilist impulse

По интернетов може да се најдат милион разни текстови, критики пофалби и ред други работи за блоговиве. Но се`уште потешко се сретнуваат академски текстови кои се обидуваат да ги изанализираат блоговите низ призмата на постоечките „медиа теории”.

In an excerpt from a forthcoming book, media theorist and Internet activist Geert Lovink writes about “Blogging, the nihilist impulse”. Lovink manages to formulate an embryo of a theory of weblogs that goes beyond the usual rethoric of citizens’ journalism. Blogs bring on decay, writes Lovink. What’s declining is the “Belief in the Message”. Instead of presenting blog entries as mere self-promotion, we should interpret them as decadent artifacts that remotely dismantle the broadcast model.

Geert Lovink е автор на блогот „net critique” хостиран од Institute of Network Cultures

Јас стигнав со читање некаде до половина и успеав да издвојам неколку пасоси кои ми се допаднаа. До крајов на денов планирам да седнам и нараат (испечатен на хартија) да го прочитам овој текст. Во продолжение некои (за мене) интересни делови од текстот:

…To “blog” a news report doesn’t mean that the blogger sits down and thoroughly analyzes the discourse and circumstances, let alone checks the facts on the ground. To blog merely means to quickly point to news fact through a link and a few sentences that explain why the blogger found this or that factoid interesting or remarkable, or is disagrees with it. …

…What ordinary blogs create is a dense cloud of “impressions” around a topic. Blogs will tell you if your audience is still awake and receptive. Blogs test. They allow you to see whether your audience is still awake and receptive. In that sense we could also say that blogs are the outsourced, privatized test beds, or rather unit tests of the big media. …

…As Baudrillard states: “All of our values are simulated. What is freedom? We have a choice between buying one car or buying nother car?”17 And to follow Baudrillard, we could say that blogs are a gift to humankind that no one needs. This is the true shock. Did anyone order the development of blogs? There is no possibility to simply ignore blogs and live the comfortable lifestyle of a wentieth−century “public intellectual”. …

Целиот текст се наоѓа тука: Blogging, the nihilist impulse а PDF верзија тука (100 KB)

Медиумска реалност, епизода не знам која

Краток поглед во писанијата на денешниот печат:

Жените се главни за пазарување

Жените во Македонија се главни кога станува збор за пазарење. Тие ги снабдуваат дури 72 отсто од домаќинствата, а во 28 проценти од семејствата мажите се тие што купуваат за дома…Според истражувањето, најголем дел од главните снабдувачи во семејствата во земјава се на возраст од 26 до 35 години и најчесто пазаруваат во сабота, кога се регистрира врв во купувањето на сите продукти потребни за домаќинствата. Најмалку се купува во недела.

top-logo1.gif logopoz.jpg

„Вест“ меѓу најпродаваните брендови во Македонија

Весникот “Вест” е еден од шесте најпродавани брендови во Македонија. Според истражувањето за профилот на македонското домаќинство на агенцијата “Стратум рисрч”, шесте најпродавани брендови се пивото “скопско”, цигарите “родео”, смоките “стоби флипс”, “кока кола” и весниците “Вест” и “Дневник”…”Стратум рисрч” истражувањето го направи врз основа на два критериума. Според бројот на продадените парчиња, рангирани се “скопско”, “родео”, “стоби флипс”, “Дневник”, “кока-кола” и “Вест”. Според вториот критериум, пари потрошени за еден производ, рангирани се “родео”, “кока-кола”, “скопско”, “бос”, “горско” и “фанта”.

И што има заедничко за овие два прилога во печатените весници? Ништо особено, освен тоа што се однесуваат на исто истражување на Стратум 🙂 Вест си ја накривиле капата и си се самопрогласија за топ весник „of them all“ (не е прецизирано во што, но стилот е во типот на спортските новинари на МТВ ала „нашиот алтетичар се пласира помеѓу првите 45 натпреварувачи), а „Дневник“ ги акцентираат откровенијата од коперникански тип дека жените се главни за шопинг, дека во недела најмалку се пазарува (Авто-пазар очигледно настрана), а фали податокот дека околу 91 процент гледачи на фудбал се мажи. И сево ова би било можеби и комично ако овие два медиума наскоро, како медиуми со најдобар рејтинг (веројатно според Стратум) ќе ни кажуваат што прават нашиве функционери со нашите пари надвор од нашава земја (далеку од нашите очи).

Локален YouTube

Случајно денес забележав дека сме имале локален видео сервис по кројот на YouTube. Видео за забава.

Се обидов два пати да поставам видео клип, но не ми успеа, и се откажав. Побарав да видам кои се условите за користење, не успеав да ги најдам бидејќи сеуште нема. Ама гледам не некои им успеало да постават видео клипови. Имаат и код за вградување па 3…2….1…

655 дена слобода за странски
новинари во Кина

Maybe a year and a half of ‘free’ press will be enough to prevent the return to old restrictions… Editors Weblog

Од 1-ви Јануари Кина дозволува слободно движење на странски новинари низ целата нејзина територија. Плус дозволува домашни новинари да работат (да им помагаат) заедно со странски новинари. Ова попуштање се должи на Олимписките игри кои ќе бидат организирани во Кина.

Reuters became the first news source to take advantage of the new laws when on Monday, the agency datelined a story “HOHHOT,” the capital city of Inner Mongolia. Like Reuters, many news agencies see the new policy as an opportunity to access parts of China that only days ago were restricted. According to a Xinhua report, as soon as the new rules took effect Monday, both NBC and the New York Times sent additional journalists to China. www.flumesday.com

Чиста сметка, долга љубов

Новинарите сега и официјално ќе патуваат на сметка на државата…Колку и да се добронамерни овие одлуки имам чувство дека лошо ќе влијаат на професионалноста и етиката на локал-новинарите. Замислете викнати сте на една официјална посета на кој и да е естаблишмент и при тоа напишете што сте виделе или ептенски баш како било. И оп! за следното патување „паднал рејтингот“ на вашиот медиум :)…Не мора се да се гледа скептички, но ова како да мириса на лошо уште пред да полетаат авионите.

Владините функционери со пари од буџетот ќе ги покријат трошоците на патувањето на новинарите ако проценат дека медиумското покривање на настанот е во интерес на јавноста. Право да бидат следени од медиумите кога ќе посетат некоја земја имаат само премиерот, неговите заменици и министрите. Зависно од важноста на посетата, нив ќе ги придружуваат најмногу до пет новинари од електронските и печатените медиуми со најголем рејтинг.

Корпорацијата го возвраќа ударот или „Водич против блогери“

Да ја употребам најпрекалената фраза од македонската дијалошка сцена, па ете во духот на тоа ќе „се надоврзам“ на двата поста на Дарко (пост 1, пост 2), а се во врска со блогерите и бизнисот. Останува на искрениот читател да процени дали на постов/текстов ќе му пријде со намери од типот „запознај го подобро непријателот“ или пак ќе сака да придонесе во „дијалогот на општествено релевантни теми од сферата на новите медиуми“.

Забележете го само поднасловот на текстот кој следи и кој (би требало да) ги презентира блогерите како нова закана за благородниот капитализам:

They have journalistic skills, amazing technical savior faire and access to millions—and they answer to no one. Here’s how to deal with the “new press” when it seems like they’re out to get you.

Who are those bloggers and why they are saying those terrible things
(1MB PDF)

МРТ Блог

Лани на мала врата во еден пост го спомнав блогот на МРТ, но еве сега се сетив дека треба на овој потег да му посветам цел пост.

Претпоставувам, по „вина” на Јован, сега дел од вработените во МРТ на располагање имаат една нова платформа каде можат да ги изразуваат своите ставови. Браво за сите кои се решиле да бидат активни и да се приклучат кон современите текови.

Во МРТ блог е замислено да пишуваат свои „колумни“ автори од различни области и автори за кои ќе процениме дека имаат што да кажат и дека би ја зголемиле посетеноста на МРТ порталот. Значи за разлика од востановената практика дека секој може да отвори свој блог, во случајот на МРТ блог би се правела една селекција на автори, односно ќе постои начин на пријавување желба за пишување на МРТ блогот, а редакцијата ќе го прифати или не авторот. …МРТ блог

И за крај една добронамерна критика, т.е. совет: за да еден ваков блог да биде успешен и прифатен од публиката (блогосферата) потребно е убаво подготвување на стратегијата што точно тој блог ќе објавува како своја содржина, како ќе се вклопи во заедницата, по што ќе биде различен од останатите страници на сајтот и ред други работи.

Во светот има многу позитивни но и многу негативни примери од кои може да се учи. Да се надеваме дека овој прв медумски блог во МК ќе биде позитивен пример, иако од првите неколку постови не е баш на чисто со својата концепција 😉

Еве и ден линк од пост кој штотуку го најдов и прочитав: Five tests for newspaper blogs

Business impact of blogs

Пред петнаесетина дена објавив пост со истражувањето на Forrester Research за блоговите во Европа. (Bloggers can break a brand in less than a day)

Фокусот на ова истажување беше бизнисот и блоговите. Денес на SlideShare (сервис кој го открив неодамна) беше поставена една презентација направена врз основа на едно друго истажување изработено од Ipsos. И ова истражување имало за цел да ја истражи директната релација меѓу блоговите и бизнисот во Европа.

Мене ми се виде интересна, повелете погледнете ја и посветете малку повеќе внимание на слајдовите каде се спомнува доверба.

Сторијата можете да ја најдете и тука: The Business Impact Of Blogs, PDF од презентацијата (1.6 MB) тука, и видео клип со дел од испитаниците низ улиците на Лондон (mpg 17.5 MB) тука.

Хронологија на македонската
блог заедница

Едно големо браво за Филип и за сите кои му помогнаа да ја постави првичната верзија на хронологијата на македонската блог заедница или блогосфера.

Пионерски и неопходен потег, слободно послужете се, придонесете и покажете ја на другите.

Хронологија

Technorati Tags: , , , , .