Date Archives 2008

Trash TV-MK

Иако се бројни поплаките за квалитетот на тв-програмите од домашно производство, кои се (сé по)малку на број, некако локално не се разви поелаборирана критика на таа тема, и не се дојде до некој локален синоним за Trash TV, иако, гледано од страна, можностите за тоа се бројни. „Trash TV“ се дефинира како тв-програма одtrash_your_tv.gif најнизок квалитет во однос на трите медиумски столба, информирање, едуцирање и забава, со тоа што ја предимензионира компонентата на забава и ја доведува до апсурд и во провоkативен контраст во однос на морално-вредносниот систем во кој се емитира програмата, сé со цел гледаност по секоја цена.

Во оригиналниот (американски) контекст, под „Trash TV“ пред сé се подразбираa „talk show“-a со контроверзни теми, гости и испади во живо, а „легендите“ во овој поглед се Geraldo, The Morton Downey, Jr. Show, Jenny Jones, Ricki Lake, секако Jerry Springer Show и други. Иако во рамки на американските медиуми се смета дека времето на оригиналните Trash TV шоуа е поминато, се смета дека за нивни наследници се голем број на reality show-a и други тв-програмиз а ефтина забава, па овој под-жанр сé уште некако живее во различни форми, а како примери можат да се наведат Big Brother (во сите свои локализирани пројави), Cheaters, Peep!, и слично.

И каде е тука нашата дежеличка? Строго дефинициски моментно сме во можност да гледаме една таква програма преку личноста и неделото „Топ шоу“ на Боки Treizehn (kind of 🙂 оти самиот концепт на емисијата е премногу измиксан од wannabe провокативно ток-шоу со локални патос-вертикали од типот турбо-фолк, и ефтин хумор), и многу многу кандидати кои се некаде на среде пат и прилично „креативно“ ја прошируваат дефиницијата за Trash TV. Без претензии да се прави некоја ала-ЕУ црна листа, сериозни кандидати да се вбројат во ова поодбрано друштво, ТВ пандан на junk food, по лично авторско находение, би биле следниве (локално достапни) програми:

-трач-астролошките програми преку мегастарот Сабина до сите нејзини повеќе или помалку познати кло(в)нови.

-латино сапуниците.

-кро-пуниците.

-вестите на Сител под диригентската палка на маестро Млатас.

-експлоатирачките тв-квизови

-ТВ Пинк (со исклучок на вестите, кои се прилично профи сработени)

-едно 94.6% од домашните ток-шоуа

-тв-преносите од собрание

…и многу многу заслужни други кои ќе ни простат што не ги споменавме.

Надзорот без надзор

Надзорот над цивилното население според последните достапни извештаи е во значителен подем и во различни форми расте како во развиените, така и во „земјите во развој“. Формите за надзор се зголемуваат на број како и регулативите кои овозможуваат намалување на заштитата на приватноста. Црните дупки на понуденава мапа се големите браќа Кина, САД и Русија.

mapng.JPG

И нашава земја се бројува во оние кои се во подем по обемот на употреба на средствата за надзор, па по Големото уво за очекување е и развој на Големото ОкО. Иако оправдани причини за тоа во одредени сфери има, како на пример во сообраќајот, загрижува „либералната“ примена на истите по волја, како и недостаток не на регулатива, ами на свест дека тоа треба да се регулира со соодветни уредби кои ќе ги заштитат граѓаните, а дотогаш врвот на граѓанската загриженост за темава ќе биде судбината на швалерите?!?

PS: Да, да, тоа зеленкото (т.е. добро оценетото) на мапата е Грција, кој би рекол, изгледа нив повеќе ги интересира дворот на комшијата, отколку своето пучанство.

Chuck Norris for (Vice) President!

Добро, кога се мора, се мора…Значи откако мејнстрим медиумите (уште еднаш, и тоа по кој знае пат) не успеаја да ја пласираат веста на денот, повторно ќе мора блог-герилата да придојде во помош и да го направи тоа наместо оние кои се платени да го прават тоа!

Рубриката е Свет, темата е трката за претседателски кандидати на двете американски партии, а контекстот е Барак Обама (Barrack Obama) од Демократската партија и Мајк Хакаби (Mike Huckabee) од Републиканската партија на САД, на прилично изненадување на тамошната јавност, однесоа победи во една од предизборните трки во Ајова.

Ако за победата на Обама постојат повеќе интерпретации, тогаш за онаа на Хакаби нема дилеми, причината зад неа е една и единствена, дами и господа, Чак Норис (say no more).

untitled2.JPG

Нејасно е како медиумите пропуштија да информираат за подршката на Чак Норис за Хакаби. Како и да е, со ова мислам дека победникот на следните претседателски избори во САД е веќе решен, а нашите стравови од можна победа на Демократите, а со нив и на грчкото лоби во САД стануваат потполно беспредметни и целосно разрешени.

Во продолжение дел од предизборните ветувања, пардон одлуки, на Чак Норис во ресорите блиски до нас:

-Чак Норис ќе ги укине Ctrl копчињата на сите компјутери, бидејќи тој ќе биде во целосна контрола над сé.

-Чак Норис ќе го тужи MySpace за авторски права за употреба на терминот кој тој уште од ’46-а го употребува за планетава.

-Apple ќе почне да му исплаќа на Чак Норис по 99 центи за секоја песна што тој ќе ја спушти на својот I-Pod.

Гугл нема да смее да дава резултати за пребарувања за Чак Норис.

-Ќе го укине Microsoft и ќе го стандардизира својот личен оперативен систем MegaHard.

-Ќе го укине мајмунчето од емаил адресите и ќе го замени со своја лична икона.

-Ќе ја укине Теоријата на еволуцијата и ќе ја преименува во „Листа на видови на кои Чак Норис им дозволил да живеат“.

-Ќе го пензионира Uncle Sam и ќе го замени со Uncle Chuck.

Balkan Insight

From November 2007 the Balkan Investigative Reporting Network, BIRN, is transforming its award-winning publication Balkan Insight into a resource-filled new website. The new platform offers a greater range of materials to our readers and fresh opportunities to our advertisers

The www.BalkanInsight.com website contains current information from nine countries in the Balkans, and will keep its readers updated on the latest developments in the region, through regular analytical and investigative reports. It covers reforms and the transition process, business and investment trends, while a daily news service is available through the “In brief” section.

Изгледа добро, иако има добра структура, малку му фали посовремена навигација, тагови и сл. и фид (rss feed) во повеќе категории, колку што успеав да видам има само еден генерален. А, да, има и три блога во рубриката Life&Style ама за разлика од обичните стории на постовите на блоговите не се дозволени коментари.

www.BalkanInsight.com

СителТјуб

Предноста и користа на новите медиуми, и на новите комуникациски канали полека но сигурно почнуваат да ја ценат и практикуваат и нашите локални медиуми. Пред само една недела Сител ТВ направиле канал на YouTube, а на 31 ставиле две извонредни видеа со гафови од локалната сцена. Видеово одело на 31 Декември на вести, но благодарение на YouTube во изминативе 4 дена истите (таму се две) ги виделе по 3.000 луѓе, верувам дека оваа бројка ќе расте следниве денови.

Јас видеава ги најдов на Кајгана, а нив им ги кажале од Сител. Уживајте има одлични згоди и незгоди. Мој фаворит: жената што моча под дрво 🙂

Локални новинарски врвови

Знам дека е мачно да се биде новинар на 1ви Јануари и да мора да се спреми број кој треба да се појави на 2ри, ама сеа тоа е тоа, има уште еден куп други луѓе кои работат, едноставно за да може остатокот да се одмори :).

Ама некои работи не може, или подобро, не смее да останат незабележани. Еден пријател ми предочи дека вчерашното издание на Дневник, било мизерно, и бидејќи го немав видено, ме препрати на интернет да го разгледам. И меѓу многуте текстови таму, како оној со наталната карта на БЦ најдов еден кој ме потсети на секојднвните новинарски врвови во изминатата година, и ме врати во реалноста дека ни оваа нема да биде нешто подобра.

Светскиот џет-сет на забава во македонската амбасада:

За влез се барало „карта“ повеќе, а како пример се наведува случајот со новинарот Дик Кеил, инаку известувач за „Блумберг њуз“ од Белата куќа, кој добил 150 имејлови од луѓе што барале да им помогне да се најдат на списокот за забавата. Ова доволно зборува за репутацијата „најдобра забава“.

Мајко мила, имало забава во макдеонската амбасада, и вработените “рамо до рамо” биле со најпознатите “селебретис”. Од текстов објавен на 2ри јануари 2008, не дознав како дошло до ова? Кој договорил? Зошто баш тој објект бил избран? Кој од нашите бил дел? Кој е конкретниот резултат од ова? Што добро има видено/гледа макдеонскиот народ од ова? Ништо.

Наместо тоа во претпоследниот пасос дознав дека:

За жал, годинава забавата не се одржа во македонската амбасада. Проблем беа соседите. Дел од нив веројатно побарале преголема сума пари за да дадат „одобрение“ да се одржи забавата.

Епа, фала им на уредниците, новинарите и сите по ред, ама вест стара (update: СКОРО) ЦЕЛА ГОДИНА е под секоја норма и е чисто потценување на локалната читателска публика.

Истражувај и ти.