Date Archives 2007

Best of the blogs – international weblog awards

Избрани се побендици во повеќе категории: Best Weblog, Best Podcast, Best Videoblog, Reporters Without Borders Award, Blogwurst Award, Best Weblog / Language

The jury has spoken and we here at The BOBs are proud to announce that the winner of the prestigious “Best Weblog” Award at the Deutsche Welle International Weblog Awards 2007 is Foto-Griffaneurei (literally translated as “Photo-Maniac”) a photo Blog from Belarus.

The woman behind the Blog is Xenia Awimova, a 23 year-old aspiring photojournalist who lives and works in the Belarusian capital of Minsk. Her collections of black and white photos chronicle her live and that of her home city.

Ова е според стручното жири, а според публиката побеник е Бразилскиот блог: Blog do Tas

Blog do Tas is devoted to understanding Brazilian politics through humor, information and irony. Tas is a TV personality and a Brazilian blog pioneer who uses a mix of “serious” subjects with a clever and funny approach to day-to-day life as seen in the text, photos and videos.

Релативно доста пати е спомнат терминот новинар или новинарство во наградиве и доста од блоговите се врзани со политика, ама тоа е актуелно, нема глумење.

Technorati Tags: , , , , , , .

European Newspaper Awards – The winner: Eleftheros Tipos

Абе не ми е баш по ќеиф дека се Грци, ама интернационалниот тим на INNOVATION стои зад редизајнот, патем „нивен” весник ја добил наградата и лани, а башка и весникот има многу добра реклама ако ништо друго 🙂

Еве малку детали за редизајнот:

From October 2006 to May 2007, the date scheduled for the presentation of the new ET, a dozen INNOVATION consultants worked in Athens on editorial organization and work flows, architecture, pre-press and printing, marketing, editorial and publishing models and training.

Based on rigorous market research carried out by the Washington-based Greenberg Quinlan Rosner, in autumn 2006, INNOVATION proposed a revolutionary newspaper model in Greece: a daily news magazine.

The model was ambitious and risky; internal and external opposition was strong, but Mr. and Mrs. A withstood the onslaught and supported the proposal.

In order to attract young readers and women, a few myths first needed to be dispelled.

One of them, perhaps the most important, was to show the Greek market that exactness does not have to equate to boredom. It is possible to be informative in visual and surprising ways.

The graphic proposal from Javier Errea, who was entrusted to redesign the daily and the new supplements, Agenda and Review, turned photographs and infographics into key players.

Narrow page margins were abandoned and the entire paper was structured in spreads.

Color backgrounds invaded the pages and became packaging tools.

But it all begins on the front cover, which appropriated the visual language of the Internet and made ET into something really revolutionary on newspaper stands, especially for the Sunday edition.

The result: The new ET came to life on May 23, coinciding with the UEFA Champions League final between AC Milan and FC Liverpool in Athens.

Повеќе детали и слики кај еден од големите чичковци во INNOVATION: ELEFTHEROS TYPOS, THE BEST-DESIGNED EUROPEAN NATIONAL NEWSPAPER OF THE YEAR (1)

Уште една книга на блогер

Интегрално (со задоволство) (иако мора да признаам не сум редовен читател на овој блог) :

Бавно се уверував во целисходноста на мојата блог-авантура, сметајќи дека тоа е последица на возраста и скепсата што си оди рака под рака со неа. Настаните драматично ме демантираа: мојот блог ми стана најдобрата одбрана против заморот од обврските и против споулавеното секојдневие.Дури, напати, го почувствував и вкусот на предозираност, но и силата на самоконтролата: никогаш да не се претерува. Секогаш да остане нешто што ќе се посакува. Ете, тоа нешто беше МАШКОТО ПИСМО, книга-блог. Или, обратно. Кој како милува.

Значи, да не беше блогот не ќе имаше МАШКО ПИСМО!

Всушност, МАШКО ПИСМО е збирка од дваесетина текстови објавени на мојот блог ПРОДАВНИЦА НА ТАЈНИ, проследени со избор од коментарите што читателите, вообичаено, ги оставаат под текстот.

Драги блог-пријатели, љубезно ве молам да присуствувате на коктелот по повод промоцијата на мојата книга МАШКО ПИСМО од www.prodavnicanatajni.blog.com.mk/.

Претставувањето на МАШКО ПИСМО ќе се одржи на 22 ноември 2007 година во книжарницата ИЛИ-ИЛИ (Мала станица), во 19 часот.

Организатори на промоцијата се македонските издавачи ИЛИ-ИЛИ и ЃУРЃА.

P.S.

Поканата им ја упатувам на сите членови на македонската блог-заедница, без обѕир дали се мои истомисленици или не. Искрено сакам овој повод да биде искористен за зацврснување, популаризација и проширување на нашата заедница.

Срдечно,

Вашиот продавач на тајни

Никола Костески

Не умираат само дрвата…

… во традиционалното новинарство, онака како што е сега поставено, не умираат само дрвата туку умираат и самите приказни, стории, извештаи и така натаму. Едноставно се објавуваат …. и толку. Во најголем број случаи тука застанува работата. На слична тема баш вчера една пријателка забележа дека локалниве весници објавувале само временски прогнози 🙂

Решение? За жал нема премногу академци, теоретичари и практичари кои се доволно храбри за да предложуваат или експериментираат со нови модели и пракси во новинарството. Во САД има неколку проекти кои работат на тема граѓанско новинарство (Steve Outing, Jay Rosen) но сепак се чини тоа не удира во сржта на професијата.

Еден од ретките кој се истакнува со прогресивност е британецот Paul Bradshaw автор на многу ценетиот Online Jounalism Blog. Тој започна со една серија на текстови каде предложува модели за редакцијата на 21-от век. Во својот трет пост на оваа тема тој предложува модел со кои сториите не умираат откако ќе се објават.

Тој ги оживува повторно петте W и H во онлајн светот.

  • Who can I connect with? (e.g. social networking, etc.)
  • Where did this happen? (e.g. Google Maps)
  • Why should I care? (e.g. personalisation, databases, how international events affect us)
  • When are events coming up that I need to be aware of (e.g. Calendar, Facebook Events)
  • What did the journalist read to write this?/What have people said about this article? (e.g. links, documents, Trackback)
  • How can I make a difference? (e.g. petitions, changes in personal behaviour or consumption, automatic email to politician)

Детален опис во неговиот пост Five W’s and a H that should come *after* every story (A model for the 21st century newsroom: pt3) по кој следеше и повик за сугестии бидејќи оваа идеја поминала во втор круг на Knight News Challenge.

Првите два дела од серијалов:
A model for the 21st century newsroom: pt1 – the news diamond (NetNovinar)
A model for the 21st century newsroom pt2: Distributed Journalism

Smart closet

Уште еден пронајдок кој би требало да му го олесни животот на модерниот човек е т.н. „Smart closet“ . Всушност уште една можност човековите способности да се префрлат (и инхибираат) од човекот на технологијата:

If you’ve ever stood in front of your closet trying to figure out what to wear for an important meeting, a new high-tech wardrobe invention might be just the thing for you. The “smart closet” keeps track of when you wore an item, where you wore it, and can even tell you when your clothes need to be dry-cleaned.

“The wardrobe can tell you that you have a meeting this morning with Joe Bloggs, that you have worn the same shirt the last three times you met him and that maybe you should wear something else or he will think you only have one shirt,” says Prof. Bruce Thomas, director of the wearable computer laboratory at the University of South Australia.

Влада Inc.

Во некои глобални рамки, сé погласни и почести се гледиштата дека модерната/денешната реклама целосно ги губи своите класични референцијални функции (информирање, за доброто или услугата што се нуди, или демонстрација на дејството/својствата на услугата, доброто и слично) и се трансформира во медиумски жанр за демонстрирање на моќта. Низ таа наметната логика на претставување тој што е моќен, тој е и квалитетен и ние како потрошувачи треба да му се приклониме без поговор. Па така имате редица реклами кои симболички ја артикулираат моќта на производот и оној кој стои зад него.

На локална сцена тој процес сé уште не е во развиена или доволно фреквентна фаза за да кажеме дека истиот е стигнат и до нашава дежелица, но затоа некои проблици на центрите за моќ во сферата на рекламирањето и односите со јавност веќе поставуваат темели за ваквото рекламирање, т.е. демонстрација на моќ која треба да го затапи или ослаби критичкото мислење или рационалната дебата кај корисниците/потрошувачите. Иако Телеком, ЕВН и ним слични имаат елементи на корпорациски системи кои оперираат на локална сцена, сепак Владата, како систем а не состав, е најголемата корпорација кај нас. Покрај тоа што доминира со својот капацитет за вработување, таа сé повеќе се концентрира и на ОЈ (односи со јавност) во склад со пост-капиталистичка стилистика посочена погоре, т.е. дистрибуција на ПР-содржини без референцијална функција.

Како показ може да послужи еве да речеме скорешнана наречи-ја-реклама, за тоа како завршуваат оние кои не плаќаат данок (татенце во акт на приведување од службите на редот, дур’ сопругата и нажалената ќерка го гледаат, па овој му прави една хаџиалагиќ-сопка на еден случаен минувач кој да ми ти се погодил инвалид…). Па така , според истава, модерното зло и реинкарнации на Јуда, Менгеле, Пол Пот, Дуче и така редум, се неплаќачите на данок, а оној што го штити поредокот од ова исконско зло е помоќен и од него. Што е ефектот на рекламата? Преѕир кон неплаќачите на данок, трк во г’шти до УЈП или демонстрација на моќ на силите на редот?

Па кога тој што го чува даночниот и секаков поредок очекува позитивно да ги прифатиме пораките за ред во нештата зошто не се држи до нив? Чудни рабоќе 🙂

За жал се покажува дека рекламата како мини-медиум, не само што не информира за ништо, туку својата сила на убедување ја црпи само од позициите на моќност на субјектот кој ја плаќа рекламата.

Big Brother и на тебе

Не сфаќам, толку им е убаво на луѓево да немаат приватност, или толку многу сакаат да бидат видени и присутни во животите на останатите, па биле тоа и нивните пријатели.

Не беше доволно што со сервисите како Twitter дознаваме кога прднале, кога ќивнале (да и нивните домашни миленичиња) па сега може да знаат другите и каде се наоѓате.

Loopt се вика сервисов, и овозможува да social mapping т.е нивната нова услуга го прави следново:

This means that if I’m a Loopt user and send a message on AIM to a friend, the service will attach “24 Main St., Stasburg, VA,” and provide the recipient with the ability to map the location. …Loopt Becomes Twitter on Steroids

Изгледа светов толку многу се навикна на Big Brother па ужива да живее пред очите на јавноста. Порано викавме дека не надгледуваат, ама по се изгледа сме самите сакале да бидеме надгледувани многу повеќе.

Technorati Tags: , , , , , , , .

Микро блогирање

Micro-blogging allows you to write brief text updates about your life on the go, and send them to friends and interested observers via text messaging, instant messaging, email or the web. The most popular service is called Twitter …YourGuide

Мислам дека А1 се зрели за да почнат да го користат Twitter. Еве зошто:

06.11.2007: Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски вечерва стана татко. Ќерката е прва принова за брачниот пар Груевски.

Патем уште еден интересен пост на иста тема: What is Twitter (not)?

ПЛЕТ Online

Поминаа повеќе од пет години. Некои работи се сменија, некои не. Некои продолжија со етнологијата, некои не. А некаде во меѓувреме заводот стана институт.

Јас лично припаѓам на онаа група која се најде себе сѝ на друго место, во други води, но ниту во еден момент не заборавив на етнологијата и на вечното мото: сė е етнологија.

ПЛЕТ, задно со уште неколку други проекти, одбележа неколку генерации студенти, одбележа многу незаборавни теренски истражувања, многу испеани песни, непреспиени ноќи, долги патувања и мноооогу эабележо/зачувано богатство.

Зошто Плет Online?

За да остане вечно. За да посведочи подолго. За да биде уште безброј пати трн во кожата или иницијална каписла. Затоа што многу луѓе не успеаа да стигнат до копија. Затоа што многумина само слушнале, или го виделе, ама никогаш не го поседувале. Затоа што некои работи седеа заробени само кај малкумина. Ете затоа.

Истражувајте!!! Откривајте!!! Инспирирајте се!!! Уживајте!!!

ПЛЕТ Online – дел од моето гордо Етнолошко минато 🙂 сега достапно онлајн. Замолувам, да ја погледнете мапата, има некои села кои сум сигурен дека сум ги лоцирал погрешно. Ако ја знаете точната локација, пишете.

BlogOpen.eu

И покрај неколкуте индиректни обиди државава да ме спречи да одам на овој настан, сепак, успеав да останам одлучен и во саботата да отидам во Нови Сад за да присуствувам на вториот BlogOpen во Србија. Оние кои беа околу мене минатата недела знаат за што зборувам 😉

Отидов за да се дружам, да се социјализирам, малку надвор од дома. И така и беше. Сакав да се запознаам лично со некои луѓе и тоа помина воглавно подобро одошто очекував. Фала Драган 🙂 и фала Милое.

Програмата ми беше во втор план, иако на харија изгледаше примамливо. Бидејќи си кажав дека сум задоволен од луѓето, сега може малку подетално да пишам како изгледаше низ моите очи овој настан.

Први беа Словенците од blogorola.com (тоа се оние кои ветија дека ќе стават и мк блогови :) и навидум досадното претставување на еден од посериозните регионални агрегатори, момците покажаат дека ќе одат подалеку. Тие водени од некои теории на Geert Lovink ја затвораат страницата на блогосферата како затворена зедница и отвораат врата за концептот наречен Open Media. Договориле соработка со Вечер, дел од најголемата медиумска куќа во Словенија, додале нови (social) содржини на постоечката Blogorola и решиле да излезат со печатено издание. Воведот, маицата на blogowski и дел од презентацијата за Blogorola има на ова видео преземено од razgovori.com :

Навистина убав предизвик си поставиле момците. Имаше и кратка интересна дискусија. Еден дел од интересното во неа го пиша Драган. весникот го имам, и изгледа навистина убаво, шарено, забавно, аико не разбираммногу од него 🙂

После нив зборуваше Дејан Бизингер, човекот кој стои зад блог мрежата на Б92. Го послушав малку, не ми се виде интересно, пред се зашто не сум фан на нивните ВИП блогери, а и поважен ми беше социјалниот елемент на настанот, па излегов да се дружам. Е, занесен у дружбата, ненамерно ја пропуштив следната сесија на која зборувалаVladislava Gordić Petković, за која ми рекоа дека била интересна ама темата нешто не ме предизвикуваше многу.

Следуваше најочекуваната сесија на гостинката од Швајцарија Stephanie Booth. Мислам дека типката го направи она што и се очекуваше од неа. Одржа доста едноставна но крајно инспиративна сесија. Уште еденаш докажа дека за да умее човек со леснотија и разбирливо да зборува на одредена тема, треба навистина да ја има добро совладано и преџвакано и да биде добар комуникатор секако. Таа работи како блог консултант. И со присутните сподели повеќе аспекти од работата, не само техничкиот. 6 минути видео:

Talk: Being a Blogging Consultant

После паузата за ручек следуваа панел дискусиите. Тука очекував многу, бидејќи имаше тема која ветуваше: Novinarstvo u doba bloga. Ама се разочарав. Подолу ќе ставам линкови до постовите на другите и таму ќе прочитате кој се учествуваше. Но не очекував дека и српските новинари ќе презентираат став кон блоговите стар 3-4 години. И не очекував дека на еден блог собир ќе се појави новинар (со реноме) кој цврсто ќе стои на своето и ќе заземе став: „Сеа јас ќе ви кажам што е блог”. Истото се случи кога првиот пат бев кај Мирчевски во емисија, кога локалниот mIrc херој настапи слично. Нормално тука се разви жестока дискусија која заради лошата пропорција во дискусијата на панелот не траеше долго а ја резимираше учесникот на следниот панел г. Петровиќ од Хрватска (блогерот кој го апсеа пред некое време) со констатацијата дека Хрватската јавност/медиуми/блогосфера ги надминала овие детски болести и веќе такви муабети не се прават таму.

Последната сесија беше за блог активизам, мене малку нејасна, ама ај може и веќе бев уморен. Наместо да се дискутираат блог/онлајн елементите во двата интересни примера, (Петровиќ од Хрватска и онлај задницата на Бор) се дискутираа некои политички детали кои мене не им се видоа интересни.

Е, после официјалниов дел имаше и неофицијален, за кој и немав многу сила бидејќи претходната ноќ (не) ја пресапв во автобус. И тоа е тоа.

Резимирано: содржински настанот беше блиску до просечен, може малку подолу, но секако поважниот дел, социјализацијата беше позитивната страна. За крај неколку линкови кои би дополниле некој детали од мојава некомплетна долга и субјективна приказна.

За BlogOpen: Dragan Varagic, Stephanie Booth, Ivanino Blago, Nemanja Srećković, Gradzanski Blog, Marko Herman, Svakodnevica – Goran Anicic, Sandra Jakovljevic

Слики има тука: BlogOpen :: jesen 2007

Степ бај степ апдејт: Twitter/blogopen

Technorati Tags: , , , , , , , , , .

А, да, еве и доказ дека бев таму 🙂

 

Скрати ja веб адресата, како за на хартија

Неколку пати сум коментирал за лош избор, кога во некои домашни магазини сум наоѓал линкови до разни интернет адреси кои воопшто не биле кратки или едноставни за препишување. Ова важи и за YouTube клипови, во последно време тие ги има најмногу.

Првиот совет, ми беше да се направи група или профил на соодветниот сервис и таму да се стават сите клипови спомнати во печатената веризија, па да се препрати читатлот таму, тие адреси се секогаш полесни за памтење и препишување. Тоа е повторно возможно, но тогаш не ми текна за еден вид сервис кој постои одамна на интернетов. Скратување на линкови, односно пренасочување.

Јас прв пат го дознав од Marcel Mars на една работилница во Метаморфозис, и искрено имав заборавено се до денес кога го прочитав текстот на PressGazette.co.uk – Putting web links in print? Size really does matter…

Here’s the problem. You need, for whatever unavoidable reason, to include a web link (aka, properly, a URL) in a story for print. But the link is horrendously long – it spills over one, two lines, and you know that anyone who tries to type it in from print is bound to get it wrong. What to do?

Нормално решение е еден од многуте серви на интернет кој бесплатно ја нудат оваа услуга. Еве една таква листа на сервиси: Listing of URL redirection services. Една од причините зошто треба и едно интересно решение:

So, 18-character URLs for anything. It even works for YouTube links, which are very easy to mistype because they use both 0 (zero) and O (capital o), and 1 (one) and l (lower-case l), which are easy to mistake.

Redirection can get addictive, but it’s a fabulously easy thing to use, once you’ve got used to it (I’ve written a routine for InDesign which replaces a highlighted URL with its tinyurl form – we use it all the time at The Guardian). And for readers, it’s a good way to bridge the gap between print and web.

Она што мене ми падна на ум читајќи ја оваа информација, е зошто во весник да ставате линк со туѓ бренд, со туѓ домејн. Зошто еден Гардијан да не инвестира малку труд, не верувам дека е којзнаес што, и да си направи ваков систем во рамнките на својот домејн, па така место tinyurl.com/ygv8bt во весникот да стои guardian.com/ygv8br ?

И на крај еве уште една фина работа за олеснета комуникација, овој пат ако сакате да пренесете линк или некој текст кој треба да се сурфа/чита на мобилен. Станува збор за QR Code, овде може и вие да направите, ама за ова повеќе во некој следен пост 🙂

Уште еден линк:
Informal survey of the competitive Web Sites That Shorten Long URLs

Еднооки „зборат“ макаронски

Убедливо најшизички дел од „Еднооки“ ми е воведниот дел од најавната шпица („Штовани публикуме“). Извонредно! Откако ме копкаше како лингвистички да се истолкува јазикот кој се користи (македонско/хрватско/српски…a не е lingua franca) чепкав, чепкав и voalla, нашаја сам га: се работи за Макаронски јазик:

Macaronic refers to text spoken or written using a mixture of languages, including bilingual puns, particularly when the languages are used in the same context (as opposed to different segments of a text being in different languages). The term is occasionally used of hybrid words, which are in effect internally macaronic.

ПС: Се надевам овој скромен пост нема да им послужи на штованите соседи за некакви блесави идеи да почнат да нé викаат Макаронија.

Кога е објавена оваа вест?

Планирав на темава да пишам посеопфатен пост, ама денешниве настани ми го сменија планот.

Нели во денешницава интернетот е најбрзиот медиум, и нормално јас решив да ги следам актуелниве случувања токму таму. Единствена солидна опција ми беше сајтот на А1. Горе долу тоа ми беше и единствената опција, останативе news сајтови немаат ништо, а  порталиве, нормално, пренесуваат само агенциски вести.

И се наместив јас фино на А1 вести, и чекав нови информации. Како одминуваше денот сфатив дека се што треба да првам е да стискам F5 (refresh) на истата вест, и така ќе дознаам што е ново.

Не е толку лошо тоа, ама вестите на А1 немаат време кога е објавена веста и не знам кога на што да верувам, бидејќи бројот на жртвите во насловот континуирано се менуваше, небаре каунтер да е. И оп, после некое веме се појави и нова бројка во насловот. Уапсени. Е ама сега, според последниот F5 не биле 6 него 5, веројатно еден им киднал  во меѓувреме или некој погрешно ја преправил веста.

Како и да е, сторијава имаше минимум 10 варијанти (до сега: 14:30), без да овозможи хронолошко следење на настанот, и без во ниту еден момент да истакне кога е објавена истата. Секоја чест на А1, за тоа што се единствени што не информираа денес, ама ќе мора малку да се подготват повеќе за вакви ситуации, во иднина (вакви: мислам на следење активни настани, не дај боже да има вакви исти уште).

Интернетот има голема предност со својата брзина, но многу често тоа е и најголемата опасност.

Е=mc2

Годишниот извештај на Европската Комисија (ЕК) за државите од регионот беше долго најавуван и очекуван документ. Гледано низ призма на медиумите и како тие ја покриваат темата неколку „моменти“:

-документот е таков (избалансиран 🙂 што дозволува од него да извлечете и позитивни и негативни нешта, по потреба, па локалните медиуми најмногу тоа и го прават, го преџвакуваат документот по потреба и главно ги комбинираат со изјавите на вчерашниот прес на Оли Рен;

-за разлика од неколку блогери кои пренесуваат информации, локалните медиуми им даваат предност на коментарите, кои можат да добијат и ваква форма:

Како што беше и извесно, Европската комисија не даде препорака за датум за започнување на преговори со Македонија во извештајот за нејзиниот напредок кон членството во ЕУ, кој беше објавен вчера во Брисел и во Скопје. Со ова Македонија стана единствената земја (освен Турција), која чекала повеќе од две години за датум за преговори по доделувањето на кандидатскиот статус кој земјава го доби на 17 декември 2005 година, Вест 07.11.2007.

Па ако Турција чекала подолго од нас значи Македонија не е единствената, но авторот овде внел сопствен критички став по цена и на фактите. Како и да е, коментрите на медиумите се засновуваат на коментарите на политичките репрезенти, па нивните коментари се претежно секундарни, а самиот извештај станува виртуелен. Ако треба граѓаните да се информираат за извештајот, а треба, тогаш спинуваните, т.е. извртените, ставови на политичките претставници не се баш најдобар начин да се направи тоа. Нема информации дали е јавно достапен извештајот и слично, па најдобра надеж на јавноста е дека некој од тие што го добиле на рака од владате ќе излезе и ќе ни го чита онака следниве денови за добра ноќ.

(Про)владините (наречи-ги) медиуми ги потенцираат добрите страни и примарен простор им даваат на владините интепретации:

Напредок има, датум нема – „Во деловите во кои Владата може да делува сама, без да зависи од опозицијата или од некои други фактори во државата, имаме позитивни работи, а во деловите каде е потребна волјата и на некој друг имаме и по некоја слабост“, порача премиерот (а датумот требаше да биде напредокот кој се очекува, па насловот му испаѓа еден солиден оксиморон).

Утрински метафорично приказната за „хајлајтот“ на извештајот (The „Датумот“) ја прикажува со пресмислената фотографија не Еврокомесарот како „гледа во далечина“ наместо да каже кога ќе биде почетокот на преговорите.

И така натаму и така наваму. За жал продолжуваат двете најголеми фалинки на локалните медиуми, вака погледано полу-аналаитички, (а) доминирање на коментарите над информациите и (б) третирање на читателите/гледачите/слушателите како публика, а не јавност, да не зборуваме за тековните трендови на проактивна и содржунски придонесувачка јавност. Вака земено тешко дека можат да го заслужат атрибутот информативни, па некако ни останува надежта дека барем блогерите подобро ќе ја покријат темата.

Додавка: Еве како информативните медиуми го прават тоа 🙂 со се Ависот на купче. Мислам дека клучниот збор во него е „however“, кој најчесто (во ваков тип текстови) се употребува да се искаже воздржано разочарување.

In memoriam

Веќе подолго време дент го започнував со Равел радио, поточно со вестите на DW, но тоа не ми го разубавуваше денот, воопшто, напротив, не сакам вести. Но, веднаш по нив, токму оние 5 минути кои секој ден ги каснам на работа ми го правеа денот. Првите 5 минути во кои најубавиот радио глас ми/ни посакуваше добро утро.

Е нема веќе, штета.

BlogOpen, Нови Сад, 10-ти ноември

untitled1.JPG

Цели на овој Блогопен:

-расправа за темите и проблемите специфични за блог-комуникацијата

-конкретизација на виртуелната комуникација во реалниот јавен простор

-привлекување на вниманието на пошироката јавност за важноста на оваа сфера од информатичко општество

-промовирање на информатичкото општество, електронската комуникација и употребата на интернетот како извор на податоци, образование, поврзување и развој на демократијата

-маркирање на најважните и најуспешните блог-креатори на јавното мнение.

Мобилни електрани

Следнава вест е секако троа „cyber“-истична и ќе им даде добар повод на техно-критичарите/технофобите да кажат дека сé повеќе стануваме киборзи. Како и обично иновациите во технологијата произлегуваат од воените лабаратории:

Power walking may never be the same again. Australian researchers are developing shirts that will generate electricity whenever the wearer moves.

The shirts would directly power mobile telephones, portable music players and other small electrical appliances.

People would never again have to worry about their phones or MP3 player failing because of a flat battery, said the leader of the CSIRO project, Dr Adam Best.

Со други зборови, што ќе ни е повеќе ТЕЦ „Неготино“, кога нé очекуваат вакви револуционерни промени 🙂

Дејгиди луди млади блогери

Дејгиди луди млади блогери

Дејгиди луди млади блогери

Летнавте како сиви галаби

Летнавте како сиви галаби

Барем се ерген мамо насурфав

Барем се ерген мамо насурфав

Низ таја блого сфера богата

Низ таја блого сфера богата

Блогерки моми мамо заљубив

Блогерки моми мамо заљубив

И читав локал мамо лузери

И читав локал мамо лузери.

Одличен приказ на денешницата

Michael Wesch професорот по антропологија кои стои зад одличното (мега популарно) видео The Machine is Us/ing Us, повторно изненадува. Два нови видео клипа. Едниот сличен на првиот со тоа што сега во фокус е самата информација и начинот на нејзина организација во денешниов свет, а другиот во фокус го има американскиот образовен систем, но не само тоа, туку сите млади и образовните системи од кои тие се дел. Задолжително.

Information R/evolution

A Vision of Students Today

Technorati Tags: , , , .

Локализација на вести

Половина милион луѓе мораа да ги напуштат домовите, од огнот се загрозени над 60 000 куќи. Во американската држава Калифорнија гори површина колку главниот германски град Берлин. Ситуацијата драматично се влошува. …DW на Македонски

Дали некој, без да пребарува на интернет, знае да ми каже колкава површина зафаќа Берлин, онака од прва?

Фино е што се преведуваат вестите, ама не е само до преводот. Сетете се дека на крајот на филмовите на ТВ пишува превод и адаптација. Ова очигледно не важи за вестите, иако кај некои филмови зажалувам што има адаптација, бидејќи знаат да забегаат преведувачите :). Туку да не должам, според тетка wiki пожарот е скоро половина Скопје.